Пентагон: Американските војници нема да се борат во Украина против Русите

Американските трупи нема да водат војна во Украина во случај на руска „инвазија“ на таа земја, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

„Претседателот Џозеф Бајден јасно стави до знаење дека американските трупи нема да бидат во војна во Украина“, рече тој.

Употребата на американските сили, рече тој, дури и за евакуација на американските граѓани од земјата „ќе го зголеми ризикот од погрешно проценување и ќе ја зголеми можноста за конфликт меѓу руските и американските сили“, што, според портпаролот на Пентагон, ќе ја преземе ситуацијата. „на ново ниво“.

Тој посочи дека конфликтот околу Украина се уште може да се спречи, но времето истекува. Американската администрација не ја разгледува можноста за воведување превентивни санкции против Русија, рече Кирби за телевизијата MSNBC.

Во меѓувреме, нова серија американско оружје пристигна во Украина.

„Утрово два авиони пристигнаа во Киев со американска помош за брза реакција со цел да се зајакне одбраната на Украина. Тоа е дел од помошта вредна 200 милиони долари – муниција“, објави американската амбасада на Твитер.

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников на Фејсбук напиша дека од САД досега се испорачани 1.300 тони воен товар.

Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести денеска во Кабинетот на претседателот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја презеде функцијата Претседател.

По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова оствари тет-а-тет средба со поранешниот претседател Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на претседателот.

На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Сиљановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.

Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава, се наведува во соопштението.

Проблеми за земјоделците – лош е откупот на пролетната зелка

Катастрофална е состојбата со откупот на пролетните зелки годинава. 

Годинава е катастофална состојбата со откупот на пролетната зелката. Во струмичкиото регион каде и најмногу се сади оваа култура секоја втора нива стои со неоткупени зелки кои скапуваат.

Во време кога во светот борбата за храна е се поголема во земјава скапуваат и пропаѓаат илјадници тони на свежа храна во која е инвестиорано од земјоделците и со мака и труд е сработено за на крајот да гледаат како пропаѓа оваа храна.

Причината за слабиот откуп е тоа што секаде во регионите каде извезуваме, годинава заради топлата пролет се роди зелка во големи количини. Проблемите со откупот уште на почетокот може да се насетат кога за само неколку дена од 30 денари откупната цена падна на 15 па на 12 и на крајот најдолг период да се задржи на 8 денари за килограм со најави дека ќе оди и до 6 денари за килорам. Со тие пари земјоделците намаат сметка да ги платат аргатите за берба а камоли да ги извадат вложените пари заради што и се одлучуваат да ја остават да скапува по нивите.

Вакви проблеми со откупот имаше и пред две години па како и тогаш така и сега од министерството за земјдоелство најавија дека ќе доплатат одредена сума од интервентиот фонд за да им се помогне на земјоделците.

Но апелот од земјоделците е да се одбере правилен модел при доделувањето на помошта бидејќи ако се оди како преклани со надополна од неколку денари на откупената зелка тогаш нема да бидат опфатени околу 60 до 70% од земјоделците на кои зелката им остана по нивите. Пролетаната зелка во струмичкиот регион секоја година ја има се повеќе како излезно решение да не остануваат нивите празни бидејќи производителите имаат сериозни проблеми со конкурентноста и увозот по дампинг цени на домати и краставици од соседна Албанија.

Бауш: Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи

Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи.

Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи, одржување на ниско ниво на инфлација, и да биде потранспарентна со трошењето на јавните средсва – оценува економскиот аналитичар Абил Бауш....

Со Бауш разговараше Сандра Спасовска.

притисни ентер