Пендаровски: Нашето го исполнивме и сега останува ЕУ да го одржи ветеното

Нема ниедна земја членка која вели дека Македонија треба да заврши други работи, организиран криминал, корупција, реформи во медиуми, администрација, дури ни законот за СЈО не го споменуваат како услов.

Важно е македонската јавност да знае дека ако не добиеме датум сега, во јуни или јули, ако го добиеме на есен, тоа нема да биде затоа што не сме подготвени за тоа, што го потврдуваат и во ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА.

– Нема ниедна земја членка која вели дека Македонија треба да заврши други работи, организиран криминал, корупција, реформи во медиуми, администрација, дури ни законот за СЈО не го споменуваат како услов. Сите велат сѐ направивте. Би било поради внатрешната политичка динамика на некои земји и поради распоредот на работа, истакнува Пендаровски.

Посочува на вчерашната изјава на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дека ние нашето го исполнивме, и сега останува ЕУ да го одржи ветеното. Во прашање е, вели, легитимитетот и кредибилитетот на ЕУ.

Пендаровски смета дека нема ризици за внатрешно-политичката состојба во државата.

– Ние сме политички најстабилната држава на Западниот Балкан. Внатре во Македонија, нема ризици. Затоа што албанскиот политички фактор е интегриран и во Владата и во институциите. Ниту албанската ниту македонската опозиција не се надвор од институциите, мое предвидување е дека нема да прават проблеми зашто не сме добиле сега, оценува Пендаровски.

Смета дека ќе нема ниту безбедносни тензии, но можно е зголемување на евроскептицизмот.

Опасноста за кочење на земјата, според него, доаѓа од надвор.

– Има избори во Грција на седми јули, сегашната грчка опозиција има потврди ставови кон Преспанскиот договор, од нивен аспект. Има најави дека ќе го почитуваат договорот, но ќе бидат поригидни во имплементирањето. Може да добиеме потврд став, преведено значи дека можеме да добиеме блокада во ЕУ за некој аспект од Преспанскиот договор. Од изминативе неколку недели веќе се случува едно повидливо присуство на забелешки од Бугарија во однос на Договорот со Бугарија. Бараат брзи резултати од комисијата на историчари, сакаат да работи побрзо и да има ефект, вели меѓу другото шефот на државата во интервјуто за МИА.

Откриени над 200 килограми канабис на грчкото пристаниште Игуменица

Со помош на куче откривач на дрога, во камион што пристигнал од Италија на грчкото пристаниште Игуменица, крајбрежната служба на Грција открила речиси 210 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, кучето Влад ја открило дрогата спакувана во 193 најлонски кеси со вкупна тежина од 209 килограми и 820 грама.

Возачот, 60-годишен грчки државјани бил уапсен и ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Камионот со траект, на Игуменица пристигнал од Италија. /МИА

Лабиб: ЕУ не банкомат...

ЕУ не банкомат, туку Унија на вредности кои мора да ги почитуваат оние што сакаат да и се приклучат 

Европската Унија не банкомат или организација за трансакции на пари, туку пред се е Унија базирана на основните вредности, како што се демократијата и владеењето на правото, кои мора да бидат прифатени, заштитени и зацврстени во сите општества кои сакаат да се приклучат кон европското семејство, изјави денеска белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија Хаџа Лабиб.

- Војната во Украина даде нов импулс на проширувањето, а Декларација од Гранада на Европскиот совет од октомври минатата година јасно потенцира дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Но, Декларација од Гранада јасно ги постави и одредниците – и двете страни, и идните земји членки и самата ЕУ, мора да се подготват за проширувањето, истакна Лабиб на заедничката прес-конференција со потпретседателката на Европската комисија задолжена за вредности и транспарентност, Вера Јоурова по завршувањето на неформалното заседание Советот за општи работи на ЕУ (ГАК).

Лабиб нагласи дека денешниот ГАК бил целосно посветен на утрешниот ден, кога, како што рече, не се одбележува само Празникот на трудот, туку и 20-годшнината од големото проширување на ЕУ на 1 мај 2004 година, кога беа примени 10 нови членки и таа од Унијата на 15 стана Унија на 25 земји.

- Можеме да кажеме дека ова проширување беше успех, економски секако, но исто така претставуваше и триумф на европските вредност на слободата, демократијата и владеењето на правото, изјави Лабиб, додавајќи дека денес Унијата стои на нов крстопат кога милиони лица бараат пристап до неа.

А за да се реализира тоа ново проширување, според неа, и земјите аспиранти за членство и ЕУ мора да спроведат реформи.

- Проширувањето е долг и предизвикувачи процес кој бара значајни напори и неопходни реформи, но важно е дека тоа треба да го спроведеме заедно, додаде Лабиб.

Во однос на кандидатите за членство, Лабиб смета дека тие реформи треба да се однесуваат на прифаќањето на стандардите на ЕУ, обезбедувањето стабилност и спремност за интегрирање во европското семејство.

- Исто така, мора да ги зајакнеме и заштитиме нашите основни вредности, човечкото достоинство, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и секако човековите права. Кога зборуваме за проширувањето никогаш не смее да ги запоставиме овие права и да правиме компромиси со нив, туку треба да ги промовираме и зајакнеме, бидејќи тие се клучот на успехот, додаде Лабиб.

Според белгиската министерка, без почитувањето на принципите на владеењето на правото ќе ја нема ЕУ и ќе нема единствен пазар кој би функционирал ефикасно.

Во однос на реформите во самата ЕУ, според Лабиб, треба да му се даде нова динамика на заедничкиот европски пазар, да се зајакне самата Унија и да може да усвојуваат решенија побрзо и поедноставно, па затоа се потребни измени во начинот на носење одлуки и надминување проблемите со ветото.

Лабиб нагласи ЕУ има доволно постоечки механизми за да изврши реформи и без да ги „отвори“ Договорите на Унијата, процес кој би можел да биде сложен и долг.

Во делот на реформите во ЕУ, Јоурова оцени дека клучни ќе бидат три прашања и тоа она за ветото при носењето одлуки, за членот 7 од Договорот за ЕУ, кој се однесува на можноста за суспензија на првата од членство поради непочитување на принципите на Унијата, како и за буџетот на блокот.

Осврнувајќи се на самото денешно заседание, Јоурова истакна дека тоа било една од најкорисните дискусии на кои присуствувала во нејзиното 10-годишно искуство како член на Европската комисија и на неа станало збор за параметрите на владеењето на правото и зошто ЕУ инсистира на овој принцип.

- Ставаме акцент на работи кои не се лесно мерливо, но се основа на архитектурата на ЕУ и се неопходен услов за меѓусебната доверба меѓу земјите членки и луѓето што живеат во ЕУ, додаде Јоурова.

Таа нагласи дека врз основа на дискусијата на денешниот Совет ќе подготви препораки за следната Комисија и за земјите членки за тоа како да се продолжи понатаму со проширувањето, бидејќи. како што рече, тоа е процес во кои сме сите заедно.

Осврнувајќи се на 20-годишнината од проширувањето во 2004 година, Јоурова истакна дека како Чехинка е малку сентиментална и дека тогаш верувала оти како членка на ЕУ, Чешка ќе биде посилна, побезбедна и побогата и тоа се потврдило во пракса.

- Да се поканат 10 земји одеднаш во членство се покажа како мудар потег и можеби можеме да имаме слична одлука. Повикот да станеме поголеми, посилни и побезбедни е можеби најважен, додаде Јоурова.

На новинарско прашање дали во услови кога Украина спроведува мобилизација, ЕУ би одговорила позитивно на евентуално барање на Киев за депортирање на лицата кои како бегалци се под заштита во Унијата, а ги исполнуваат условите да бидат мобилизирани, Јоурова одговори дека блокот и помага на украинската држава на многу начини и ќе продолжат со тоа, но дека евентуална таква одлука не е во надлежност на ЕУ, тука на секоја земја членка одделно.

Лабиб, од своја страна, изјави дека ако тие лица имаат право на престој во ЕУ, тогаш, според нејзино мислење, никој не може со сила да ги натера да се вратат во Украина. /МИА

ДУИ: Мицкоски со лажни вести намерно ги загрозува меѓуетничките односи

Мицкоски и ВМРО почнаа со лажни вести да измислуваат, дезинформираат и оцрнуваат се што е албанско.

Ни помалку ни повеќе, денес, Мицкоски во стилот на лажни вести и заслепен од желбата за власт ја обвинува ДУИ и Али Ахмети дека организирале вооружена група некаде во Чаир и Бутел.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за подбуцнувачкиот вокабулар на меѓуетничка омраза на Мицкоски една недела пред 8 мај, денот кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата длабока победа.

Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, која е желба и главна цел на проруските центри во Северна Македонија.

Во оваа прилика, ДУИ и Европскиот фронт ги повикуваат граѓаните, без разлика на етничката припадност, да не станат плен на измислици и поттикнување меѓуетничка омраза, бидејќи вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин, кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија посебно, а и регионот во целина.

Потсетуваме на мислењето дека кога ДУИ организираше избори во последните години, тие секогаш беа слободни, демократски и меѓународно прифатени.

притисни ентер