Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
2Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
3Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
МакедонијаПерински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегментиМакедонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа.Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за јавна администрација и регионален развој на Унгарија, Тибор Наврачич денеска оствари официјална посета на Будимпешта. Целта на билатералната средба, како што соопштуваат од Министерството за локална самоуправа, е продлабочување на соработката меѓу двете земји и воспоставување цврсти темели за пренос на искуства и знаења во областите на регионален развој и локалната самоуправа, вклучувајќи ја и размената на практики од користењето на фондовите на Европската Унија. На средбата се разговарало за тековната состојба во ресорните области кои ги водат двете министерства, за постигнатиот напредок во изминатата година, како и за реформските процеси што се спроведуваат со цел унапредување на ефикасноста и одговорноста во работењето. -Изминатава година суштински ја анализиравме ситуацијата на терен и потребата на општините за долгорочен развој. Започнавме со најголема поддршка за општините досега која ја обезбеди Владата во партнерство со Унгарија за финансирање на капитални инфраструктурни проекти во сите општини, истакнал министерот Перински кој додаде дека преку добро планирани политики, поддршка за локалната економија и насочени инвестиции во инфраструктурата, може да се изгради поодржлив систем. Перински ја потенцирал важноста од пренос на знаење и успешни практики од Унгарија, особено во делот на ефективната поддршка за општините, реформирањето на институционалната структура на Министерството за локална самоуправа и дигитализацијата на локалните услуги. Во фокусот на разговорите биле и можностите што ги нуди програмата на ЕУ – URBACT, која овозможува соработка и размена на иновативни идеи помеѓу европските градовите. -Соработката со држави како Унгарија, која има богато искуство со европските фондови, може да даде значаен придонес во креирањето на нашите стратешки насоки за одржлив и рамномерен развој, нагласил Перински. Во рамки на посетата, како дел од официјалната агенда, е остварена и протоколарна посета на унгарскиот Парламент.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Шоу бизСекси мајка: Дилет изгледа неверојатно по породувањетоЕдна од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека таа се врати во топ форма толку брзо по породувањето. Една од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил. Италијанската спортска водителка се породи пред три недели и донесе син на свет. Таа веќе има ќерка со сопругот, германскиот голман Лорис Кариус. View this post on Instagram A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) Дилета, која многумина ја сметаат за една од најатрактивните жени во светот, објави фотографија на која лежи на кауч во црна облека. Носеше облека што личи на костим за капење. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека толку брзо се вратила во врвна форма по породувањето.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ирина Шајк зрачи со сексипилПознатата руска манекенка, Ирина Шајк, повторно ги излуди сите на социјалните мрежи. Како да не беше доволно нејзиното претходно појавување на Мет Гала кога се појави речиси гола и ви го одзеде здивот. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) Овој пат, убавата Русинка објави серија фотографии од разни настани, меѓу кои се издвои онаа на која Ирина позира во едноставно бикини. Сè почесто кога ја гледаме во вакви публикации, имаме и можност да се увериме дека моделот обожава едноставност. А сега се одлучи за „обично“ бикини, но доволно мало и провокативно за повторно сите да зборуваат за нејзиното тело, наместо за моделот. „Кралица“, „Ти си најубавата жена на светот“, „Гориш“, „Толку едноставна и единствена“, „Сјаеш, жено“, беа само дел од коментарите.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаМакедонско еколошко друштво: Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во ПреспаПреспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја.Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот на повеќе видови птици, вклучувајќи ги големиот северен нуркач, белиот пеликан и секако кадроглавиот пеликан - како еден од најрепрезентативните симболи на Преспа. Овие истражувања овозможуваат континуирано следење на состојбата со нивните популации и навремено препознавање на потенцијалните закани со кои се соочува живиот свет во езерскиот екосистем. Особено внимание се посветува и на влажните живеалишта и нивните жители. Во фокусот на истражувањата се македонскиот мрморец, жолтиот мукач и блатната желка - клучни видови чиј мониторинг дава значајни информации за состојбата со влажните екосистеми, кои сè почесто се изложени на притисоци од климатските промени и човековитеактивности. Островот Голем Град продолжува да го привлекува вниманието на меѓународната научна јавност. Здружен тим на истражувачи од Македонија, Србија, Грција и Франција учествуваа во годишните студии на неколку видови влекачи, меѓу кои змиите- рибарки, поскокот и шумската желка. „Овогодинешните истражувања укажуваат на позитивните ефекти на необично влажната пролет, видливи не само во нивото на езерската вода и во снежните покривки на високите падини на Галичица и Пелистер, туку и во големиот број на заловени и обележани животни на Голем Град (>500). Меѓу другото, за прв пат по многу години успеавме да обележиме голем број на бебиња и млади шумски желки. Тие се поактивни од вообичаено заради обилната храна во интензивната зелена пролетна покривка на островот. Ова навидум нуди надеж за оваа популација на која и се ближи истребување, но сепак, најверојатно е само резултат на влажната пролет, додека пак малиот број на јајца забележани во островските женки, во споредба со оние од копното, нѐ потсетува на трагичната судбина на оваа популација. Можеби следната година ќе сведочиме подобра ситуација потпомогната од наталожените резерви од оваа година, но генералните климатски проекции ни укажуваат дека оваа година е само исклучок во една многу сушна иднина“ - објаснува д-р Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво. Собраните податоци од сите овие истражувања, заедно со истражувањата на ренџерските служби на Паркот на природата „Езерани“ при Општина Ресен и националните паркови „Галичица“ и „Пелистер“, ќе бидат интегрирани во единствена дигитална платформа којана различните засегнати страни ќе им овозможи сеопфатен увид во состојбата и трендовите со биолошката разновидност во регионот. „Спроведувањето континуирани и систематски истражувања е неопходно за обезбедување релевантни податоци за состојбата со дивата флора и фауна во Преспа, како предуслов за паметно планирање на мерките за заштита, зачувување и одржливо управување со природното наследство на еден од најубавите и најуникатни прекугранични региони во Европа“ - посочува м-р Даниела Заец, раководител на канцеларијата на Македонското еколошко друштво во Ресен. Активностите за мониторинг на биолошката разновидност во Преспа се реализираат во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). Покрај Македонско еколошко друштво, партнери во имплементацијата на проектот се Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Спроведувањето на проектните активности е поддржано од Министерството за животна средина и просторно планирањена Република Македонија и Националниот парк „Пелистер“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook