АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
1АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
3Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
ЖивотПензионер вандал оштетил повеќе од 1000 автомобилиДесетина години жителите на градот Виго живеат во страв од еден пензионер вандал, кој без никаква причина со клучеви, пари ги гребе и оштетува нивните автомобили. Лошиот пензионер дури знае и бравите на автомобилите да им ги наполни со чепкалки. Граѓаните на Виго ги чуваат своите автомобили од пензионерот вандал 79 годишниот Хозе Антонио, која само минатата 2018 година вандализирал повеќе од 1000 автомобили . Поголем број од вандалите би се криеле од погледите на луѓето и камерите кога ги прават лошите работи но, не и пензионерот Хозе која нема проблем и пред многу сведоци да го изврши делото, со својот бастун да го удри или изгреба паркираниот автомобил. Според полицијата Хозе во 2018 година уништил 1120 автомобили, односно ги изгребал со остар предмет или им ја оштетил бравата. 79 годишниот пензионер вандал на барање на полицијата од Виго бил прегледан од психијатар, но докторот не утврдил никакво пореметување кај Хозе, и тој е пуштен по три дена минати во ментална установа. Стручњаците сметаат дека зад ваквото антисоцијално однесување на Хозе стои целосниот недостаток на емпатија. Иако Хозе досега неколку пати бил приведен во полиција поради своите дела, тој не се откажува од намерата да оштетува автомобили. Неговите сограѓани дури по улиците на градот имаат залепено постери со ликот на Хозе како предупредувања . Полицијата во Виго проценува дека досега Хозе направил штета на автомобилите од околу половина милион евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива.-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Македонија. -АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење. Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола. Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи. Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка. Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити. Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење. АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата, стои во соопштението од банката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветСАД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина!САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина! Зделка вредна 2,1 милијарда долари, Зеленски предупредува на сериозен проблем.На 30 октомври, Стејт департментот на САД ја одобри можната продажба на 500 ракети-пресретнувачи за противвоздушниот систем „Патриот“ на Украина, во вредност од 2,1 милијарда долари. Истиот ден, главниот воен командант на НАТО изјави дека испораките на американско оружје, купено од европските сојузници, продолжуваат без одлагање. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, но предупреди дека за испораките би можеле да бидат потребни неколку години, додека на Украина ракетите ѝ се потребни уште оваа зима за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руските напади. Тој ги повика САД и нивните партнери да ѝ обезбедат на Украина ракети-пресретнувачи од постојните залихи, а подоцна да им ги надоместат преку нови договори. Предложениот пакет вклучува ракети-пресретнувачи од типот PAC-3 MSE (Missile Segment Enhancement) – напредни ракети со голема брзина за системот за противвоздушна и противракетна одбрана „Патриот“ (Patriot) – како и резервни делови и логистичка поддршка, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Набавката ќе биде финансирана од Канада, Германија и Норвешка преку програмата JUMPSTART – американски механизам за забрзана набавка, кој им овозможува на меѓународните сојузници и партнери да финансираат и брзо да обезбедат оружје произведено во САД. За оваа набавка нема да се користат средства од американската влада, додека дополнителното финансирање ќе биде обезбедено од украински средства, поддржани преку заем за помош од Европската унија наменет за Украина. Одобрението претставува чекор кон можна продажба, а не завршена набавка, при што датумот на испорака не е прецизиран. Американскиот Конгрес, вообичаено, има рок од 30 дена за разгледување на предложената продажба за Украина, додека производството и испораката на сложени системи за вооружување може да потраат со години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБАВидео: Брилијантниот Леброн „го „урна“ НБА шампионотЕден од најдобрите светски кошаркари во историјата ѕвездата на Филаделфија, Леброн Џејмс дури и на 41-годишна возраст, во својата 24-та НБА сезона, не престанува да воодушевува. Легендарниот кошаркар одигра одличен натпревар за својот нов клуб и ги предводеше Филаделфија до победа од 98:93 против актуелните НБА шампиони, Њујорк Никс, во рамките на утринската програма во НБА . Џејмс го заврши натпреварот со 20 поени, девет скока и осум асистенции, со што беше еден од најзаслужните за победата на Филаделфија. Тој изгледаше особено импресивно во завршницата на натпреварот, кога ја презеде одговорноста и му помогна на својот тим да го скрши отпорот на домаќините. Го реши натпреварот во завршницата Никс се обидоа да направат пресврт во последната четвртина, а Џејлен Брансон погоди тројка за водство на Њујорк од 90:89, на минута и пол пред крајот. Но, тогаш на сцена стапи Џејмс. Тој возврати со кош и ѝ донесе ново водство на Филаделфија. a LeBron James masterclass in South Philly. 20 PTS | 9 REB | 8 AST @PALottery https://t.co/Zbht6gCTiu — Philadelphia 76ers (@sixers) October 31, 2026 Џејмс во текот на натпреварот покажа дека сè уште може да доминира на двете страни од теренот. Во првото полувреме, тој моќно го проби Микал Бриџис и поентираше, додека во третата четвртина, во полн трк, го блокираше обидот на Оџи Ануноби. На тој начин, Филаделфија оствари вредна победа на гостински терен, а најдобар стрелец во тимот беше Тајрис Макси со 27 поени. Во редовите на Никс, најефикасен беше Џејлен Брансон со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook