3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
КултураПетар Мирчевски – добитник на наградата за животно дело „4 Ноември"Горд сум што можев на својот мајчин македонски јазик, насекаде во светот да го промовирам мојот матичен театар, вели битолскиот актер Петар Мирчевски добитник на награда за животно дело „4 Ноември".Актерската приказна на Петар Мирчевски-Пепи почнува во 1979 година кога како гимназијалец се зачленува во драмската секција на гимназијата „Јосип Броз Тито" во Битола, а корените, никнуваат истата година на младинската сцена во битолскиот театар. Неговата успешна кариера во театарот и филмот, неодамна беше наградена со највиското признание на Општина Битола, наградата за животно дело „4 Ноември". – Горд сум што можев на својот мајчин македонски јазик,насекадево светот да го промовирам мојот матичен театар, мојот град Битола и мојата земја Македонија, истакна актерот на Народниот театар-Битола, Петар Мирчевски по добивањето на наградата за животно дело „4 Ноември". Највиското признание на доајенот на македонското глумиште Петар Мирчевски му беше доделено за неговиот придонес во создавањето на заштитниот квалитативен знак на битолскиот театар, за креирањето на репертоарската политика, за создавање на нови млади актерски кадри… – Благодарам на публиката која секогаш ме поддржува и мотивира. Ви се поклонувам. Чест ми е што го добивам ова високо признание за животно дело. Благодарам на моето семејство од кое секогаш имам голема поддршка, но и на мојот театар, на мојот град Битола и на моите битолчани. Посебна благодарност до битолската публика која ме следеше сите овие 42 години низ моите театарски, телевизиски и филмски остварувања. Секогаш ме бодреше, поддржуваше и мотивираше да истраам во тоа што го работам, посочи Мирчевски бурно поздравен со долготраен аплауз награден во новиот Офицерски дом во Битола. Богата кариера, главни улоги и театарски претстави што долго се паметат Петар Мирчевски-Пепи на штиците што живот значат одиграл над 160 премиерни претстави. Мирчевски е првиот македонски Сирано во „Сирано де Бержерак" за што во 1991 година од тогашен „Екран" ја добива наградата актер на годината, тој е Санчо Панса во Булгаковата пиеса „Дон Кихот", а неговиот професионален артизам со посебна филозофија, со умешноста за создавање на живи и духовити карактери добија свое целосно заокружување, свој индивидуален печат во делата на Шекспир, „Хамлет" и „Ноќ спроти Водици" каде ги толкува ликовите на Полониј и Малволио, а насловна улога игра и во претставата „Розенкранц и Гилдерстон се мртви" од Том Стопард во режија на Никита Миливојевиќ. Пепи во 2013 година настапува токму во разрушениот Офицерски дом во Битола, во запуштената сала која од неодамна повторно блеска со својот сјај и во која Мирчевски ја доби наградата на градот Битола за животно дело. Амблемски ролји на овој актер се евидентирани и на сцените на други театри во земјава, а најчест гостин е на сцената на Народиот театар „Војдан Чернодрински" во Прилеп. Неговата несомнена висока репутација на еден од водечките актери и вонсериски таленти кај нас дојдоа како резултат на импозантниот број успешни актерски дострели. Затоа Петар Мирчевски-Пепи е баран соработник, затоа Пепи е стожер во крупни театарски проекти, и затоа улогите во претставите се незаборавни, како на пример ликот на Агамемнон во „Геноцид", претстава која во 2015 година ја режираше Љубиша Ѓоргиевски. – Моето темпо и во моментов не е намалено. За два дена почнувам со подготовките за учество во претставата „Патувачки театар Шопаловиќ" во режија на Љупчо Ѓоргиевски, во најава е една серија и други уметнички проекти. Тоа доаѓа по една пауза предизвикана од актуелната пандемија од која и ние не бевме имуни на ова што околу нас се случува. Минатата година бевме принудени да работиме камерни претстави но никогаш не застанавме, а потврда за тоа е што битолскиот театар работеше ангажирано и верувам дека повторно ќе се врати времето на т.н. ансамбл претстави, вели Мирчевски. Петар Мирчевски на филмското платно Петар Мирчевски, актерот од Битолскиот театар е чест гостин на малите екрани и на филмското платно. Почетоците се поврзани со телевизиските серии „Патот кон иднината" и „Наши години", а неговото прво учество во филм е во 1985 година кога настапува во македонскиот телевизиски филм „Трговецот од Солун" режиран од Душко Наумовски. Од тогаш, до денес бројни се улогите на филмското платно, најбаран е од режисерот Милчо Манчевски кој го нарекува „македонскиот Роберт Де Ниро" кој му доверува улоги во филмовите „Пред дождот", „Прашина", „Сенки", „Мајки" и „Врба", три улоги добива во филмовите на режисерот Дејан Јаќимовиќ, на покана на Емир Костурица настапува во филмот „На млечниот пат" каде е во друштво со акерката Моника Белучи, но Пепи настапува и во три филма на Теона Митевска, а незаборавни се епизодите во турската серија „Збогум Румелија". Во последниов период Мирчевски настапи во три филмски проекти, и тоа играниот филм „Лена и Владимир" во режија на Игор Алексов, „Мими" во режија на Даријан Пејовски и филмот „Кајмак" каде повторно соработува со режисерот Милчо Манчевски. Но, тој со подеднакво задоволство скоро една деценија ја врши и функцијата селектор на Интернационалниот фестивал на Монодрама во Битола. – Да се биде селектор на Интернационалниот фестивал на монодрама е една од вистинските, убавите задачи што ми ги донесе мојата професија. Овој фестивал е толку многу посебен, толку многу надвор од рамките на програмските насоки на било кој друг театарски фестивал, толку многу отпорен на општествените промени или уметнички парадигми. Фестивалот на монодрамата во Битола има светски контекст, носи уметнички и културален сензибилитет кој јас како селектор успевам да го артикулирам преку новодефинираните театарски тенденции, посочув Мирчевски. Награди за животно дело, фестивалски признанија и други одличја Актерот Петар Мирчевски освен од Општина Битола, награди за животно дело доби од Здружението на драмски уметници „Петре Прлчико" од Велес кое му ја додели истоимената награда, а во 2019 година награда за животно дело „11 Октомври" му додели и Собранието на Македонија. Мирчевски е добитник на наградата „Златна маска" на фестивалот „Охридско лето", како и други фестивалски награди и признанија во државата и странство. За наградата што неодамна ја доби во Битола возврати со засадување дрвце во Алејата на наградените битолчани за животно дело што се наоѓа во Градскиот парк во Битола. – Чест ми е што и моето име ќе се наоѓа во Алејата на добитниците на наградата за животно дело „4 Ноември" и дрвцето што го засадив сакам да расте, да се развива и раззеленува. Тоа го посакувам и за нашиот град Битола! /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКако клима-уредот да ви троши најмалку, а да го загрева цел стан?Подобро веднаш да ја наместите температурата што ви е пријатна, наместо да клима-уредот да го поставите на максимум, а подоцна да намалувате.Кога температурите наесен почнуваат да опаѓаат, но сè уште нема потреба од целодневно греење, инвертер-клима уредот може да биде практичен начин за затоплување на просторот. Поставувањето на температура од околу 21 °С во режимот за греење („HEAT“) може да биде добро за многу домаќинства. Сепак, не постои единствена поставка за температура што гарантира најниска потрошувачка на енергија за секое домаќинство. Ефикасноста зависи од големината на просторијата, надворешната температура, како и моќноста и степенот на енергетска ефикасност на уредот. Грешка е веднаш да го поставите клима уредот на 30 степени. Многу луѓе веруваат дека просторијата ќе се загрее побрзо ако клима- уредот веднаш се постави на 28 или 30 степени. Меѓутоа, кај инвертер-уредите, повисоката целна температура не мора да значи и побрзо загревање. Клима-уредот се обидува да ја постигне зададената температура, па изборот на превисока вредност може да предизвика уредот да работи со висок интензитет подолг временски период. Затоа, подобро е веднаш да ја поставите температурата на пријатно ниво, наместо да ја поставувате на максимум и подоцна да ја намалувате. Како можете да ја намалите потрошувачката на енергија во преодниот период? Колку е поголема разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура, толку повеќе енергија троши уредот за да ги одржува посакуваните услови. Ова ги прави инвертер уредите особено практични во текот на есента, кога надворешните температури сè уште не се екстремно ниски. Откако ќе се постигне дадената температура, компресорот на инвертерот може да го намали интензитетот на работа и да се прилагоди на моменталните потреби на просторијата. Ако го користите клима- уредот поголемиот дел од денот, честото рачно вклучување и исклучување не мора да биде најдобриот начин за заштеда на енергија. Во многу ситуации, попрактично е уредот да одржува релативно стабилна температура. Важна е и положбата на крилцата за насочување на воздух При греење, корисно е да се обрне внимание на насоката на струењето на воздухот. Бидејќи топлиот воздух природно се крева нагоре, насочувањето на крилцата малку надолу може да помогне топлината порамномерно да се распореди низ просторијата, наместо поголемиот дел од топлиот воздух да се собира близу до таванот. За секојдневно греење можете да ја користите и автоматската поставка на брзината на вентилаторот, доколку вашиот модел на клима-уред ја поддржува таа опција. Валканите филтри можат да ја отежнат работата Потрошувачката на енергија не зависи само од поставките на далечинскиот управувач; валканите филтри можат да го намалат протокот на воздух и да ја попречат ефикасноста на уредот. Затоа, треба редовно да се чистат во согласност со упатствата на производителот. Освен тоа, лошата изолација, значителната загуба на топлина низ прозорците и вратите, или клима-уред со недоволен капацитет за просторот што се загрева, можат да ја зголемат потрошувачката на енергија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook