Пензионерка им оставила милиони на домашните миленичиња, а ништо на децата - Канал 5

Пензионерка им оставила милиони на домашните миленичиња, а ништо на децата

Неименувана пензионерка од Шангај им оставила богатство (2,8 милиони долари) на своите мачки и кучиња и апсолутно ништо на своите деца.

Пензионерка им оставила милиони на домашните миленичиња, а ништо на децата

Пред неколку години направила тестамент и ги поделила парите на своите наследници (има три деца). Меѓутоа, таа се предомислила и ги „израдувала“ милениците.

Приказната звучи изненадувачки и шокантно, но старицата тврди дека причините се оправдани. Таа наведува дека нејзините деца никогаш не ја посетуваат и не се грижат за неа кога е болна, пренесува Oddity Central.

Таа додава дека наследниците ретко контактираат со неа, па имотот им го оставила на своите миленици кои се постојано со неа.

Не само што ги обезбедила своите кучиња и мачки, туку и нивните потомци.

Кинескиот закон им забранува на луѓето да оставаат имот директно на животните, но таа успеала. Во договор со адвокатот, таа ќе го остави богатството на ветеринарна амбуланта, која ќе се грижи за домашните миленици.

Приказната допре до срцата на милиони Кинези, од кои многумина сочувствуваат со нејзината мака. Тамошните закони ги казнуваат децата кои ги запоставуваат своите родители.

"Добро сторено. Ако мојата ќерка се однесува лошо во иднина, ќе ја оставам куќата на други“, напиша едно лице на Веибо (кинеската верзија на Твитер).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Народот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша.

Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез.

Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата.

Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата.

Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група.

Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност.

СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. 

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.

„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Трамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател  Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер