Петгодишен херој : Го спасил семејството од пожар, , двегодишната сестричка ја изнел низ прозорец (ВИДЕО) - Канал 5

Петгодишен херој : Го спасил семејството од пожар, , двегодишната сестричка ја изнел низ прозорец (ВИДЕО)

5-годишно момче од Џорџија, САД, се разбудило во спалната соба што горела, но не испаничил и со неговите постапки се спасило целото семејство.

Петгодишен херој : Го спасил семејството од пожар, , двегодишната сестричка ја изнел низ прозорец (ВИДЕО)

Ноа Вудс е прогласен за почесен пожарникар и денес ќе добие ретко признание за неговиот херојство. Ноа е еден од осумте членови на семејството што спиело во нивниот дом во округот Бартоу во неделата, кога се разбудил во чад и пламен во спалната соба што ја делел со својата двегодишна сестра.

Скокнал од кревет, ја грабнал својата сестра и ја изнел преку прозорецот , јавува Си-Ен-Ен. Но, не застанал тука - се вратил во куќата за да го однесе семејството и кучето на безбедно. Потоа се упатил кон куќата на неговиот чичко (кој бил нивен сосед) за помош, и заедно го алармирале остатокот од семејството.

Неговиот чин е наречен вонреден од пожарникарите. Тие велат дека пожарот бил предизвикан од преоптоварен штекер во собата на момчето. Кога пристигнале пожарникарите, Ное и четворица членови на семејството добиле помош поради помали изгореници и вдишување на чад.

„По благодат Божја, сите девет наши најблиски успеаја да излезат од куќата“, напиша дедото на момчето, Дејвид Вудс, на платформата GoFundMe. „Да не беше тој, немаше да бидеме денес тука“.

YouTube video

Поради уништениот дом, семејството побарало помош од заедницата додека не застане на нозе, а за нивниот дом досега се собрани повеќе од 16.000 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер