УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3 Витаминот Д и неговата заштита од сериозни заболувања, време е да ги проверите неговите вредности, тврдат истражувањата
МакедонијаПетгодишно дете од гостиварско се затруло со лековите на баба му, пренесено на Детската клиника во СкопјеЧетири ипол годишно дете од гостиварско Чегране завршило на Клиниката за детски болести, откако испило неколку апчиња против болки. Детето повраќало и имало неконтролирано движење. Во моментот е во стабилна состојба и ќе остане до крајот на неделата во болница, изјави д-р Реџеп Мемеди од клиниката за детски болести. Инцидентот се случил, додека мајката била на работа, детето било оставено кај бабата и дедото. Во еден момент, поради невнимание, дошло до таблети кои биле оставени на лесно достапно место и ги проголтало. Мемеди за Канал 5 објасни дека оваа е многу честа и загрижувачка состојба, кога скоро секој втор ден во неделата имаат пациенти кои се затруле со лекови од членови на нивното семејство, а лековите биле на достапни места за децата. Најчесто станува збор за мали деца кои често лековите ги мешаат со бомбони. Од клиниката за детски болести со апел до семејствата да бидат на недостапно место ставени и средствата со хемикалии кои се користат за чистење и се високо токсични, бидејќи имаат труење кај деца и со овие средства. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСи и Трамп денес разговараат за царините, ретките минерали и ВИ пред истекот на трговското примирјеПретседателот на САД Доналд Трамп го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг со прелет на воени авиони и со црвен тепих долг 30 метри на почетокот на нивниот тридневен самит во Вашингтон.Си Џинпинг денес влегува во Белата куќа на разговори со Доналд Трамп во момент кога на САД и Кина им остануваат помалку од седум недели да решат што ќе се случи со дел од привремено суспендираните царини и трговски ограничувања. Кинескиот претседател пристигна во САД во средата, а официјалната државна посета трае од 23 до 25 септември. Белата куќа потврди дека денес е предвидена церемонијата на пречек и разговорите меѓу двајцата претседатели. Trump rolls out the red carpet for Xi Jinping. https://t.co/xxpvf7tZcV — Clash Report (@clashreport) September 23, 2026 На масата се неколку прашања што директно влијаат врз светските синџири на снабдување: царините, кинескиот извоз на ретки минерали и магнети, американските ограничувања за напредна технологија и чипови, земјоделската трговија и вештачката интелигенција. Reuters наведува дека пазарите особено ќе следат дали ќе има продолжување или промена на трговските аранжмани што истекуваат на 10 ноември. Меѓу нив е суспензијата на американската дополнителна царина од 24 проценти за кинески производи и поврзаните кинески контрамерки. Кинеското Министерство за трговија потврдува дека до истиот датум се суспендирани и дел од претходно најавените извозни контроли. Тоа не значи дека на 10 ноември исчезнуваат сите други царини меѓу двете економии. Ретките минерали се можеби најчувствителната економска точка. Кина контролира до 70 проценти од светското ископување ретки земни елементи, околу 85 проценти од капацитетите за нивно преработување и приближно 90 проценти од производството на легури и магнети, според податоци на AlixPartners што ги пренесува Reuters. Таквите магнети се вградуваат во електрични и класични автомобили, индустриски мотори, електроника, ветерни турбини, воздухопловна и медицинска опрема и низа високотехнолошки производи. Вашингтон бара посигурен пристап до овие материјали, додека Пекинг бара олеснување или дополнително одложување на американските технолошки ограничувања кон кинески компании. ВИ влегува во преговорите Вештачката интелигенција е нов елемент во денешните разговори. Американскиот министер за финансии Скот Бесент по подготвителните преговори со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг соопшти дека Вашингтон предложил механизам преку кој двете држави би се известувале за сериозни инциденти со ВИ што можат да достигнат ниво на закана за националната безбедност. Според AP, идејата е да се зголеми транспарентноста меѓу двете најголеми сили во развојот на ВИ. Тоа засега е предлог и тема на разговор, а не постигнат договор. Истовремено, двете страни разговараат и за намалување на царините за одредени „нечувствителни“ производи, меѓу кои може да има земјоделски производи, стоки за широка потрошувачка, енергетски производи и медицинска опрема. Економијата, сепак, не е единствената точка. Тајван останува едно од најчувствителните политички и безбедносни прашања. Според извори на Reuters запознаени со кинеската позиција, Си се очекува повторно да го отвори прашањето за американската продажба на оружје на Тајван. Американската администрација, пак, јавно не најави промена на долгогодишната американска политика кон островот. Затоа секое соопштение по средбата ќе треба внимателно да се чита за да се разликува дали станува збор за конкретна промена, политичка изјава или само продолжување на разговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаСиљановска-Давкова: Со љубов многу нешта можат да се надминат, ублажат или подобратПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер, во Народната канцеларија во Скопје се сретна со лицата со Алцхајмерова болест и членовите на нивните семејства на настанот „Алцхајмер Матине – она што останува: љубов, емоција, емпатија“, организиран од Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, по повод месецот на Алцхајмеровата болест. На настанот присуствуваа и се обратија и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Сашо Клековски и претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни. Во своето обраќање, претседателката најпрво им посака добредојде на лицата со Алцхајмерова болест во Народната канцеларија, како дом на граѓаните и им изрази благодарност на нивните најблиски за грижата за нив. Таа го сподели искуството на колешка и нејзина инспирација во правната професија од Швајцарија, која, и покрај Алцхајмеровата болест, отворено и гласно застанала на македонската страна, бранејќи ги правото, правдата и етиката. Укажувајќи на огромниот напредок на медицината во справувањето со оваа болест, претседателката сепак ја истакна важноста на подршката на блиските со кои болниот може да ги сподели болката и надежта. „Зборот, насмевката, звукот, гестот, љубовта, со еден збор, имаат незаменливо лековито дејство“, истакна претседателката. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска рече дека на настанот не дошла како министерка, туку како човек кој одблизу се соочил со болеста. Споделувајќи го личното искуство со сопругот, зборуваше за тешките моменти низ кои поминуваат болниот и неговите најблиски. Таа изрази поддршка за лицата и семејствата кои се соочуваат со болеста, нагласувајќи дека и во иднина ќе биде со нив и ќе ги поддржува. Министерот за здравство, Сашо Клековски ја истакна потребата од долгорочна грижа за лицата со деменција и поголема институционална поддршка за нивните семејства, посочувајќи на новите можности за третман и забавување на болеста. „Мораме сè повеќе да размислуваме како да им овозможиме нституционална поддршка на семејствата, за овој период од животот подобро да го организираат и пребродат“, рече Клековски, изразувајќи поддршка за напорите на лекарите и здравствените работници во подготовките за подобра грижа за сите. Претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни, ја нагласи потребата од рана и навремена дијагноза, современа терапија и организирана грижа по поставувањето на дијагнозата. Таа посочи дека Aлцхајмеровата болест не го засега само лицето со дијагноза, туку целото семејство, кое честопати останува само во справувањето со бројните предизвици. „Ако ги обединиме науката, добрите темели во здравството и образованието и ако на сето тоа додадеме љубов, човечност и емпатија, сигурна сум дека ќе направиме систем во којшто сите семејства кои се соочиле со деменцијата ќе живеат малку подобар живот и покрај болката и страдањето што ги носи болеста“, порача Новотни. Настанот беше можност да се истакне значењето на поддршката за лицата со Алцхајмерова болест и нивните семејства, како и потребата од поголема општествена свест, разбирање и солидарност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност, во Берово утринска - 2Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -2 Берово, 0 Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, 3 Скопје-Петровец, 4 Тетово, Охрид, Прилеп, Штип, Демир Капија, Крушево, 5 Куманово, Велес, Виница, Струмица, 6 Претор, Кавадарци, 7 Скопје-Зајчев Рид, 12 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50