ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
2ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
БалканПет години од катастрофалните пожари во близина на Атина со над 100 жртвиПред точно пет години, на 23 јули 2018 година неколку приморски населби во општина Рафина, во источниот дел на областа Атика, беа зафатени од пожарите во кои загинаа 102 лица.Пожарите кои во изминатите денови беснеат во Грција, особено оној на островот Родос и вчерашната масовна евакуација, ги разбудија спомените за катастрофалните пожари во Мати, во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина каде што згаснаа над 100 животи, јави дописничката на МИА од Атина. Пред точно пет години, на 23 јули 2018 година неколку приморски населби во општина Рафина, во источниот дел на областа Атика, беа зафатени од пожарите во кои загинаа 102 лица, а меѓу нив повеќе од 40 лица изгореа живи откако не успеаја да најдат излез за да стигнат до морето. Буквално се заглавија во тесните улички пеш или во обид со нивните автомобили да им побегнат на огнените јазици , а голем дел од граѓаните спасот го бараа во морето. Се спасија од пожарот, но се задушија од чадот или се удавија чекајќи помош. Најмладата жртва имаше шест месеци, а најстарата 93 години, меѓу загинатите беа и странски државјани дојдени на одмор. Со повреди и изгореници беа хоспитализирани најмалку 180 лица. Станува збор за еден од најкатастрофалните пожари во современата грчка историја, но и вториот пожар во светот во 21 век со најголем број жртви. „Само да немаме ново Мати“ е најчестиот коментар во Грција речиси секогаш кога земјата се соочува со сериозни и опасни пожари. Пет години подоцна, судскиот процес е сѐ уште во тек остануваат неодговорени многу прашања околу причините за трагедијата и планот за справување со пожарот, прашања што ги поставуваат, не само оние кои загубија членови од семејството, туку и јавноста. Сведоштвата од пред пет години се еднакво трогателни како и тогаш. Огнените јазици беа толку големи до степен што добиваш изгореници од зрачењето, без да имаш физички контакт; го земав детето, го завиткав во пешкир и инстиктивно почнав да трчам кон плажата, сопругата остана зад мене, за жал не успеа да стигне до морето; никој не нѐ предупреди, никој не се обиде да нѐ евакуира. Влеговме во море, останавме таму околу два- два и пол часа и нѐ спаси рибарски чамец; во обид да избегаат од кампот што гореше, на 15-20 метри од излезот ги пронајдовме моите родители изгорени и прегрнати, се само дел од сведоштвата за МИА, пред четири години, на дел од преживеаните од катастрофалните пожари. Од загинатите, некои изгореа живи, некои се задушија од чадот, други се удавија во морето, сите барајќи спас од огнената стихија што со огромна брзина се ширеше и „голташе“ се пред себе. Некои ги загубија родителите, некои децата, некои сопрузите, но се загубија и цели семејства. 23 јули 2018 година - И додека вниманието на јавноста е насочено кон големиот пожар во областа Кинета во западниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, а силниот ветер дополнително ја отежнува ситуацијата, стигнува информација дека на спротивната страна, во источниот дел, во близина на планината Пендели постои нов пожар со големо жариште што исто така брзо се шири и со интензитетот многу поголем од очекуваното. Со ненадејно променета насока поради силниот ветер, огнените јазици за миг стигнуваат до Нео Вуѕа, Мати и Кокино лиманаки во областа Рафина. Од попладневните часови до доцна во ноќта ситуацијата е хаотична, без официјални информации, со луѓе кои во очај се јавуваат во медиумите и бараат помош, велејќи дека тоа е нивната последна надеж да не изгорат живи. Граѓани кои се собрани на плажа и во море и чекаат помош, но и граѓани кои пливаат. Пливаат за да стигнат до безбедно копно, далеку од чадот и пожарот. Во близина е Рафина, местото во кое се наоѓа едно од трите големи атински пристаништа, па траекти кои од островите се враќаа во Атина спасуваа луѓе од морето, а на помош излегоа и рибари со рибарски чамци. Доцна во ноќта, во новинарските кругови веќе стигнуваат првите трагични информации, се споменуваат жртви, изгорени автомобили заглавени во тесните улички, изгорени куќи, но без официјална потврда се до три часот по полноќ кога тогашниот владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос рече дека „Атика се соочува со многу тешка ноќ“ и соопшти дека загинати се над 20, а повредени над 100 лица. Пожарот беше ставен под контрола, но веќе беа загубени десетици човечки животи, а Грција се најде пред голема трагедија. Бројката на загинати континуирано се зголемуваше, денот по пожарот беше уште потрагичен, особено со веста што ја шокираше јавноста дека на плац, во обид да најдат излез до морето живи изгореле 26 лица, а јагленосаните тела ги пронајдоа спасувачките екипи. Исто толку тешки беа и деновите што следеа. Се пребројуваа жртвите, се бараа исчезнати, се идентификуваа телата на загинатите, се вршеа потраги по копно и море, преживеаните сведочеа за трагедијата. Тогаш, дел од нив, во разговор за МИА и за грчките медиуми ги раскажаа нивните трагични судбини, еден ја загубил сопругата, друг родителите, трет неговиот син, пожарникар додека бил на должност го загубил 6 месечното бебе, а татко преку медиумите го бараше неговиот 13 годишен син, кој подоцна се најде на листата загинати. На крајот од јули 2018 година, катастрофалниот пожар во близина на Атина беше главна тема, не само во грчките, туку и во сите светски медиуми, а повеќе земји, меѓу кои и Северна Македонија испратија помош за Грција. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитанПолската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок. Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење. Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла. Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци. „Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук. Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари. Тие го истражуваат неговото минато и можните врски Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот. Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот. Девет мртви поврзани со масакрот Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат. По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага. Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Други спортовиУжас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави. Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око. Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата. Не се откажа и покрај страшните повреди Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош. The fight has been STOPPED due to severe swelling on Zak Miller’s face! 😬 #BuatsiHutchinson2 | Live NOW on DAZN ▪️ https://t.co/ePPcK5SiPA — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) November 7, 2026 Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции. Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно. На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена. „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас. “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас. ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28