Пералната во Клинички центар повторно не работи, вработените во штрајк поради неисплатени плати - Канал 5

Пералната во Клинички центар повторно не работи, вработените во штрајк поради неисплатени плати

Битка за чист чаршав помеѓу клиниките во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Вработените во пералната во клиничкиот центар се уште штрајкуваат и не работат, бидејќи на нивната сметка веќе седум месеци нема легнато плата. 

Пералната во Клинички центар повторно не работи, вработените во штрајк поради неисплатени плати

Велат штрајкот ќе продолжи, а внатре во пералната купишта чаршави стојат со денови, од каде се шири непријатна миризба. Од неколку клиники за канал 5 потврдија немаат чиста постелнина а проблем се и матријалите за во операционите сали. Со пералната управува фирмата Скопстер велат дека се во интензивни преговори со министерството за здравство за отпочнување на реализацијата на јавното приватно партнерство и велат дека пераланта била земена во исклучително тешка состојба. Во делот за платите прстот го вперуваат во службите за општи и заеднички работи од каде требало да бидат подмирени обврските за менаџирањето со пералната.

-Веруваме и се надеваме дека за многу кус временски период состојбата со пералната, посебно со заостанатите плати, ќе биде решена. Со Министерството за здравство интензивно се работи на координација со Службата за Општи и Заеднички Работи од каде треба да ни бидат подмирени обврските за менаџирањето со пералната- Скопстер.

Од Службата за општи и заеднички работи за Канал 5 потврдија дека средствата што ги префрлиле на сметката на Скопстер биле доволно да се покријат палтите на 11 вработени. Од трудовата инспекција за Канал 5 објаснуваат дека направена е инспекција и доколку во дадениот рок не се исплатат платите ќе биде поднесена кривична пријава. Од министерството за здравство не знаат дека има штрајк и дека се работи на решавање на проблемот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето.

Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Четири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на  седница на Собранието.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера.

Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина.

Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“.

Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“.

Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето.

Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот.

Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил.

Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени.

Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер