Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
1Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
3Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и близу 3 милиона преноќувања заклучно со месец август за 2026 година
РецептиПет знаци дека имате здрава столица – Сè што не сте се осмелувале да го прашате вашиот лекарВреметраењето на големата нужда и обликот на столицата се многу важни. Иако многумина сметаат дека е срамно да се зборува за столицата, особено за бројот на столици дневно, бојата или обликот, еве некои детали кои се од голема важност за вашето здравје. Според гастроентерологот Никет Сонпал, важно е и колку хартија користите после оваа физиолошка потреба. Всушност, тоалетната хартија би требало да биде чиста по бришењето. Ако ситуацијата е „неуредна“ или морате да користите куп хартија, тоа може да укажува дека имате премногу мека столица. Причина за тоа може да биде исхраната: нетолеранција на одредени видови храна, стрес или нерамнотежа во микробиомот, односно нарушен сооднос на добри и лоши бактерии во цревата. Првата работа на која треба да обрнете внимание е бојата. Кафена боја Столицата би требало да има изедначена боја. Здравата столица е со кафена боја, од посветла до потемна нијанса, слично на земјата – нагласува Сонпал. Ако вашата столица има зелена, бела, жолта црна или црвена боја, тоа е знак дека треба да појдете на лекар, наведува „Мејо“ клиника. Ни премногу тврда, ни премногу мека Столицата не би требало да биде ни премногу тврда, ни премногу мека. Исто така, не би требало постојано да има несварена храна. Повремено, несварената пченка не е проблем, но ако тоа е постојано случај, може да значи дека вашето тело не ги ресорбира доволно хранливите материи – вели докторот. Тоне и не се осеќа премногу Кога столицата лебди, тоа значи дека има премногу масти и дека цревата се потенцијално оштетени – објаснува д-р Сонпал. Причината може да биде: мала апсорпција (слабо усвојување на хранливите материи), вишок гасови, инфекција на дигестивниот тракт, воспаление на панкреасот. Ниту е премногу тенка, ниту премногу долга Дали долгите столици се здрави? Некогаш да, но кога се истовремено долги и изразито тенки, тоа може да биде знак за стеснување/зачепување на цревата. Повремено тенка столица не е причина за грижа, но ако тоа е постојано присутно, лекарот може да би препорача колоноскопија. Здравата столица не бара големо напрегање. Не би требало да постои болка и голем напор – вели д-р Сонпал. Ако забележите мали, суви топчиња, веројатно имате запек и треба да внесувате повеќе растителни влакна и вода. Празнењето на цревата не би требало да трае долго, обично од 10 секунди до минута, а максимално 5 минути. Нормално е да имате столица и до трипати дневно, ако не е болна и премногу течна, пренесува Мондо. Совети за здрава столица Покрај следењето на столицата, може да го направите и следново: внесувајте доволно растителни влакна: 25-30г. дневно (овес, јаболко, зелка, брокули...) пијте доволно вода, вклучете храна богата со вода, лубеница, краставица... бидете физички активни: 30 минутно пешачење дневно го подобрува варењето земајте пробиотици, содржат добри бактерии и ја олеснуваат опстипацијата намалете го стресот, медитирајте, вежбајте јога и практикувајте вежби за дишење. Ако ништо не помага, а симптомите траат, посетете го вашиот лекар! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на МакедонијаВо овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“ Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде: „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на КиненоваТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него. -Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер. Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм. Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови. Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКапитенот на Челзи го оперираше коленото,клубот издаде официјално соопштение !Капитенот на англискиот фудбалски великан, Челзи, Рис Џејмс, успешно беше подложен на помал хируршки зафат на коленото, потврди лондонскиот клуб во официјално соопштение. Тој го пропушти првенствениот натпревар и убедливата победа на „сините“ над Борнмут. Дваесет и шестгодишниот десен бек го пропушти првенствениот натпревар – во кој „сините“ остварија убедлива победа од 5:1 против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ – додека траеја деталните медицински прегледи за повредата здобиена за време на тренинг. Дополнителните прегледи од страна на медицинскиот тим на клубот потврдија дека операцијата е единственото неопходно решение за санирање на проблемот со коленото. „Рис веќе го започна процесот на закрепнување и во оваа фаза од рехабилитацијата ќе ја има целосната поддршка од медицинскиот тим на клубот во тренинг-центарот ’Кобем‘. Сите во Челзи му посакуваат на Рис брзо закрепнување и ќе го поддржат на неговиот пат кон враќање на теренот“, соопштија од англискиот гигант. Иако клубот не прецизираше колку точно ќе отсуствува капитенот, се очекува текот на рехабилитацијата да покаже кога точно англискиот репрезентативец повторно ќе ѝ биде на располагање на стручниот штаб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26