Пендаровски во разговор со солидарни граѓани: Вашата хуманост ќе биде раскажувана и на идните генерации

Пендаровски во разговор со солидарни граѓани: Вашата хуманост ќе биде раскажувана и на идните генерации

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, преку видео врска поразговара со неколку поединци кои со својот активизам, хуманост и солидарност помогнаа на многумина граѓани во екот на пандемијата на вирусот КОВИД-19, соопштуваат од неговиот Кабинет.

-ВцСакам да ви изразам огромна благодарност за тоа што го правевте до сега, се надевам ќе го правите и понатаму, бидејќи во ова време невреме многу малку од нашите сограѓани се решија да го направат тоа што вие го направивте. Навистина Ви благодарам. Сакам да Ве охрабрам. Имате голема поддршка од мене, истакна Пендаровски во видео разговорот.

Тој го слушна искуството на д-р Александар Каревски, кој заедно со неколкумина свои колеги на 3Д печатари изработуваат визири за заштита на вработените во здравствените установи. Нивната иницијатива за кратко време доби голем број поддржувачи. Досега, како што рече д-р Каревски се дистрибуирани околу осум илјади, а во текот на следната недела ќе бидат поделени уште 22 илјади визири за здравствените работници.

Пендаровски, исто така, се запозна и со хуманоста на семејството Велески, кои периодот на изолација го користат за да изработуваат заштитни маски.

Во разговор со претседателот Пендаровски, Марија Велеска од скопско Визбегово рече дека досега заедно со нејзиниот сопруг и ќерката изработиле над пет илјади заштитни маски и користејќи ги социјалните медиуми маските ги поделиле без да наплаќаат за нив.

-Давајќи им храна на тие што не можат да си ја дозволат, јас се хранам самиот себе си, отворено вели скопјанецот Али Февзи. Тој од сопствени средства купува храна и секој ден им помага на повеќе од 10 семејства. Вели дека го исполнува тоа што го прави, но истовремено Февзи испрати и апел до институциите – на семејствата и на поединците во социјален ризик да им помагаат во континуитет, а не само во период на криза.

За одбележување, како што рече претседателот Пендаровски е и гестот на иноваторите Ивица Поцков и Никола Глигоров. Тие се креатори на УВ-гард за дезинфекција од вируси и бактерии. Поттикнати од нивната хуманост, тие досега донирале пет вакви уреди и тоа, на скопските клиники за инфективни болести и за пулмологија и алергологија, на ГОБ „8 Септември", како и на болниците во Свети Николе и во Кавадарци.

Како што рекоа во разговорот со претседателот Пендаровски, за донација подготвуваат уште осум уреди за дезинфекција. Во видео разговорот Ивица и Никола го информираа претседателот Пендаровски дека уредот е со УВЦ-зраци и дека дезинфицира површини, воздух и какви било материјали.

Еден од соговорниците во видео разговорот беше и кавадарчанецот Борче Стаменов, којшто веќе четири години поправа стари, нефункционални компјутери и потоа ги донира на деца чии семејства не можат да си ги дозволат. Досега, како што рече Борче израдувал околу 220 дечиња.

Во изминатиов период кога сме соочени со пандемијата на вирусот КОВИД–19 и кога физичката дистанца е еден од начините на заштита меѓу граѓаните, околу 60 извидници во неколку скопски општини помагаа во одржување на редот. Владимир Костовски од Сојузот на извидници во разговорот посочи дека нивниот активизам е во служба на луѓето, а не во служба на маркетите или банките, бидејќи најважно е здравјето на нашите сограѓани.

-Вие правите исклучително важна работа. Вашиот ангажман во изминатите два месеца ќе биде раскажуван и на генерациите кои ќе доаѓаат. Ова нема да ви биде заборавено. Барем кај мене, а се надевам и кај целиот наш народ Вие ќе бидете забележани како вистински јунаци на нашето време, заклучи претседателот Пендаровски во разговорот со некокумина хумани и солидарни поединци и семејства.с

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер