Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветПензија сè подалеку: Во овие држави од Европа е најголемиот работен век, а еве како е во Македонија Очекуваниот работен век во државите на Европската унија и пошироко последните децении постојано расте, па Европјаните денес поминуваат повеќе години на работа отколку кога било порано.Според податоците на Евростат, просечното траење на работниот век во ЕУ во 2024 година изнесува 37,2 години, што е за 2,4 години повеќе во споредба со 2014 година, кога работниот стаж во просек траел 34,8 години. Можеби ќе ве интересира: Во шест држави на ЕУ се работи најмногу- нашите соседи со најкус просечен работен век Најкраток работен век имаат жителите на Романија, a еве како е во Македонија Податоците откриваат значителни регионални разлики. Во ЕУ, најкраток работен век имаат жителите на Романија (32,7 години), а најдолг Холанѓаните (43,8 години). Ако во статистиката се вклучат и земјите кандидати за ЕУ и членките на ЕФТА, распонот е уште поголем – Турција е на дното со 30,2 години, додека Исланд го држи рекордот со дури 46,3 години работен стаж. Нордиските земји доминираат: Исланд (46,3), Холандија (43,8), Шведска (43), Данска (42,5), Норвешка (41,2) и Финска (39,8) имаат најдолги работни векови. Западна Европа исто така бележи високи просеци – Швајцарија (42,8), Ирска (40,4) и Германија (40). Од другата страна, Франција (37,3), Белгија (35) и Луксембург (35,6) се околу или под европскиот просек. Во јужна Европа ситуацијата е разновидна: Португалија (39,3) и Малта (39) се над просекот, додека Италија (32,8), Грција (34,8) и Шпанија (36,5) значително заостануваат. Можеби ќе ве интересира: Во оваа европска држава мора да се работи до длабока старост: Зголемена границата за пензија Источна Европа главно е во средината – Унгарија (37,4) е на нивото на просекот, но Романија (32,7) и Бугарија (34,8) имаат пократки работни векови. Балканските и југоисточните земји како Македонија (31,5) и Црна Гора (32,1) бележат најкраток работен век во Европа. Зошто разликите се толку големи? Експертите истакнуваат три клучни причини: • Побарувачка за работници – поголемата побарувачка го продолжува работниот век • Пензиски и работни закони – старосната граница и флексибилноста на пазарот на труд • Однос кон постарите работници – помала дискриминација значи подолго останување во работната сила Според „Евростат“, дури 81,5% од разликите меѓу државите може да се објаснат со стапката на вработеност – таму каде што помалку луѓе работат, работниот век е пократок, пренесува Blic Biznis/Euronews Business. Иднина: границата за пензија сè повисока Многу држави веќе ја зголемија старосната граница за пензионирање, а ОЕЦД предвидува дека до 2060 година просечната граница во ЕУ ќе биде близу 67 години, а во некои држави и над 70.Тагови: Европа работен век работен стаж Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
ЕвропаПочина принцезата Астрид од НорвешкаНорвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот крал Харалд V, почина на 94-годишна возраст, соопшти кралската палата.Нејзиниот брат Харалд почина минатиот месец на 89-годишна возраст, по повеќе од 35 години на тронот. Принцезата Астрид го имаше своето последно јавно појавување на неговиот погреб во среда. Почина норвешката принцеза, сестра на кралот кој почина минатиот месец „Принцезата Астрид го претставуваше кралското семејство на топол и совесен начин во текот на целиот нејзин долг живот“, изјави кралот Хакон VIII во соопштението. Норвешка во среда одржа едноминутно молчење на погребот на Харалд V, современа личност која ги поврзуваше луѓето среде низа скандали што го означија крајот на неговото владеење. Значајни меѓу нив беа врските на неговата снаа Мете-Марит со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и пресудата за силување на нејзиниот син Мариус Борг Хоиби. Харалд се качи на престолот во 1991 година и беше најдолго владејачкиот монарх во Европа до неговата смрт. Тој секогаш одбиваше да абдицира и покрај бројните здравствени проблеми и беше исклучително популарен меѓу своите сограѓани. Извор: Индекс.хрТагови: Норвешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВремен режим на сообраќај на ГП „Делчево“Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања. Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот. Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.Тагови: ГП „Делчево“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter