ЖивотПештерата Рамниште – фасцинантна тајна за природата и за човекот низ времињата Секоја посета на пештера е посебна возбуда за секој истражувач, спелеолог, за луѓето што ги мотивира адреналинот. За авторот уште повеќе зашто е негова прва посета. Иако велат, откако е откриена пред 60-тина години, е меѓу најпосетуваните. Лесно, со автомобил, се стигнува по патот за селата Оревоец и Крстец, ама откако се појави знакот – пештера, има повеќе од половина час пешачење. Не дека е тешко, нема големи нагорнини, за искусните „мачкина кашлица", ама чувството пак да се биде во природа е незаменливо. Бујна вегетација и многу, на општо задоволство, шумски јагоди. Посебен мирис и вкус, на природно. Везот во пештерата не е впечатлив. Грмушки, едно дрво лешник, полно плод, прави сенка на влезот. Истражувачот, повеќе од 20 години, и новинар Тренчо Димитриески вели дека ова му е посебно задоволство. А ни постави фасцинантен повод за посета – пештерата, освен што е ремек-дело на природата, е голема тајна, археолошки неистражена, за траги на човековото „битисување" во еден дел од неговиот живот во пештерата. И најбитното – тоа место на нашите предци многу, се чини, им значело. Се потсетуваме на податоците што ни ги даде спелеологот Дарко Неданоски од спелеолошкиот клуб „Златоврв". Пештерата Рамниште се наоѓа на локалитетот Рамниште, поточно помеѓу селата Крстец и Оревоец. Се наoѓа на западните падини на планината Козјак и е на 12 километри од Прилеп. Првите истражувања се во 60-тите години на минатиот век, од првата генерација на друштвото „Златоврв", тогаш првпат е пронајдена, посетена и е документирана. Пештерата е долга 110, а длабока е 25 метри. Многу е специфична и е ретка, зашто е формирана во „карбонатски бречи и конгломерати", кои се составени парчиња од мермери. Има многу пештерски украси: сталагмити, сталактити, сливови, драперии, завеси, столбови, кои се во бела, црна, црвеникава и жолтеникава боја, но претежно се во бела и црна боја. Пештерата го покажува својот „специфичен" лик. Со тесни влезови, проширувања, одаи, на места мора да се движите лежечки. А некаде со лизгање. Водата врз камењата направила опасни терени. Шегата настрана, ама спелеологот Неданоски ни одговори сериозно на прашањето – сега не се забележани лилјаци, како во мариовските пештери. Фасцинацијата од пештерските украси се префрла на новите, неистражени траги на човековото присуство. И култура. Димитриески објаснува – бев фрапиран од трагите на културата. Вели, ги има од старите времиња, пред илјадници години и низ епохите. Среде пештера, го почнува своето детално објаснување. Многу е фасциниран. – Неодамна кога влегов со таква намера, се вчудовидов кога наидов на купови траги од култура. Можеби стотина фрагменти од керамички садови, најверојатно од разни периоди. Но, според моите скромни познавања констатирам, не сакам крајно да тврдам, дека во пештерата има култура од, веројатно, бронзеното или железното време. Најдов некои рачки од садови со јазичеста форма. А постарите фрагменти, фактички, се скаменуваат, се спојуваат со другиот состав на пештерата. Пештерата Рамниште е геолошки истражена. Илјадници луѓе ја посетиле. Формирана можеби пред два и пол до три милиони години. Па некогаш овие пештери биле засолниште. Но ретки или воопшто нема наоди на култура во пештера, објаснува Димитриески. Според сѐ, пештерата била посетувана низ историјата. Како и зошто е посетувана, дали за практични или култни намени, ритуални верувања? Ете, за таканаречената Гостинска одаја има приказна. Или наречена Невестинска. Се верувало ако тука се скрши земјен сад, ќе има плодност. – Прашањата се нижат. Зошто влегувале нашите предци? Зошто има садови тука? Стотици. Сигурен сум дека има и од античкиот период – римски и македонски период. Што велат, рана антика – од 4 век пред до 4 век во нашата ера. А има и од доцната антика, од средниот век. Некое верување или потреба? Некогаш се криеле. Значи може да констатираме дека пештерата е користена од човекот за различни намени: за култни, за заштитување, за некакви верувања или практични намени, па дури и за криење, незапирливо раскажува Димитриески. Тој е фасциниран дека нашол стаклена устинка. Од кога ли датира? Овде има култура од огромно значење, според мене. Може да излезат фрапантни сознанија. Во оваа пештера најдов и стакло и оние што препознаваат, го знаат историјатот за стаклото, првото појавување што било околу 1500 години пред нашата ера во Месопотамија. А се знае дека стаклени садови се правеле во македонскиот период. Во прилепскиот музеј има зачувано стакло од гробниците од македонски тип во Горно Село. Јас имав среќа да најдам такво парче во пештерата. Според мене, иако не можам да тврдам, е од римскиот период. А што барало едно вакво фино стакло во пештерата? За какви намени било користено?, ги ниже прашањата Димитриески и сака археолозите да истражуваат. Ама вели, ни недостигаат палеонтолози. – За жал, во Македонија имаме малку палеонтолози, стручњаци за тој праисториски период. Предметите од тие периоди имаат специфични облици, кои стручњаците за тој период може да ги препознаат. Потребни се сериозни истражувања, со сонди, смета Димитриески. За преданијата, верувањата, фрагментите од керамички садови говори и спелеологот Неданоски. – Има и многу парчиња од различни видови керамика. Во минато време, жителите на Оревоец и на Крстец сметајќи дека во длабочините на пештерата се кријат зли духови, пештерата Рамниште ја нарекуваат и Духова Дупка. Во одредени денови, како Духовден, носеле стомни, бардиња со вода, правеле ритуали за нивно здравје, ги пренесува преданијата Неданоски. Вљубениците во пештерите, фасцинирани од ремек-делото на природата може со часови да се „загубат" во она што мајката природа го создавала низ вековите, милениумите. Геолошки е истражена, ама не и археолошки. Сознанијата дека низ времињата човекот оставал траги, допрва може да отворат приказни за човековото постоење и неговите потреби низ времињата. Ова мало „начнување" на човековото битисување, заедно со природата е само мал почеток. Можеби и никогаш докрај нема да се открие. Токму тоа ќе биде мистеријата што ќе ги привлекува посетителите. Спелеолошкиот клуб „Златоврв" уште во 2013 година побарал од прилепските локални власти да ја поддржат намерата пештерата Рамниште да се уреди туристички, да биде привлечна за туристите. Но немало разбирање, ама спелеолозите не губат надеж. – Иако оваа пештера не е туристички уредена, спаѓа во една од најпосетуваните пештери во Македонија. Клубот „Златоврв" често организира посета на пештерата. Неколкупати целосно е осветлена. Се надеваме дека во иднина оваа пештера ќе ја внесеме во туристичката мапа на алтернативни и авантуристички места за посета на туристите во нашиот град, вели спелеологот Неданоски. И по напуштањето на Рамниште, останува кај нас фасцинацијата. Од природната уникатност, од новите човекови траги за неговото постоење. Можеби некогаш ќе стигнеме до одговорите: кој, кога, зошто? Којзнае? Фасцинацијата останува./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter