Петгодишно девојче собрало пари за оброк на над сто деца - Канал 5

Петгодишно девојче собрало пари за оброк на над сто деца

5-годишната ученичка од основно училиште во градот Виста, Калифорнија, собрала доволно пари за да им плати училишни оброци за дури 123 деца во нејзиното училиште, јавува Си-Ен-Ен.

Петгодишно девојче собрало пари за оброк на над сто деца

Кетилин Харди, ученичка во предучилишна настава во основното училиште „Бриз Хил“, ги слушнала нејзините родители како зборуваат за финансиските тешкотии со кои се соочуваат други ученици.

„Таа започна да поставува многу прашања и се обидов да и објаснам дека понекогаш луѓето не се толку среќни и дека треба да се обидеме да бидеме љубезни и да им помогнеме кога можеме“, рече нејзината мајка, Карина Харди.

Затоа, Кетилин одлучи да постави штанд на 8-ми декември, продавајќи какао, колачи и јаболка во текот на денот. Кетилин и нејзината мајка добиле 80 долари што им ги поделиле на повеќе од 100 ученици во основното училиште.

Девојчето го стори тоа со надеж дека другите ученици ќе можат да си дозволат ручек и ужина.

„Кога тоа не е случај, им кркорат цревата“, опиша Кетилин.

„Сите се многу горди и среќни, а сега и други ученици сфаќаат начини како можат да помогнат“, изјави директорката на училиштето Лори Хигли.

„Тоа покажува дека еден мал, љубезен чин на петгодишник може да биде голем и да активира многумина“, додаде таа.

Следната цел на Кетилин е да собере доволно пари за да ги плати не само оброците на нејзините соученици, туку и од соседните училишта. За да и помогне во новата мисија која е под хаштаг #KikisKindnessPrect, другите ученици и вработените во училиштето ќе отворат голем штанд во сабота и ќе продаваат какао и колачи за да соберат што е можно повеќе пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брег

Два товарни брода синоќа биле погодени од дронови во одделни инциденти во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. 

Два товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брег

Едниот кој пловел под знаме на Гвинеја Бисао потонал, а од неговиот екипаж се исчезнати 11 морнари по кои се уште се трага. Од вториот брод, кој пловел под знамето на Малта и бил погоден од три дрона, бил спасен целиот екипаж со 15 членови. .По нападите, бугарскиот премиер Румен Радев денеска се сретна со руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Радев побара да се утврди кој стои зад нападите и да се повикаат на одговорност, порачувајки дека иако Бугарија нема јасни и кочени докази за потеклото на дроновите, тој смета дека последиците и одат во прилог на Русија.

-Ова е апсолутно неприфатливо. Уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води. Не располагаме со цврсти и јасни докази за да обвиниме која било од страните, но логиката укажува на она што го изјавив, дека исходот е во корист на Руската Федерација.- Румен Радев – премиер на Бугарија

Како што соопштија од бугарската владина информативна служба, Митрофанова на средбата изјавила дека ја разбира логиката на Радев, но дека таа немала никакви информации од Министерството за одбрана на Руската федерација поврзани со последните напади во Ценото Море. Митрофанова не ја исклучила можноста нападите да претставуваат провокација од трета страна.

Со реакции излегоа и НАТО и ЕУ. Генералниот сектетар на Алијансата, Марк Руте на социјалната мрежа х напиша дека разговарал со Радев и дека НАТО ќе продолжи да соработува со сојузниците во регионот, да ја следи безбедносната состојба и да ги приспособува одбранбените мерки според потребите. Нападите ги осуди и претседателката на Европската комисија Урсула фон деј Лајен, порачувајки дека одговорните мора да сносат последици. Таа оцени дека Црното море станува нов фронт на ескалација во руската војна против Украина.

Ова е втор ваков инцидент во близина на бугарскиот брег за само една недела, откако минатата недела исто така беа погодени два трговски брода, од кој едниот потона, а десет членови на екипажот беа пријавени како исчезнати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Здружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен  конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите.

Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора.

Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира.

-Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца.

-Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски.

Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер