Пендаровски во Франција, утре на средба со Макрон

Пред да замине, Пендаровски рече дека не очекува пресврт или драстична промена на позицијата, но порача дека тоа ќе биде исклучителна прилика да се соочат ставовите и да се нагласи постигнатото на земјава на пат кон ЕУ.

Со надеж дека ќе слушне што Париз предлага како промена во методологијата за преговори за членство во ЕУ, и дали тоа ќе биде доволно да се крене блокадата за датумот, македонскиот претседател Пендаровски ја започна дводневната посета на Франција, во чии рамки е превдидена и средба со неговиот колега Макрон.

Пред да замине, Пендаровски рече дека не очекува пресврт или драстична промена на позицијата, но порача дека тоа ќе биде исклучителна прилика да се соочат ставовите и да се нагласи постигнатото на земјава на пат кон ЕУ. На средба со Макрон денеска ќе биде исрпскиот претседател Вучиќ, кој вчера од Охрид порача дека ќе се заложи за земјава пред францускиот претседател.

Изјавата на Вучиќ дојде по разговорите за создавање на мини шенген со дел од земјите од регионот. Оваа иницијатива се уште предвикува одредени дилеми и сомнежи, но наидува на поддршка.. По високиот американски дипломат Метју Палмер, денеска и францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние порача дека неговата земја е за сите облици на заедничка соработка на земјите од регионот.

Дел од аналитичарите пак сметаат дека одредени изјави од францускиот претседател Макрон и други политичари во ЕУ, покажуваат дека Европа сепак бара алтернативи за Балканот. Во интервју за ДВ, експертот за Балканот и соработник на атлантскиот совет Димитар Бечев вели дека иницијативи кои се од економски карактер како таа за мини Шенген лесно можат дапреминат и во политички. Според него, францускиот претседател Макрон, со новата методологија за членство ќе бара компромис кој пред неговите гласачи ќе го претстави како победа.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер