Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
ЗабаваПеш преку целиот свет за 22 месеци!60 годишниот Сергеј Лукјанов од Санкт Петербург тргнал на 1.април 2015, а од патот околу светот се вратил на 4.февруари оваа година.Сергеј Лукјанов е поранешен советски и руски рекордер во брзо одење на 100 километри. Можеби поради тоа успеа во подвигот кој си го постави во 2015 година - да го пропешачи целиот свет. На пат околу светот тргнал од Санкт Петербург на 1.април 2015, а се вратил на 4.февруари оваа година. За 22 месеци пропешачил 23 000 километри. Многумина сметале дека тоа нема да биде возможно и ќе биде опасно или прескапо, но Лукјанов успеа да го заврши својот зацртан пат. На патот околу светот тој ослабна 14 килограми, се најде во песочна бура, беше ограбен, преживеа операција и потроши милион рубљи. По неговото враќање, медиумите го нарекоа „рускиот Форест Гамп“. На прашањето како се подготвил за патот, тој вели - па се подготвував цел живот, инаку ништо посебно пред да тргнам, само верував дека ќе успеам! Лукјанов поминал низ 22 земји. Вели дека динамиката на патувањето во голема мерка зависела од визите. Виетнам требало да го премине за две недели, а Сингапур за 3 дена! Во Петербург неговите пријатели формирале координациски центар. Пријателот Михаил Соколовски му пишувал во која насока д апродолжи, кои луѓе д аги побара да преспие кај нив - му бил поддршка секој ден во тие 22 месеци пат! Лукјанов многу штедел. Тој немал пари кои може д аги троши на луксузи. на пат тргнал како пензионер, а пред тоа работел како тренер. Дневниот буџет за Лукјанов бил околу 500 рубљи, а дневното растојание кое го поминувал околу 50 километри. За 22 месеци тој потрошил милион рубљи (17 000 долари) и тоа е најмалата сума која можела да се потроши за таков подвиг! Често пати спиел и во паркови, на клупи, на аеродроми... - Во Европа е безбедно но ноќевањето е скапо, 50 евра. Затоа одев со вреќа за спиење во градските паркови во 22 часот, пред да бидат затворени, и се криев од полицијата. Во хотел преспав, да речеме, во Белорусија, кога беше -40 степени - вели тој. Лукјанов вели дека поминал секакви незгоди, бил ограбен, морал да се оперира, но најтешко од се му паднало тоа што две години бил сосема сам. - Најтежок е психолошкиот момент. Најтешко е да се излезе од куќата. Сам си, потполно сам долги две години и не знаеш ниту еден јазик освен рускиот, се разбираш со гестикулација. На ранецот ми пишуваше дека патувам околу светот. Лукјанов вели дека, ако решите да тргнете пеш околу светот, најважно е да најдете спонзор бидејќи ќе ви бидат потребни 10 пара патики и многу други работи кои чинат многу пари. Важно е да имате решена навигација за да не се губите. Во Европа можете да ноќевате во парк - а во Кина во парни купатила кои не се воопшто скапи - советува тој.Внимавајте да не пиете вода која е различна од град до град, бидејќи организмот не може да се навикне бргу и ќе имате проблеми - подобро пијте пијалак кој секаде е ист. Лукјанов, на пример, пиел само кока - кола. И најважно од се - не тргнувајте на таков пат ако не сте во топ форма, бидјеќи тоа веќе ќе биде невозможна мисија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter