Петчлена банда од Бугарија ограбила 60 милиони евра преку социјална помош во Британија

Петмина членови на бугарска криминална организација во Лондон се осудени за измама, која Крунското обвинителство ја опишало како најголема финансиска измама во Англија и Велс.

Во период од четири и пол години, група од три жени и двајца мажи поднеле илјадници лажни барања преку Универзалниот кредитен систем, институција која врши месечни исплати на невработени, користејќи идентитети на различни луѓе.

Сите обвинети пред лондонскиот суд „Вуд Грин Краун“ признале дека украле повеќе од 50 милиони фунти (58 милиони евра) и се изјаснија за виновни за измама.

Признале и дека сториле кривично дело перење пари, јавува Би-Би-Си.

Овие тврдења беа поткрепени со низа фалсификувани документи, вклучувајќи фиктивни договори за закуп, фалсификувани ливчиња и фалсификувани писма од сопственици, работодавци и општи лекари.

Од Државното обвинителство тврдат дека доколку им било одбиено барањето за бенефиции, групата се обидувала повторно додека не им било одобрено.

Истрагата идентификувала три „фабрики за привилегии“ во областа Вуд Грин во северен Лондон од каде потекнуваат фалсификуваните документи неопходни за бенефиции.

Компаниите тврделе дека им помагаат на луѓето да добијат број на осигурување и бенефиции што им следуваат.

Но, било откриено дека откако ќе бидат поднесени барањата за социјална помош преку овие три извори, тие ќе го препуштат понатамошниот процес на организирана криминална група.

Откако ќе се подигнат побарувањата, парите се переле околу бројни банкарски сметки или биле подигнати во готовина.

Специјалниот обвинител на Крунското обвинителство, Бен Рид, рече дека случајот е „најголемото гонење за измама што некогаш било изведено пред судовите во Англија и Велс“.

„Обвинетите се заговарале да извршат измама во индустриски размери против Универзалниот кредитен систем. Со поднесување илјадници лажни тврдења, организираните криминалци се збогатија од владините фондови дизајнирани да ги заштитат и да им помогнат на најранливите луѓе во нашето општество“, рече Рид.

Одделот за работа и пензии (DWP) соопшти дека бандата украла 53,9 милиони фунти (61 милион евра) користејќи „софистицирана комбинација на легитимни документи за идентификација и лажна документација за да изгледа дека имаат право на бенефиции, а тие немаат“.

Еден од членовите на бандата, Али, побегнал во Бугарија откако бил ослободен под мерки на претпазливост од полицијата, а подоцна бил екстрадиран назад во Британија.

Петмината бугарски државјани ќе се појават на суд на 28 мај за да им биде изречена казна.

Дали Ердоган ги штити терористите- над 1.000 припадници на Хамас се лекуваат во турски болници

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (70) изјави дека повеќе од 1.000 членови на милитантната палестинска организација Хамас, која многу земји ја сметаат за терористичка група, се лекуваат во болниците низ Турција.

Ердоган, како што пренесува „Гласот на Америка“, го ревидирал својот став дека Хамас е „движење на отпорот“.

Турски функционер набрзо се огласи и појасни, велејќи дека претседателот погрешил и мислел дека луѓето од Појасот Газа се лекуваат во болниците во Турција.

„Ако го наречете Хамас терористичка организација, тоа ќе нѐ растажи“, рече Ердоган по состанокот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Анкара.

Токму Мицотакис, зборувајќи за војната во Израел, го нарече Хамас терористичка организација, што очигледно го погоди Ердоган:

„Не мислиме дека Хамас е терористичка организација. Повеќе од 1.000 членови на Хамас се лекуваат во нашите болници“, рече турскиот претседател.

Сепак, турски функционер кој сакал да остане анонимен, појаснил дека претседателот генерално мислел на Палестинците од Појасот Газа, каде што Хамас е на власт, наместо на самите членови на оваа милитантна група.

„Претседателот се изрази погрешно, мислеше на 1.000 жители на Газа кои се на лекување, а не на членовите на Хамас“, рече тој.

Агенцијата Ројтерс неуспешно се обиде да го утврди потеклото, односно кои се Палестинците кои се лекуваат во Турција. Во ноември минатата година, властите во Анкара објавија дека помагаат да се евакуираат десетици ранети или повредени жители на Газа, вклучително и голем број заболени од рак и нивни придружници, откако Израел започна копнена офанзива на оваа палестинска енклава.

Наоми Кембел блесна на црвениот тепих во Кан- сите зборуваат за нејзиниот фустан (ФОТО)

 Многу ѕвезди се појавија за премиерата на Furiosa: A Mad Max Saga на Канскиот филмски фестивал. 

Меѓу нив беше и супермоделот Наоми Кембел. На црвениот тепих прошета во смела модна комбинација. Таа носеше црн фустан со прерамки со мониста. Фустанот има проѕирни делови, поради што долната облека на Наоми стана видлива.

Наоми овој пат сама прошета на црвениот тепих. Во последните неколку месеци, Наоми наводно се зближила со филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки и биле видени заедно на неколку настани. Но, Мохамед го прескокна Кан.

Furiosa: A Mad Max Saga беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал. Во него, меѓу другите, играат и Крис Хемсворт, Ања Тејлор-Џој и Том Бурк.

Се чинеше дека публиката го сака новиот акционен филм, а екипата доби неверојатни шестминутни овации. Ања беше пресреќна од реакцијата на толпата, додека Крис изгледаше многу емотивно.

„Работевме многу напорно на овој филм и ќе биде интересно да видиме што ќе направите од него. Ви благодариме“, изјави режисерот Џорџ Милер по премиерата.

Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони со писмо до косовскиот премиер Албин Курти.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) претставува „цврст модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојната најдобра практика во Европа“.

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во СЕ, доколку не започне со формирање на ЗСО.

„За жал, чекорите што ги предлагате не се однесуваат на итната потреба од решителни чекори кон формирањето на Заедницата и ризикуваат дополнително да го поткопаат дијалогот што го води ЕУ. Прво, нацрт-статутот што го презентираше специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак не е само „џентлменски предлог“ туку тоа е солиден модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојните најдобри практики во Европа, како и уставната и правната рамка на Косово. Уште еднаш нагласуваме дека не сакаме нефункционално Косово“, се наведува меѓу другото во писмото.

Лидерите на трите земји нагласуваат дека ЗСО, како што е предложена од ЕУ, „во никој случај не е споредлива со Република Српска“.

„Второ, поднесувањето на овој нацрт до експертите на Советот на Европа не би бил неопходен одлучувачки чекор, бидејќи нивното мислење нема да биде правно обврзувачко. Тоа може да се постигне само со испраќање до Уставниот суд на Косово, за да да биде прифатлив за тој суд, како што беше објаснето во Брисел, во дијалогот што ја води ЕУ, нема правни пречки да се направи овој чекор на општините, не е ниту соодветна ниту применлива, поради актуелните околности во овие општини“, се продолжува во одговорот на европската тројка до косовскиот премиер.

Писмо било испратено еден ден пред писмото на Владата да биде упатено до претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, во кое се наведува дека Владата подготвува нацрт на статутот на Заедницата на српски општини, што ќе биде испратен до Уставниот суд на Косово до крајот на мај.

притисни ентер