Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот
ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
1Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот
2ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
РецептиПерециДа ти кажам право, переците се мистерија. Дали знаеш некој, кој со сигурност ќе ти каже, дека ги разбира переците?Тоа е едно искрено и едноставно пециво, со комплициран дел. Е, баш тој комплициран дел, всушност го прави перекот, перек. Постои една теорија дека се направени во облик на прекрстени раце, а постои и друга теорија која вика дека во нив се крие тајната на вонземјаните и нивните цивилизации, квадратурата на кругот и конечниот број ПИ. Ако мене ме прашуваш, переците се како луѓе. Сите сакаат да бидат сфатени, сакани и едноставни, но секој си има некој чвор. Переците, поради некоја причина, во секунда го поправаат расположението. Ако не си се смеел долго, направи переци. Ако паѓа дожд, а тебе ти се сака сонце, направи переци. Можеби нема да ги откриеш тајните на универзумот или квадратурата на кругот, но од рерната, заедно со переците, ќе извадиш и малку радост. Никој не е сосема сигурен зашто. Можеби поради чашката ракија додадена во тестото, а можеби и затоа што наизглед комплицираните переци не враќаат во некое поедноставно време. Состојки: 250 gr екстра Бело брашно од Жито Лукс Вода 150гр. млака Сол 1 лажичка Путер мек 1 лажица Сув квасец 1 лажичка 1 ? лажичка темен кафеав шеќер Ракија 60мл. (30 мл. за переците и 30 мл. за шефот) Kрупна морска сол Mортадела 200гр. Kрем-сирење 300гр. Сода 1кг. Зејтин 1л. 3 Јајца Подготовка: Ги ставаш шеќерот и квасецот во вода. Мешаш со жица да се растопи шеќерот. Оставаш 5 минути да се развие квасецот. Квасецот е среќен. Во длабок сад за месење го сипуваш брашното, солта, путерот и се мешаш со рака. Лева или десна, по желба. Во центарот правиш дупка и додаваш вода во квасецот и шеќерот, а од страна покриваш со брашно. Отстојува 30-тина минути. Потоа се замесува меко тесто. Меко како душа. Месиш околу 10 минути. По месењето, тестото се остава да стасува во стаклен сад покриен со стреч фолија. Откога ќе стаса, го истиснуваш насобраниот воздухот. Да издише. Го делиш топчето на 4 еднакви делови. Ги покриваш со влажна крпа. Ролаш 4 долги “црви” од околу 30-тина сантиметри и ги оставаш да одморат под крпата. Потоа ги досукуваш, и правиш уште подолги “црви” од 50-60 сантиметри. Ја потпевнуваш “Не се бели Маре мори, не се црви…”. Ги “плетеш” переците и ги ставаш на тепсија. Ги покриваш со големи најлони и оставаш да растат околу 45 минути. Потоа одат во замрзнувч да се замрзнат околу 2 часа. Минимум е 30 минути, а може да одат и на целовечерна. Во тенџере подготвуваш 1,5л. вода со 1/3 од шолја сода и чекаш да зоврие. На смрзнатите переци од фрижидерот, им приредуваш изненадување. Секој перек го спушташ со француска лажица во зовриената сода вода, и повторно назад на плехот. Така збунети, смрзнати па провриени, ги премачкуваш со жолчка од јајце и наросуваш со крупна морска сол Се печат 12-15 минути на 200 степени без вентилатор. Се мислиш зашто не подготви 8 перека, туку само 4. Одбираш еден ил’ два, ги сечеш на половина, мачкаш со крем сир и редиш мортадела. Ти си сега среќна личност! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народотПретседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта.Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта, пропагандните кампањи, дискредитациите, навредите кон граѓаните, криминалните врски со Вучиќ, избегнувањето конкретни одговори пред јавноста и распродажбата на земјата. „Сакам да кажам почитуван премиер, ама не можам. Ја почитувам функцијата, меѓутоа премиере, не и тебе лично, најмногу поради тоа што на тој начин ја практикуваш власта. Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации“, рече Филипче. Тој нагласи дека премиерот повеќе од две години ги избегнува конкретните одговори, а наместо отчетност нуди навреди и дефокусирања. „Не одговараш на ниту едно прашање така како што го поставуваме и на ниту едно прашање конкретно не си одговорил изминативе повеќе од две години. Јас ќе се обидам сега ќе поставам едно прашање кое што е многу важно. Искрено се надевам дека нема да слушаме дел повторно од твојот фолклор, затвори, решетки, лисици, талог, медиокритет и така натаму. Зграда во Дубаи и Харис Џиновиќ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека системот на политичка поддршка од Унгарија и Србија се губи со падот на Вучиќ и дека ќе мора да одговара на прашања и надвор од собраниската сала. „Јас знам дека тебе сега не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш? Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места“, порача тој. Филипче ги отвори и прашањата за финансиските текови, нагласувајќи дека информациите за можни трансфери на пари од Србија бараат одговори и одговорност. „Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче. Тој додаде дека на прашањата пред надлежните инстанци нема да може да се одговара со истиот начин на дефокусирање. „Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 29.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ФудбалШто се случува со предводникот на Баерн М. Винсент Компани? Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, останува во болница откако во петокот колабираше, а официјалната причина за неговиот здравствен проблем сè уште не е соопштена.Во меѓувреме, се појавија нови информации за неговата состојба, како и за можните причини за инцидентот, пренесува германскиот портал „tz.de“. Компани е на испитувања во клиника во Минхен, а тимот на Баерн привремено го води неговиот помошник Арон Данкс, кој во понеделникот го посети во болница. „Тој е добро расположен. Се чини дека секој ден му е подобро, што е многу позитивно“, изјави Данкс, напоменувајќи дека сè уште нема информации за дијагнозата или за датумот на враќање на Компани на работа. Според него, белгискиот стручњак е смирен и има доволно време за закрепнување. За време на посетата, тие не разговарале за фудбал и тактика, туку се фокусирале на лични теми. „Имавме пријатен разговор, но воопшто не спомнавме фудбал или тактика. Тој се интересираше за состојбата на играчите и на другите членови од стручниот штаб. Тоа беше чисто пријателски разговор“, објасни Данкс. Во меѓувреме, се појавија и информации за последиците од падот. Според порталот „Absolut Bayern“, Компани го изместил рамото за време на инцидентот во тренинг-центарот на Баерн на улицата Зебенер (Säbener Straße). Повредата била санирана откако тој бил пренесен во болница, каде што потоа бил задржан на дополнителни прегледи. Истиот извор наведува дека тренерот во текот на тој ден се пожалил на силни главоболки, поради што во изминатите денови бил подложен на детални невролошки прегледи. Сепак, официјална дијагноза сè уште не е објавена. Исто така, се појавија тврдења дека уште пред овој настан, Компани бил свесен оти е преоптоварен со обврски, поради што наводно почнал да ја менува својата секојдневна рутина. Според извештаите, белгискиот стручњак сфатил дека мора радикално да го промени својот начин на живот, а еден од главните проблеми наводно бил недостигот на сон поради видео-анализите на натпреварите што ги правел во текот на ноќта. Засега не се знае кога Компани би можел да ја напушти болницата и да се врати на своите тренерски обврски во Баерн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!Кого мислите дека манипулирате, кога за само 24 часа сами си ги демантиравте сопствените пропагандни бајки? Од една страна, премиерот Мицкоски се слика на гламурозни презентации и најавува апликација „мУслуги“ со ветувања за помалку шалтери, помалку хартиени документи и дигитализација, а од друга страна, Владата шверцува одлуки за масовно трајно вработување на илјадници луѓе во јавната администрација! Ова е дрско безобразие, лицемерие и отворено потценување на интелигенцијата на македонските граѓани! Каква е таа „дигитализација“ во која ги укинувате шалтерите, а истовремено барате нови десетици илјади измислени работни места во државните канцеларии? Колку десетици милиони евра ќе не чини ова лудило и од празниот буџет? Одговорот е еден и еден единствен: ова не е никаков реформски чекор, туку брутално пумпање на јавната администрација со партиска војска пред избори, директно на грбот и на трошок на народот! А народот е пред банкрот! “Додека целиот развиен свет инвестира во вештачка интелигенција, автоматизација и помала, побрза и поефикасна држава, оваа Влада нè враќа во најцрните времиња на партискиот клиентелизам и цицање на буџетот! Властите го стегаат ременот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, а ги шират редовите на непродуктивната партиска машинерија”, заклучува Боби Мојсоски, поранешен пратеник во Собранието и генерален секретар на ЛДП. Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува: Доста со евтините театри и паралелните реалности! Државата не е партиски плен, ниту пак народот е тука за да ги финансира вашите изборни апетити! Бараме итен вистински рез во државните трошоци, вистинска дигитализација со вештачка интелигенција и СТОП за новото лудило на Владата кое го бутка народот на колена и со свиткана кичма!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00