Пендаровски: Очекувам масовна излезност и поддршка на 5 мај

Денеска организираме трибина за млади, затоа што мислам дека таа тема е исклучително битна генерално за развојот на нашето општество.

Не само сега во предизборнава кампања, и затоа за таа цел и е дадено посебно место во мојата програма за следните 5 години. Ако ја добијам довербата на граѓаните на 5 мај имам намера тоа прашање да го поставам на приоритетно место, затоа што развојот на општеството зависи од развојот на младата популација односно од шансите кои таа популација ќе ги има пред се во својата земја.

Значи станува збор за креирање на амбиент во кој ќе им понудиме наместо изолација како што беше со години наназад шанса да се дружат со своите врсници од Европа, да бидат дел од заедничкиот европски пазар, да бидат дел од заедничките образовни европски програми, и што е многу важно на таков начин низ комуникација со своите врсници од Европа да ги усвојуваат европските вредности.

Една од клучните европски вредности во тој дел е развивањето на критичкото мислење затоа што само на таков начин со прашување, со оспорување, со дебатирање околку клучните правци на развојот, и околу клучните проблеми кои нив ги мачат, можеме да дојдеме до напредни решенија, креативноста на младите мора да биде ослободена, а тоа не се прави во стеги или во изолација.

Во мојата програма имам предвидено неколку проекти за младите, но се разбира во целина генералната рамка на мојата програма значи Македонија да биде многу брзо дел од евроатлантските структури со што младите ќе добијат многу поширок простор за реализација на нивните замисли и за развивање на нивните професионални и лични кариери.

Украинците објавија снимка од жестоки улични борби за важен град на северот (ВИДЕО)

Украинските граничари објавија снимки од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск во североисточниот дел на земјата, во областа Харков.

Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили започнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.

Русите тврдат дека влегле во градот од два правци за да воспостават позиции, додека Украинците тврдат дека ги враќаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во предградијата на Вовчанск.

Таравари: До петок конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање на влада, рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

Советот на Европа постигна договор за вештачката интелигенција

Министерите за надворешни работи на 46 земји на Советот на Европа се договорија за договор за употреба на вештачка интелигенција (ВИ).

„Со овој нов договор сакаме да обезбедиме одговорна употреба на вештачката интелигенција која ги почитува човековите права, владеењето на правото и демократијата“, рече генералниот секретар на Советот, Марија Пејчиновиќ во соопштението за медиумите.

Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција е првиот обврзувачки меѓународен договор за технологијата. Иако е изготвен под покровителство на Советот на Европа, може да го потпишат и други земји.

Меѓу другото, потписниците се согласуваат да создадат одредби во нивните национални закони кои обезбедуваат соодветна транспарентност, надзор и одговорност при користењето на системите за вештачка интелигенција. Тие, исто така, се обврзуваат да обезбедат системите за вештачка интелигенција да не ја дискриминираат неправедно или да ја нарушуваат приватноста на луѓето.

Конвенцијата се разликува од идниот Закон на Европската унија за вештачка интелигенција, иако ЕУ учествуваше во изготвувањето на договорот.

Иако конвенцијата е збир на широки принципи до кои потписниците мора да се придржуваат во нивните национални закони, Законот за вештачка интелигенција е специфична и детална регулатива која се применува во 27 земји на ЕУ.

Министрите на ЕУ се очекува да го одобрат Законот за вештачка интелигенција во вторник.

Советот на Европа и Европската унија се целосно одвоени организации, иако сите 27 земји-членки на ЕУ се меѓу 46-те членки на Советот.

Во изготвувањето на конвенцијата учествуваа 11 земји кои не се членки на Советот: Аргентина, Австралија, Канада, Костарика, Израел, Јапонија, Мексико, Перу, САД, Уругвај и Ватикан.

притисни ентер