Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување
2Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
2„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
3Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“
Други спортовиПетар Заборски освои златен медал на европската УниверзијадаНов европски универзитетски карате првак е Петар Заборски од скопски „Макпетрол“. Во финалето во категоријата под 75 килограми на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, тој славеше со 2-0 против Константин Јаненко од Украина. За студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова е втор златен медал во третото студентско финале. Во Коимбра, Португалија, 2015 година, тој освои златен медал, а во Загреб 2017 се закити со сребрено одличје. Членовите на карате-клубот „Макпетрол“, Давид Петков и Петар Спасеновски, исто така, освоија медали на реномираниот спортски собир во Хрватска. И Петков и Спасеновски се закитија со бронзени признанија во своите категории. На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, што се одржа во Загреб, учествуваат 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави. Освен во карате, се одвиваат натпревари и во џудо, таеквондо и кикбокс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛекарот кој се жалеше на дискриминација започна протест со глад пред Медицинскиот факултетДокторот кој неодамна се жалеше дека во нетранспарентна постапка три пати бил одбиен на оглас за вработување, го започна најавениот штрајк со глад. 45-годишниот Дарко Василевски, општ лекар и специјализант на Институтот за физиологија, сега кампува пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје додека како што вели, надлежните институции не направат увид во начинот на кој се вршела сеелкцијата. Василевски тврди дека е дискриминиран и поради возраста, условите вели ги исполнувал, а најавува и дека ќе штрајкува до крај. Во текот на денот ќе се сместел и во шатор пред факултетот. – Бидејќи не е првпат да се случува истиот начин на селекција и вработување на кандидати, туку е ова мое трето учество на конкурсот. Се решив на овој радикален чекор откако претходно во отворено писмо ги повикав Деканатот, Министерството за образование и за здравство да се изјаснат и да ги проверат начините на којшто се врши селекцијата на кандидати, меѓутоа веќе 15 дена од никого не добив никаков одговор и тоа што го најавив го започнувам од денес. До кога планирате да штрајкувате? До крај, а крајот што ќе значи не знам,- - изјави Дарко Василевски, општ лекар и специјализант . Министерот за здравство Сашо Клековски за случајот со Василевски објаснува дека не е надлежно министерството со кое тој раководи, бидејќи дека Василевски бара работа на медиционскиот факултет и вели дека тоа е надлежност на министерството за орбазование. Клековски го повика и докторот доколку навистина ги исполнува условите , да аплицира на друг активен оглас за специјализанти. – Во моментот ние работиме на втората група од листата специјализанти кои треба да бидат вработени во јавното здравство и доколку докторот се пријави за таа група и ги исполнува условите ќе биде примен во делот на јавно-здравствените установи, меѓутоа медицинскиот факултет е во надлежност на Министерството за образование. изјави Сашо Клековски, министер за здравство. Од Министерството за образование исто така се прогласија за ненадлежни. Оттаму велат дека процесот за вработување на медицинскиот факултет оди преку самата установа. Од Деканатот на медицински пак ги негираат обвинувањата на Василевски за нетранспарентност и дискриминација во однос на години – велат дека целиот конкурс поминал транспарентно и дека на крај биле избрани најдобрите кандидати кои ги исполнувале сите услови. Василевски е доктор по општа медицина, кој се уште ја завршува специјализацијата по спортска медицина, а кој за Канал 5 вели дека долги години работел во приватното здравство и дека поседува работно искуство. Василевски најави дека вечерва ќе го постави и шаторот, а додека не се реши неговиот проблем, вели дека нема да престане со штрајкот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекувањеПетмина лекари интернисти од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола ќе одговараат за несовесно лекување на 40-годишна пациентка која во јуни 2024 година починала по тешко влошување на здравствената состојба.Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против интернистите за тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинението, тие се товарат дека во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година не ја утврдиле вистинската здравствена состојба на пациентката и не презеле соодветни дијагностички и терапевтски мерки. „Во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година, лекарите пропуштиле навремено да ја дијагностицираат и третираат состојбата на пациентката. Таа првично се јавила во болницата со упат од матичен лекар под сомнение за тромбофлебитис, односно воспаление на вените. Сепак, без детални анализи и целосна анамнеза, лекарите ѝ поставиле погрешна дијагноза, ревматоиден артритис, и ја пуштиле на домашно лекување“, соопштија од ОЈО Битола. Според Обвинителството, со ваквиот пристап била пропуштена реална можност навреме да биде откриен тромботичниот процес, да започне соодветно лекување и да се спречи неговото понатамошно напредување. Случајот датира од крајот на мај и почетокот на јуни 2024 година. Четириесетгодишната пациентка првпат побарала помош во битолската болница на 28 мај, со сомнение од матичниот лекар за воспаление на вените, но била дијагностицирана со ревматоиден артритис и пуштена дома. Само неколку дена подоцна, на 1 јуни, повторно се вратила во болницата со силни болки во стомакот и значително влошена општа состојба. Овојпат била хоспитализирана. Според обвинението, и покрај абнормалните лабораториски и биохемиски резултати, во следните четири дена не биле направени дополнителни испитувања за да се утврди причината за влошувањето и да се одреди соодветна терапија. Состојбата продолжила да се влошува, а попладнето на 4 јуни пациентката побарала помош во приватна клиника во Скопје. Таму итно била оперирана, при што лекарите констатирале тромбоза на горната и долната мезентерична артерија и комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Болеста веќе била во напредната фаза и состојбата била оценета како неоперабилна. Пациентката починала следниот ден, на 5 јуни 2024 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаНа универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 53 илјади студентиНови почетоци, нови амбиции, но и прашање кое за многумина е клучно во годините што претстојат – што ќе им донесе академскиот живот? На платото на УКИМ свечено беше означен почетокот на новата академска година, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование Весна Јаневска. За бруцошите – пораки за знаење, истрајност и искористување на можностите што ги носат студентските години. Но, покрај факултетот, испитите и дипломата, бруцошите и годинава се исправени пред важен предизвик – дали својата иднина ја гледаат во Македонија или надвор од неа. Дали по завршувањето на студиите планирате да останете во Македонија или би заминале во странство? На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се обрати и премиерот Христијан Мицкоски. Неговата порака до бруцошите – каде и да ги однесе образованието и животот, да се вратат дома. „Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде таму далеку од овде е подобро и дека таму е сѐ поинаку отколку тука дома.Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. / Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот.“ – Христијан Мицкоски. Околу 13 илјади бруцоши денеска го започнаа своето високо образование на универзитетите низ земјава, отворајќи ново поглавје во своето образование. Тагови: студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook