Перински: Ресурсниот центар за поддршка на општините - механизам кој ќе им овозможи одржлива и стручна поддршка - Канал 5

Перински: Ресурсниот центар за поддршка на општините - механизам кој ќе им овозможи одржлива и стручна поддршка

Ресурсниот центар за поддршка на општините - институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Македонија.

Перински: Ресурсниот центар за поддршка на општините - механизам кој ќе им овозможи одржлива и стручна поддршка

Интегрално обраќање на министерот Златко Перински од денешната прес-конференција:

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани пријатели,

Денес сме овде поради исполнување на уште едно ветувањe од Програмата на оваа Влада.

Во изминатата година Министерството за локална самоуправа, како никогаш досега, ја оправда својата позиција како вистински партнер на секоја општина и двигател на рамномерниот регионален развој.

И одговорно тврдам дека тоа резултираше со зајакнување на политичкиот дијалог помеѓу централната и локалната власт а доказ за тоа се иницијативите кои Владата во изминатата година ги спроведе за подршка на општините.

Преку директен контакт и посети на општините направивме темелна процена на состојбите и ги увидовме конкретно тесните грла во спроведувањето на општинските надлежности.

Општините се соочуваат со сериозни предизвици како што се:

- недостаток на административни капацитети,

-ограничени можности за економски развој, и

- недоволно развиена инфраструктура.

Сето ова директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните.

Како одговор на ова беше спроведување на двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, како интервентна мерка за надминување на најакутните проблеми (инфраструктурни).

Меѓутоа она што исто не загрижува се капацитетите на општините за подготовка на проекти преку кои ќе привлекуваат средства во своите општини како и квалитетот на испорачаната услуга кон граѓаните.

За да се одговори на овој децениски предизвик со кој се соочуваат општините потребен е систематизиран пристап и поврзување на мерките и активностите кои и досега во одредена мера се испорачувале во функција на градењето на капацитетите на општините, но заради недостиг на кохерентност помеѓу нив не се постигнувале посакуваните резултати.

Овој пат, концептот што оваа Влада го нуди се однесува токму на тоа - систематизирана и институционализирана подршка во функција на реформа на локалната самоуправа во форма на Ресурсен центар за поддршка на општините кој што ќе понуди изводливи и одржливи решенија за зајакнување на капацитеите на општините.

Овој центар претставува механизам што овозможува долгорочна, стручна и одржлива поддршка на сите општини во државата. Неговата цел е директно таргетирање на слабостите: недостиг на административна експертиза, слаба меѓуопштинска координација и недоволна искористеност на ресурсите со кои располагаат општините.

Ресусрниот центар ќе обезбеди подршка која ќе гарантира зголемување на капацитетите на локалната самоуправа што ќе доведе до поквалитетни локални услуги за секој граѓанин.

Во периодот до април 2026, ќе се фокусираме на следните подготвителни активности:

- Воспоставување на ростер на експерти коишто на барање на општината би биле на располагање за надминување на предизвиците во испораката на секоја услуга во надлежност на општината;

- Патоказ односно практичен прирачник за идните градоначалници, кој ќе содржи насоки за првите чекори при преземањето на функцијата ( од организација на администрацијата, преку финансиско и буџетско планирање, до реализација на капитални проекти, комуникација со граѓаните и работата на советот);

- Насоки за надминување на препораките коишто Државниот завод за ревизија ги детектирал како слабост врз основа на извршените ревизии во општините во изминатиот период;

- Подготовка на дигитална платформа која што ќе претставува интерактивна алатка за општините преку која ќе може да побараат и да добијат одговор брзо и ефикасно;

- Поттикнување на меѓуопштинска соработка.

Со оваа иницијатива ја градиме основата за поефикасни и посилни општини.

Ресурсниот центар не започнува од нула. Тој претставува продолжување и институционализација на осумгодишниот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија.

Во оваа прилика сакам особено да се заблагодарам на Амбасадата на Швајцарија која преку конкретни иницијативи континуирано го подржува одржливиот локален развој и среќен сум што имаме прилика да ги интегрираме нивните добри практики низ нашите политики и со тоа да ги доведеме политиките за локален и регионален развој во поблиска корелација со регулативите и концептот на Европската регионална политика.

Во контект на партнерската подршка за воспоставување на Ресурсниот центар за подршка на општините, со задоволство сакам да истакнам дека оваа иницијатива е препознаена како перспективна и од страна на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, со тоа што преку проектот ЕУ за општините ќе бидат спроведени активности за јакнење на капацитетите на општините како дел од концептот на Ресурсниот центар.

И секако подршката од нашата Владата имплементирана преку УНДП ќе биде додадена вредност за обезбедување на одржливост и понатамошно надградување на Ресурсниот центар.

Уверен сум дека со овој ресурсен центар ќе изградиме посилна локална самоуправа, ќе обезбедиме порамномерен развој и ќе создадеме подобри услови за живот на граѓаните во сите делови од нашата држава.

А јас лично, во рамки на мојот мандат како министер за локална самоуправа, останувам и понатаму безрезервно посветен и на располагање за нови иницијативи кои што ќе направат разлика во квалитетот на животот на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплави во Словенија: Реки се излеаја од коритата, водата продре во куќите (ФОТО)

Обилните дождови предизвикаа излевање на некои реки од своите корита во различни делови на Словенија, а се очекува поплавните води да почнат да се повлекуваат ноќеска.

Поплави во Словенија: Реки се излеаја од коритата, водата продре во куќите (ФОТО)

Според словенечката новинска агенција СТА, ситуацијата е најтешка во долината Випава, на југозападот од земјата, каде што се поплавени бројни локални патишта.

Обилните дождови во долниот дел од долината Випава ги поплавија патиштата помеѓу Випава и Нова Горица.

Поплавени куќи и згради

Поплавени се и неколку згради во областа Ајдовшчина, вклучувајќи делови од пречистителна станица за отпадни води и три куќи.

Некои патишта во областа се целосно затворени за сообраќај, додека други се многу тешко проодни.

Реката Випава се излеа од целиот свој тек, првенствено во области кои претходно беа изложени на чести поплави.

На други места во Словенија, реката Колпа се излеа од своите корита на некои места на југоистокот од земјата.

Се очекува повлекување на водите

Според Словенечката агенција за животна средина (ARSO), поплавните води по реките Випава и Колпа треба да почнат да се повлекуваат преку ноќ, додека се очекува врнежите од дожд да престанат вечерва.

Нивото на реките продолжува да расте, особено на југот од земјата и на повеќето водотеци во централна Словенија, пред да се прогнозира дека ќе почнат да се повлекуваат во недела.

Обилните дождови го зголемија и ризикот од лизгање на земјиштето, особено во западните и југоисточните делови на Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Град на духови“ на Кавказ- порано бил рударски рај, а сега шума ги проголта зградите (ФОТО)

На југоистокот на Абхазија, во градот Ткварчали, се наоѓа Акармара, некогаш просперитетна рударска населба, а денес една од највпечатливите напуштени локации во поранешниот СССР.

„Град на духови“ на Кавказ- порано бил рударски рај, а сега шума ги проголта зградите (ФОТО)

Денес, еден вид „град на духови“ привлекува туристи и урбани истражувачи, но е создаден од сосема различни причини.

Важен дел од рударската индустрија

Историјата на Акармара започнува во 1938 година, кога е основана рударска населба, првенствено за експлоатација на јаглен потребен на советската индустрија.

Важноста на оваа област дополнително се зголемила за време на Втората светска војна, кога залихите со јаглен станале уште поважни за СССР, и откако Донбас паднал под германска окупација.

Во 1942 година, Ткварчали добил статус на град, а во неговиот состав биле вклучени околните рударски населби, вклучувајќи ја и Акармара. По завршувањето на војната, во изградбата на населбата учествувале и германски воени заробеници.

Со текот на времето, биле изградени бројни згради што ѝ дале на Акармара изглед на развиен рударски град. Имало станбени згради, болници, училиште, кино, ресторан и хотел.

Пред распадот на Советскиот Сојуз, населбата беше густо населена и претставуваше важен дел од локалната рударска индустрија.

Војна, опсада и несигурност

Во раните 1990-ти, распадот на СССР и политичките конфликти на Кавказ доведоа до големи промени. Војната во Абхазија започна на 14 август 1992 година.

Градот Ткварчали беше под опсада 413 дена. Долгорочната блокада и прекинот на рударството на јаглен - што беше основа на локалната економија - имаа сериозно влијание врз животот во областа.

Така, жителите на Акармара почнаа да ги напуштаат своите домови, а населбата остана без луѓе и објекти што некогаш ја правеа живо место.

Повеќето од зградите беа напуштени со текот на времето, додека само неколку семејства останаа да живеат во Акармара.

Со текот на годините, поранешната рударска населба почна сè повеќе да го менува својот изглед. Без редовно одржување, зградите почнаа да се распаѓаат, а вегетацијата постепено ги зафаќаше дворовите, улиците и напуштените згради.

Комбинација од напуштена архитектура и природа

Дрвјата и бујната вегетација сега ги опкружуваат станбените блокови и старите јавни згради, создавајќи необична сцена што ја навела Акармара да биде наречена „град на сталкери“.

Оваа комбинација од напуштена архитектура и природа што полека презема контрола е една од причините зошто местото го привлече вниманието на посетителите.

Сепак, Акармара не е целосно без жители. Неколку семејства сè уште живеат во областа, додека туристите доаѓаат да ги истражуваат напуштените улици и да ги видат остатоците од поранешниот рударски живот.

Друга интересна карактеристика се познатите водопади во областа, кои привлекуваат посетители желни за природна убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт по нападот во Краков: Полицаецот, кој беше прогласен за херој, сега е на распит во Обвинителството

Случајот со полициската интервенција во Краков доби нов пресврт откако еден од полицајците кои го совладаа вооружениот напаѓач дојде под истрага на обвинителството. 

Шокантен пресврт по нападот во Краков: Полицаецот, кој беше прогласен за херој, сега е на распит во Обвинителството

Имено, поднесена е официјална жалба против полицаецот Јакуб Кулик за начинот на кој го користел службеното оружје, објавува Fakt.pl.

Подносителот на жалбата бара истрага за тоа дали полицаецот законски го користел своето оружје против напаѓачот. Како што дознава полскиот портал Onet.pl, жалбата ја поднел Полјак кој живее во Лондон. Обвинителството потврди дека ќе ја разгледа жалбата, но тоа не значи автоматски дека ќе отвори истрага против полицајците.

Жалбата прво ја примило Окружното обвинителство во Краков, кое потоа ја препратило до надлежното одделение кое го истражува нападот. Раководителот на тоа одделение, Ерик Стасиелак, потврди дека жалбата е примена.

„Таква жалба навистина ни е поднесена и, како и во случај на секоја слична жалба, ќе покренеме соодветна постапка“, изјави тој за Onet.

Што вели обвинителството?

Стасјелак истакна дека обвинителството не покренало постапка по сопствена иницијатива во врска со постапувањето на полицајците, бидејќи не забележало никакво основано сомнение дека е сторено кривично дело во нивните постапувања.

„Не видовме никакво основано сомнение во постапувањето на полицијата дека е сторено кривично дело“, рече обвинителот.

Самото поднесување на пријава не значи дека автоматски ќе се отвори истрага. Обвинителството прво мора да ја разгледа нејзината содржина, а доколку заклучи дека полицаецот не го прекршил законот, може да одлучи да не презема понатамошни чекори.

Поранешниот полицаец и инструктор по стрелаштво, Дариуш Томишек, исто така, коментираше за постапувањето на полицајците. Според него, полицаецот дејствувал во рамките на своите законски овластувања, а полицајците кои го совладале напаѓачот заслужуваат да бидат наречени херои.

Друг испитаник на порталот Онет изрази сомнеж дека пријавата може да претставува провокација од страна на лице кое и самото има проблеми со судството.

Кој ја поднел пријавата?

Полскиот портал Онет, исто така, доби дополнителни информации за лицето кое ја поднело пријавата. Според нивните информации, нејзините лични податоци, датумот и местото на раѓање се совпаѓаат со оние на маж кого го бара полската полиција.

Мажот наводно е поврзан со неколку случаи, вклучувајќи измама, возење под дејство на алкохол или дрога и упатување кривични закани.

Сепак, самото совпаѓање на деталите не потврдува дека станува збор за истото лице. Оваа информација покрена дополнителни прашања за идентитетот на подносителот на жалбата и неговите мотиви.

Обвинителот ги брани полицајците

Обвинителот од Краков, Пјотр Космати, исто така, јавно зборуваше за случајот, поддржувајќи ги постапките на полицајците и објаснувајќи зошто верува дека употребата на оружје била оправдана, дури и откако напаѓачот паднал на земја.

„Со оглед на прашањата што се појавија во врска со постапките на полицајците кои совладаа вооружен терорист во Краков, верувам дека пукањето во напаѓачот кој лежел на земја било целосно ОПРАВДАНО И ВО СОГЛАСНОСТ со важечките законски прописи. Не е важно дали напаѓачот лежел на земја. Ако оружјето сè уште било во неговиот дофат, постоела реална можност да се употреби, што претставувало непосредна опасност за животите на другите луѓе, вклучително и полицајците“, напиша тој на социјалните мрежи. Извештајот сега ќе го разгледа обвинителството, кое ќе одлучи дали постојат основи за понатамошни дејствија. Сепак, засега останува на сила ставот на обвинителот Стасиелак дека нема основано сомнение за сторување кривично дело во дејствијата на полицајците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер