Извештајот на Силјановска, пак, се уште не е пристигнат до Комисијата. ОД ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој е испратен преку пошта како до Антикорупциска, така и до ДИК и најверојатно ќе пристигне деновиве. Спроед доставениот извештај, Пендаровски како приходи пријавил повеќе 504 илјади евра, а потрошил 484 илајди евра. Од нив 340 илјади се за платено политичко рекламирање. Пендаровски од граѓански донации добил 3.000 евра и 162 илјади евра од членарина.Во финансискиот извештај Река пријавил приходи од 18 илјади евра како донации од БЕСА и Алијансата на Албанците. Во првите десет дена кампања тој потрошил повеќе отколку што добил, односно потрошил 25 илјади евра, од кои 23 илјади за реклами и пропаганда, остантите за закупување на простор, транспорт и други трошоци. Извештаите на претседателските кандидати засега се објавени само на веб страницата на Антикорупциска, но не и на сајтот на ДИК. Оттаму потврдија дека финансиските извештаи до нив биле доставени на време, но дека немале техничка можност да ги објават веднаш. Деркоски тврди дека до понеделник ќе бидат исплатени и трошоците на медиумите.
Десетина дена пред изборот на иден шеф на државата, на фер и демократски избори преку потпишување Декларација се обврзаа и подмладоците на 29 политички партии во земјава.
Подготовките за спроведување на изборниот процес течат и во МВР. Преку електронски курс полициските службеници се обучуваат за ниванта улога за време на изборите и во изборната кампања.
На четири дена пред изборите ДИК ќе го достави изборниот материјал до општинските избирачки одбори. Гласачките ливчиња и за овој изборен процес ќе ги печати печатницата „Киро Дандаро“. За набљудување на изборниот процес на 21 април досега се над 3.000 се домашни и над 400 странски набљудувачи.