Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновен
2Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновен
3Вуди Харелсон откри дека неговиот татко бил интимен со мајката на Метју Меконахи- можеби се браќа?! (ВИДЕО)
МакедонијаПендаровски се обрати на 46. Европска конференција на млади инженериПретседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска онлајн се обрати на 46. Европска конференција на млади инженери на тема поврзување на инженерските перспективи, којашто, поради пандемијата, се одржува виртуелно.Целта на конференцијата, на која се пријавени повеќе од 150 млади инженери од европските земји, е споделување на нивните знаења, како и развивање на лични и професионални вештини. Во продолжение текстот од обраќањето на претседателот Пендаровски: Почитуван претседател на Инженерската институција на Македонија, Почитуван претседател на Европските млади инженери, Почитуван претседател на Европската федерација на европските национални инженерски асоцијации, Почитувани учесници, Задоволство ми е да ве поздравам на Конференцијата на млади европски инженери. Македонските граѓани се традиционално познати по своето гостопримство и ние навистина ќе се радувавме доколку вас ве пречекавме во Охрид. Но, поради пандемијата со КОВИД-19 ќе бидеме дигитални домаќини на оваа значајна конференција која за прв пат целосно се одржува онлајн. Затоа им честитам на организаторите – на Европските млади инженери, на Инженерската институција на Македонија и на Клубот на млади инженери за овој потфат. Оваа 2020 година е пресвртна за сите нас и тоа на повеќе нивоа. Кај нас годинава заокружуваме еден век од организираното здружување на инженерите и симболично го означуваме почетокот на новата етапа во инженерството кај нас. Пред само една година никој од нас не ни можеше да претпостави дека ќе се соочиме со пандемија која преку ноќ ќе промени многу наши планови и замисли. Некој можеби ќе забележи дека во изминативе месеци сите ние се навикнавме на онлајн конференции и дека ова веќе не е ништо ново. Но, наместо да ја земаме технологијата здраво за готово, ние треба да се потсетиме на една многу важна работа. А тоа е дека нашите држави, општества и економии продолжија да функционираат и во исклучително тешки услови токму благодарение на научниците и ИТ-инженерите кои со своите иновации нè воведоа во дигиталната ера. Инфраструктурата што тие ја изградија во изминативе децении го положи тестот на нашето време и ни овозможи да функционираме и во услови на социјална дистанца и ограничено движење. И покрај ваквиот очигледен инженерски подвиг, никој од нас не посакува новата реалност, како што ја нарекуваат, да стане наша трајна состојба. Освен здравствена, пандемијата создаде и економска, социјална и геополитичка криза. Нема држава во Европа и во светот која не е погодена од пад на економскиот раст и од зголемување на невработеноста. Соочени со овој голем предизвик, сите ние веќе треба да размислуваме во каков постковид свет, и конкретно, во каква постковид Европа сакаме да живееме. Која е улогата на инженерските струки во обновата на економиите и нашите животи? Постојат повеќе пристапи за надминување на штетните последици од пандемијата, но во речиси сите релевантни меѓународни извештаи се препорачува државите по секоја цена да продолжат да инвестираат во истражување и развој, иновации и нови технологии, бидејќи токму тие се дел од решението. Меѓу многуте неизвесности што со себе ги носи четвртата индустриска револуција, една работа е извесна – инженерската професија ќе има уште поважна улога во градењето на одржлива иднина. На пример, Светскиот економски форум препознава седум кластери на 97 професии на иднината што веќе се во подем. Во наредните неколку години овие нови професии ќе создадат потреба од милиони нови работни места со што ќе се намали невработеноста предизвикана од пандемијата. Интересно е што 16% од овие професии се од областа на информатичките технологии и на вештачката интелигенција, 12% се од областа на инженерството и клауд-технологиите, а 2% се од областа на зелената економија и обновливите технологии. Иако не се инженерски, останатите четири кластери или околу 70% од новите професии нужно ќе се потпираат на новите технологии и на дигиталните вештини. Потврда за тоа е и студија од 2017 година на McKinsey која покажува дека технологијата секогаш создавала повеќе работни места отколку што затворала. Сето ова зборува дека иднината на нашите држави и економии, и воопшто, иднината на Европа, во буквална смисла на зборот лежи во вашите раце, во рацете на младите инженери. Затоа вие сте можеби најважниот капитал на секоја држава. Токму затоа, наша должност како носители на одлуки е да го зајакнеме партнерството меѓу државата, науката, стопанството и граѓанскиот сектор за да овозможиме квалитетно и современо инженерско образование. Јас освен што го доделувам признанието „Инженерски прстен" на најуспешните млади македонски инженери, се залагам дигитализацијата да биде една од приоритетните области за стратешки развој на Република Македонија во наредната деценија. Се разбира при размислувањето за постковид иднината и за улогата на инженерството, не треба да веруваме дека технологијата ќе ги реши сите проблеми без промена на доминантните производствени, потрошувачки и, воопшто, животни навики. Профитот не треба да го има единствениот збор при инженерските решенија, бидејќи не сè што е краткорочно профитабилно е долгорочно исплатливо. Неопходно е да се посвети повеќе внимание на етиката во инженерството што како врвна вредност ќе го има достоинството на човекот, а како своја цел економскиот, технолошкиот и социјалниот инклузивен зелен развој. Ви посакувам успешна конференција, плодни дискусии, многу партнерства и пријателства за подобра иднина на сите нас, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
СветШефот на ЦИА во посета на Москва, од Кремљ молк Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, денес беше во Москва, според CBS и Axios, но ниту Вашингтон ниту Москва сè уште не го потврдија патувањето.Причината за патувањето, кое би била првата позната посета на Џон Ратклиф на Русија откако ја презеде функцијата во 2025 година, сè уште не е позната. Лет од Рига до Москва Американски воен авион полета од Латвија во вторник наутро во правец на московскиот аеродром Внуково, според веб-страницата за следење на летови Flightradar24. Авионот првпат полета во недела од воздухопловната база Ендрус, која се наоѓа во близина на Вашингтон и се користи за патување на високи функционери, до Рига, главниот град на Латвија. Истиот авион го напушти рускиот главен град рано навечер во вторник. Кремљ не ја потврдува средбата Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кога беше прашан за време на неговиот дневен брифинг, рече дека нема „таква информација“. Претходно, покрај тоа, тој рече дека за оваа недела не е закажан состанок во Кремљ со претставници на американската администрација. Можни теми за разговор Бројни теми би можеле да го објаснат ова ретко патување на највисокиот функционер на американската служба за надворешно разузнавање: конфликтот во Украина, оној со Иран - во време кога Вашингтон се обидува да ги придобие странските сили за својата стратегија за економски притисок врз Техеран - или размена на затвореници, истакнува агенцијата АФП. Русија и САД веќе имале вакви контакти во минатото. Вашингтон сè уште бара враќање на неколку Американци притворени на руска почва. Застој во мировните преговори Претседателот Доналд Трамп, кој еднаш вети дека ќе го заврши конфликтот во Украина во рок од 24 часа, сакаше да постигне брз мировен договор, но денес преговорите се во ќорсокак. Според „Фајненшл тајмс“, САД добиле гаранции од Украина дека нивните беспилотни летала нема да ја нападнат Москва или неколку други области на почетокот на неделата за да дозволат патување на висок американски функционер. Украинските сили неодамна ги засилија своите напади врз руска територија, понекогаш многу далеку од фронтовските линии, како одговор на офанзивата што ја започна Русија во февруари 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновенЉупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Вести плус“ на телевизија Канал 5, се осврна на случајот со модуларната болница во Тетово, кој во моментов е актуелен, откако Ислам Абази го затвори предметот. Според Пренџов, неприфатливо е случајот да биде затворен без одговорност, затоа што, како што вели тој, станува збор за објект набавен и платен од државата во периодот кога министер за здравство беше Венко Филипче. ,,Ако вие имате случај во којшто изгорел еден објект, којшто бил набавен и платен од државата. Ако во тој објект изгореле 14 наши сограѓани, јас никогаш нема да се помирам со фактот дека тој случај може да биде затворен, уште помалку да се извиниме на некој којшто тогаш бил власт и директно одговорен за набавката на таа модуларна болница“, вели Пренџов. Тој нагласи дека не може да се очекува јавноста да се помири со тоа што нема утврдена одговорност. Пренџов посочи дека и самиот не може да се помири со тоа што случајот е затворен, токму во пресрет на заминувањето на Абази од функцијата и истакна дека очекува неговиот наследник повторно да го разгледа предметот. ,,Мојот светоглед не дозволува да ако Ислам Абази како шеф на ОЈО ГОКК, којшто го затвора овој случај, му завршува мандатот за месец два, оваа есен, да се помириме дека тоа е нормално, дека тоа така треба да биде и дека тие 14 луѓе, загинале од ништо и за тоа никој не бил виновен. Нема да се помириме, се надевам дека следниот којшто ќе си го изберат меѓу себе обвинителите, главен обвинител за организиран криминал и корупција, ќе го отвори овој случај уште еднаш, и ќе ни каже дали навистина е тоа така. Ако вие сте држава, ако вие набавите некој објект, тој објект се запали и во него загинат луѓе, не може никој да не е виновен за ништо“, заклучи Пренџов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
ЕвропаМерц се закани по обидот за напад со дрон во Лајпциг: Ќе платат за тоа Федералната влада наскоро ќе објави кој стои зад обидот за напад со беспилотни летала на аеродромот во Лајпциг, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц.Федералната влада наскоро ќе објави кој стои зад обидот за напад со беспилотни летала на аеродромот во Лајпциг, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц, предупредувајќи дека одговорните „ќе платат за тоа“. Обидот за напад на 4 август покажува дека Германија е сè повеќе цел на хибридни закани, додаде канцеларот, според „Зидојче цајтунг“. Мерц: Напаѓачите станаа немилосрдни Канцеларот Фридрих Мерц изјави во вторник, пред состанокот на кабинетот во Нојхарденберг, дека владата наскоро ќе ги презентира своите наоди за обидот за напад со беспилотни летала во Лајпциг. „Тие ќе платат за тоа“, рече Мерц, но додаде дека Нојхарденберг не е местото каде што треба да се откриваат детали од истрагата. Според него, инцидентот во Лајпциг покажува дека хибридните напади врз Германија стануваат сè почести. „Напаѓачите станаа целосно немилосрдни и свесно ризикуваат голема материјална штета, па дури и повреди или смртни случаи“, рече Мерц. Тој истакна дека федералната влада се подготвува за вакви закани, првенствено со основање на Центарот за беспилотни летала во Магдебург. Тој го наведе одвраќањето како друга мерка. „Германија испраќа јасна порака – оние што стојат зад хибридните напади ќе сносат сериозни последици“, рече тој. Во Лајпциг, беспилотно летало со експлозив беше насочено кон украински товарен авион. Според информациите собрани од Зидојче Цајтунг, НДР и ВДР, безбедносните служби веруваат дека напаѓачите користеле вкупно три дронови. Поради германската помош за Украина, Русија е осомничена дека стои зад нападот. Повици за прекин на „флотата во сенка“ По новиот бран хибридни напади, водечките германски политичари бараат построг одговор на Москва. Себастијан Фидлер (СПД) изјави за Зидојче Цајтунг дека е време Путин да ги почувствува вистинските последици. „Тоа вклучува конечно запирање на неговата „флота во сенка“ што работи покрај нашите брегови“, рече Фидлер.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter