Пет македонски екипи пријавија учество во Европските одбојкарски купови за следната сезона - Канал 5

Пет македонски екипи пријавија учество во Европските одбојкарски купови за следната сезона

Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските клупски купови.

Пет македонски екипи пријавија учество во Европските одбојкарски купови за следната сезона

Двата најдобри колективи во машка конкуренција, шампионот Струмица и куп победникот, Штип УГД, односно трите клуба кај дамите кои ја одиграа клучната улога во распределбата на трофеите – шампионот Јанта Волеј КВ, освојувачот на Купот, Наковски Волеј и финалистот во првенствениот плеј-оф, Работнички Скопје, пријавија учество на меѓународна сцена.

Штип УГД, Јанта Волеј КВ и Наковски Волеј премиерно ќе заиграат во ЦЕВ куповите.

Струмица 47&72 и Јанта Волеј КВ, согласно шампионскиот статус кој го имаат пријавија учество за настап во ЦЕВ Лигата на шампионите.

Штип УГД и Наковски Волеј, пак, аплицираа за учество во Челинџ купот, додека Работнички Скопје поднесе барање за „вајлд-карта“ до ЦЕВ за учество во третото по квалитет европско клупско натпреварување.

Македонија сигурно ќе има четворица претставници во Европа следната сезона, додека за статусот на Работнички Скопје, односно дали ќе добие право на настап, ќе зависи од бројот на пријавени учесници во Челинџ купот.

Жрепката за сезоната 2025/26 за сите три европски клупски купови – Лигата на шампионите, ЦЕВ купот и Челинџ купот е закажана на 15 јули на пладне, во седиштето на ЦЕВ во Луксембург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија.

Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ.

„Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук.

Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА финале: „Брејк“ на Њујорк во Тексас-Видео

Серијата победи на Њујорк Никс продолжува, а тимот од „Големото јаболко“ го направи првиот чекор кон шампионската титула.

НБА финале: „Брејк“ на Њујорк во Тексас-Видео

Џејлен Бренсон постигна 30 поени во своето деби во НБА финалето, Карл-Ентони Таунс додаде 18 поени и 12 скока, а Никсите се вратија од минус од 14 поени во второто полувреме и ги победија Сан Антонио Спарс со 105-95 во првиот натпревар од големото финале во НБА.

О-Џеј Ануноби постигна 17 поени за Њујорк, кој го доби својот 12-ти натпревар по ред во плејофот. Со тоа, Никсите станаа само седмиот тим во историјата на НБА со таква серија, и само третиот што го сторил тоа во една сезона.

Бренсон постигна 13 поени во последната четвртина, само шест помалку од оние што Спарс ги постигнаа како тим во тој период.

Тој практично ја запечати победата со спектакуларен шут од вртење додека паѓаше на подот, 38 секунди пред крајот на натпреварот. „Тој е играч за големи натпревари. Кога е најпотребно, тој испорачува. Така играат кандидатите за MVP“, рече тренерот на Никс, Мајк Браун.

YouTube video

Њујорк го заврши натпреварот со серија од 11:0 и напиша нова страница во историјата. Никс станаа првиот тим што ги победи Спарс во првиот натпревар од финалето на НБА, бидејќи франшизата од Тексас претходно имаше резултат од 6-0 во такви натпревари. Ова е исто така прв пат Спарс да заостануваат во серија од финалето пред нејзиниот крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англичаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци!

 Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво  2026 во Канада, САД и Мексико.

Англичаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци!

На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас.

Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026:

Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија)

Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика).

Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг)

Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер