3Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
ЗдравјеПет работи кои секојдневно ве прават среќниМали, но важни нешта кои секојдневно ве исполнуваат.Среќата на жената не се темели на големите и ретки моменти, туку на малите секојдневни нешта кои ја исполнуваат со енергија, ѝ ја враќаат насмевката и ѝ даваат чувство на вредност. Секоја жена е посебна, но постојат универзални ситници кои речиси на секоја ѝ носат внатрешен мир, радост и чувство дека живее исполнето. Ова се пет работи кои најчесто жената ја прават среќна. Чувството дека се грижи за себе Жената е среќна кога во денот има макар неколку минути за себе. Тоа може да е утринско кафе во тишина, кратка прошетка, читање книги, маска за лице или средување на нокти. Ситните ритуали на нега ѝ ја враќаат енергијата и ја потсетуваат дека заслужува нега подеднакво колку што ја дава на другите. Љубов и поддршка од блиските луѓе Жената цвета кога знае дека е сакана и прифатена. Топла прегратка, искрен разговор, интересна порака, или партнер кој е присутен кога е јака и кога е ранлива, сето тоа создава чувство на сигурност. Емоционалната поврзаност е една од најважните работи за секојдневна среќа. Чувство на смисла и личен напредок Жената е среќна кога чувствува дека расте. Тоа не мора да е голема животна промена, понекогаш е доволно да научи нешто ново, да го заврши планираното, да постигне мала цел или да работи на својот сон чекор по чекор. Секој напредок, без оглед на големината, ѝ дава сила и самодоверба. Мир и емотивна рамнотежа Жената е вистински среќна кога ќе го пронајде својот внатрешен мир. Тоа може да е здивнување после хаотичниот ден, длабок сон, слушање на омилената музика или неколку минути повлекување во својот мал свет. Кога таа чувствува мир, сè делува полесно и изгледа можно. Ситни секојдневни радости Жената ужива во мали нешта: цвеќе, нова фризура, вкусна храна, уреден простор, убав фустан или комплет, чувство дека изгледа и се чувствува добро. Овие мали радости можеби се чинат обични, но токму тие ѝ го прават денот посебен. Што ве чини вас среќни? Какви ситници ве радуваат? Имате ли одредени нешта кои ви изнудуваат насмевка? Пишете ни во коментар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интересиЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата. Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци. Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата. Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок. Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии. Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите. Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници. Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии. Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници. Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава. Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака. Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости. Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки. Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ. Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти. На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации. Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите. За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава. Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења. Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook