КултураПетар Горко актер на годината!Редакцијата на весникот „Дневник“ го избра Петар Горко за Актер на годината во 2012-та, за улогата на Хенри Шести во истоимената претстава на Народниот театар-Битола. Наградата (статуетка и вредносен чек од 60.000 денари) на Горко свечено ќе му биде врачена задутре во 20 часот во Македонскиот народен театар, а во негова чест ќе биде изведена претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов. Петар Горко играше во третиот дел од трилогијата на Шекспир „Хенри Шести“ со која неговиот матичен, Битолски театар, во мај 2012 настапи на фестивалот „Светот за Глоуб“ на кој, во рамки на Културната олимпијада во Лондон, беа изведени сите 37 драми на Шекспир на исто толку различни јазици. Горко ја оживеа насловната улога на добриот и нерешителен крал-верник, кому му пресудува подмолниот мечтател за круната Ричард. Во обновениот Шекспиров театар Глоуб, но со автентичен лик и конструкција како оригиналниот од 16/17 век, битолските актери го раскажаа на македонски јазик третиот дел од историската драма за граѓанската или Војна на розите (црвените и белите) во средновековна Англија и за борбите за превласт меѓу династиите Ланкастар и Јорк. Првите два дела од трилогијата, режирана од Американецот Џон Блондел, ги одиграа театрите од Белград и Тирана. Македонскиот дел беше највисоко оценет од рецензијата на британски „Гардијан“. - Претставата ги освои срцата и на критиката. Беше именувана како „инспиративна“, „бистра“, „стилска“ и „жизнерадосно инвентивна“. Нашиот Горко предизвика универзално одушевување и одобрување. Сцените на Хенри кон крајот на првиот чин беа изведени мудро и елоквентно донесени. Со тоа се согласи и престижниот „Гардијан“. Во својата анализа на настапот на битолчани, рецензентот вели тоа е „храбра продукција, со убави режисерски решенија и со добра глума на сите актери, каде што со стихот се владее суверено и прецизно, со до милилитар пресметана доза на хумор и иронија во мрачниот текст“, наведува „Дневник“ во образложението за наградата „Актер на годината“. До настапот на Битолски, драмата „Хенри Шести“, која е од раното творештво на Шекспир, не била изведена во Лондон дури ни на англиски јазик. По повод гостувањето, ова дело на Шекспир првпат беше преведено на македонски јазик од проф. Драги Михајловски. „Дневник“ ја востанови наградата „Актер на годината“ пред две години и ја доделува за најдобро актерско остварување. Прв лауреат, за 2010-та, беше актерот Дејан Лилиќ за улогата на „Хамлет“ во истоимената претстава на Драмски театар-Скопје. Награден за „Актер на годината“ во 2011-та беше Рубенс Муратовски за улогата на кралот Агамемнон во претставата „Геноцид 21“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44