Пет лица загинаа во напад со дрон во руската област Курск

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.

„Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.

Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот. /МИА

Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција

 Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавач

- Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се фузионираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно во Парламентот, изјави Мицкоски.

Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји - членки на НАТО. Меѓу нив, како што појасни Мицкоски, во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум.

-Тоа е дел од Програмата на Владата и тоа ќе го направиме во месеците коишто следат, рече премиерот кој беше во Бутел на ставање на камен темелник на нова градинка.

Француските режисери Беноа Жако и Жак Доајон обвинети за силување

Француските филмски режисери Беноа Жако и Жак Доајон денеска се приведени на сослушување поради обвинувања за сексуална злоупотреба и насилство, известија извори блиски до случајот.

Жудит Годреш (52), исто така режисерка и глумица, поднесе обвиненија против Жако (77) и Доајон (80) за силување и сексуален напад кога таа била малолетна.

И двајцата ги отфрлија обвинувањата, а нивните адвокати го осудија нивното приведување.

Таравари: Работиме на решение за компресорите во хируршките сали

Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат.

Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на хирургија во Клиничкиот центар, изјави денеска министерот за здраство Арбен Таравари, кој имаше средба со новинарите.

Таравари, меѓу другото, на средбата со новинарите најави дека за најмногу две недели ќе има нова Позитивна листа, но и модернизирање на јавното здравство, мобилни екипи за граѓаните да пријавуваат директно проблеми во здравството, преговори со доктори за работа во периферијата и друго.

притисни ентер