СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков
2СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков
3Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје
АвтомобилизамПет начини како да го заштитите вашиот автомобил од крадциКрадците за момент можат да ви го украдат автомобилот или да ви украдат вредни работи од него.За да спречите кражба, морате да знаете на што се крадецот се потпира кога го избира баш вашето возило како плен. 1.Заклучувајте ги вратите Ова е нешто што сите го знаат, но не е лошо да се нагласи уште еднаш. Секогаш проверувајте дали сте го заклучиле автомобилот, затоа што се бележат се поголем број на кражби на незаклучени автомобили или пак автомобили со заборавен клуч на брава. Крадецот гледа лесен плен, влегува во автомобилот и вози. Според некој податоци во САД од 2016 до 2018 година се украдени во просек 209 автомобили дневно заради отклучено возило и клуч оставен на видно место. 2.Паркирајте се паметно Потрудете се автомобилот да го паркирате на прометно и добро осветлено место. Тоа што местото е попрометно ги намалува шансите вашето возило да биде украдено, затоа што има поголем број на сведоци кои можат да видат што се случува и со самата нивна дојава да го премислат или да го идентификуваат крадецот. 3.Носете ги вредните работи со себе Кога излегувате од автомобилот, секогаш со себе носете ги своите драгоцености. Возачката дозвола чувајте ја во паричникот или во чантата. Не оставајте во возилото ништо што доколку вашиот автомобил биде украден може да ви создаде додатни проблеми или пак самото тоа да биде причина за отворање на вашиот автомобил. 4. Никогаш не го оставајте автомобилот запален Ако се надвор ниски температурите, можете да дојдете во искушение да го загреете автомобилот пред да тргнете со него, така што ќе го запалите и ќе оставите моторот да поработи. Дири и ако се вратите во вашиот дома само на една минута, посигурно е да го изгасите моторот, затоа што на вешт крадец му се потребни само неколку секунди да влезе во автомобилот и да замине. 5. Држете ги очите ширум отворени Обратете внимание на сите важни работи кога го напуштате возилото. Ако се брзата и не сте сконцентрирани, можете да заборавите нешто да направите, на пример да заклучите врата и така го оставате автомобилот на милост и немилост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаЕУ предупредува за паметните очила: Можат да ве снимаат без ваше знаењеКорисниците на паметни очила кои објавуваат снимки на јавни профили на социјалните мрежи, или ги користат за деловни или политички цели, мора да ги почитуваат правилата за заштита на личните податоци. Ова се наведува во соопштението на Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), усвоено оваа недела. Хрватската Агенција за заштита на лични податоци (AZOP) соопшти дека изјавата е усвоена за време на последната пленарна седница на „EDPB“ во Брисел и претставува прв документ што дава прелиминарни насоки за корисниците, производителите и давателите на услуги. Јасни предупредувања наместо непријатни изненадувања „Кога станува збор за приватноста, поединците заслужуваат јасни предупредувања, а не непријатни изненадувања“, изјави претседателката на „EDPB“, Ана Талус. Како што е наведено во соопштението, снимањето на семејството или пријателите – како и активностите за приватни цели – генерално спаѓаат под т.н. „исклучок за домаќинство“, сепак, дури и во такви случаи, може да важат одредби од кривичното, граѓанското, работното или друго законодавство. Беше нагласено дека снимањето треба да биде јасно видливо – на пример, преку употреба на силни LED светла, звучни сигнали, гласовни предупредувања или известувања на паметен телефон – и дека таквите предупредувања мора да бидат сигурни и лесно забележливи. Одговорност на производителите и давателите на услуги Луѓето во близина треба да бидат свесни дека може да бидат снимани, дури и на јавни места. Производителите и давателите на соодветни апликации и услуги не можат да ги префрлат своите обврски врз корисниците, згора на тоа, секоја нова обработка на податоци мора да остане во согласност со првичната цел за која податоците биле собрани. Во соопштението, исто така, се поттикнува развојот на индустриски стандарди и мерки за подигање на свеста, со цел да се осигура дека поединците знаат кога се користат такви очила и како се обработуваат нивните податоци. Зголемени ризици за децата и на чувствителни локации Се истакнува дека паметните очила можат да снимаат луѓе без нивно знаење. Овие ризици се зголемени во чувствителни средини – како што се болници, училишта и работни места – како и кога снимките се споделуваат на социјалните мрежи. Децата се особено ранливи, без разлика дали самите ги користат очилата или се снимани од други лица. „Овие уреди изгледаат како обични очила, но содржат камери и микрофони и се поврзани на интернет“, изјави Талус. Извештај за злоупотребата на паметните очила Како прилог кон изјавата, изготвен е извештај насловен „Поврзан поглед: видеоснимање, надзор и прибирање докази во ерата на паметните очила“. Овој извештај е нарачан од Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB) – по предлог на францускиот орган за заштита на податоци – а негов автор е надворешен експерт по дигитална социологија. Извештајот ги разгледува искуствата на корисниците, а особено начинот на кој поединците што се предмет на снимање ги перципираат овие ризици. Резултатите покажуваат дека паметните очила понекогаш се користат за следење на други лица и за прибирање докази против нив, при што оние што ги носат – и знаат како да ги користат – имаат предност пред луѓето што ги снимаат, честопати без знаење на вторите. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: ЕУ паметни очила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на зависности и насилствоПолициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“.Денеска (16.10.2026) полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беа посочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат, како и санкциите за ваквите прекршоци, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Превентивна активност од областа на сообраќајот спроведе и Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на ПС Чаир, каде во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, низ непосредна комуникација, на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на почитување на брзината на движење, а беа информирани и за функционирањето на „Безбеден град“. Одделението за превенција при СВР Скопје во ООУ „Стив Наумов“, на подрачје на ПС Гази Баба, реализира едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство и превенција од зависности. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават во различни форми. При тоа, на учениците им беа појаснети и начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, учениците беа запознаени со штетните последици, но и начините за превенција од зависностите како што се наркотиците, цигарите, алкохолот и игрите на среќа.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морковПрво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине - лаже.Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш. Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува. Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно. Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него. Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот. Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност. Струјата останува иста - додека не поскапи. Животот ќе биде подобар - за три години. Истите бајки. Истиот метод. Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација. Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш. Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети. Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11