ФудбалПеп Гвардиола на Бернабеу носеше часовник од 1,3 милиони евра Пеп Гвардиола е еден од ретките луѓе во светот кои можат да се пофалат дека носат часовник Richard Mille 27-01 на зглобот.Овој часовник е специјално дизајниран во чест на Рафаел Надал, а само 50 примероци се произведени и дистрибуирани до сопствениците ширум светот. Часовникот вреди 1,3 милиони евра и тежи само 18,83 грама. Тоа е најлесниот механички часовник на светот, а Гвардиола го носеше на мечот со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и му го покажа на светот. Токму тоа беше целта на компанијата која Ричард Мил ја основа во 2001 година. Кога првпат излезе во продажба, вредеше 800 илјади евра, но со текот на времето неговата вредност речиси двојно се зголеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје пронајдени тројца илегални мигранти од судан при контрола на камионЦаринската управа денеска информираше дека пронајдени биле тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење.„Царински службеници од царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба“, посочија од царина. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. „Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на министерството за внатрешни работи“, додаваат од управата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрамп планира градежни проекти во Белата куќа од речиси милијарда долариАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзнициСпоред весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од Конгресот. Парите биле пренасочени во сметката на извршната резиденција на Белата куќа наменета за поправки и реставрација, за проекти кои администрацијата ги опишува како „проекти за модернизација“. Во извештајот се наведува дека планираните зафати вклучуваат изградба на балска сала во источното крило, уредување на плоштадот Лафајет, изградба на хелиодром, нов центар за безбедносна проверка на посетителите и други подобрувања, со што проценетата вкупна цена достигнува најмалку 927 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари! Американскиот кошаркар Пејтон Вотсон одбил понуда вредна 70 милиони долари од НБА тимот Денвер Нагетс.Денвер Нагетс му понудија на Пејтон Вотсон четиригодишен договор вреден 70 милиони долари, но американскиот кошаркар ја одбил понудата од тимот од Колорадо. Како што пренесува Сем Емик од порталот „Атлетик“ (The Athletic), Вотсон смета дека оваа понуда е далеку од она што го заслужува по одличната сезона во која имаше просек од 14,6 поени, 4,9 скока и 2,1 асистенција за околу 30 минути игра по натпревар. Како што веќе пишувавме, три франшизи внимателно ја следат ситуацијата: Кливленд Кавалирс, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс. Сè уште постои опција Вотсон да го продолжи договорот и веднаш да биде разменет од Денвер – за што исто така пишувавме – како и опција сите преговори да пропаднат, па Пејтон да ја прифати квалификациската понуда од 6,5 милиони долари и следното лето да стане слободен агент без ограничувања. Во моментов, Вотсон е слободен агент со ограничувања, бидејќи Нагетс го задржуваат правото да израмнат која било понуда што тој ќе ја добие.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook