Пендаровски на трибина во Кисела Вода: Сите заедно напред за европска иднина!

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на трибина во Кисела Вода говореше за европската перспектива, за нови вработувања и за подобар и просперитетен живот.

„Од 2016 година има нови политичари кои се зафатија да ги решаваат најтешките проблеми за да оди земјата напред. Успеваме да направиме голем исчекор. Само за две години од вистински режим дојдовме до влез во НАТО и очекуваме во јуни датум за почеток на прегорите во ЕУ. Во периодот од 2006 до 2016 година имавме најмногу иселени лица, пред се млади. Ова може да се спречи само со членство во ЕУ, со отворање нови перспективи за младите“, рече Пендаровски.

На 21 април, рече Пендаровски ќе се избира меѓу два различни концепти, едниот што го водам јас за напредок и вториот предводен од опозицијата за блокади, и враќање назад. Затоа ќе мора масовно, со излегување на гласање, да потврдиме дека сме за оваа опција која не носи напред во НАТО и ЕУ.

„ Зад мене застанаа не само 3о политички партии туку и претставници на сите етнички заедници. Мнозинството граѓани ги поддржуваат реформите на патот на земјата кон ЕУ и НАТО. Политичарите, граѓанските организации и спортистите. Сие ние имаме одговорност и треба да се обединиме со една цел, да обезбедиме подобра иднина за следните генерации“, рече Пендаровски.

Трибината со граѓаните вечерва започна со едноминутен молк за трагичната смрт на поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода, Биљана Беличанец.

Хрватска доби нова Влада- Пленковиќ го почна третиот премиерски мандат

Хрватска вечерва ја доби 16-та влада од независноста, парламентот ѝ изгласа доверба на новата, трета влада, која ќе ја предводи актуелниот премиер Андреј Пленковиќ (ХДЗ).

По целодневна, десетчасовна дискусија за поддршка на владата на ХДЗ и ДП, гласаа 79 од присутните 141 пратеник, еден воздржан, а 61 беа против, објави Индекс.

Парламентарното мнозинство го поздрави изразувањето доверба на Владата.

Претседателот и членовите на Владата потоа свечено се заколнаа пред пратениците, се обврзаа дека совесно и чесно ќе ја извршуваат својата должност, ќе ги почитуваат Уставот, законите и правниот поредок и ќе се залагаат за сиот напредок на државата.

Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада врз основа на пет приоритети: успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска.

Владата на Пленковиќ во новиот мандат најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра и отворање на 125.000 нови работни места.

Новата влада наместо досегашните 16, ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.

Пол Макартни стана прв британски музички милијардер со мала помош од Бијонсе

Пол Макартни стана првиот британски музичар- милијардер, според листата на богаташи на Sunday Times објавена денеска.

Богатството на 81-годишниот основач на Битлси се зголеми со „многу турнеи, вреден каталог и мала помош од Бијонсе“ која ја обработи песната Blackbird. Богатството на Макартни се проценува на една милијарда фунти.

Листата на Sunday Times покажа дека бројот на милијардери во Обединетото Кралство паднал на 165, од рекордните 177 во 2022 година. Дел од причината лежи во планот на владата следната година да ја прекине мерката според која жителите на Британија не плаќаат данок на приходите во странство.

Списокот покажа дека и богатството на кралот Чарлс III се зголемило за 10 милиони фунти, на вкупно 610 милиони фунти, благодарение на зголемувањето на вредноста на неговиот недвижен имот. Хемискиот тајкун Џим Ретклиф, кој претходно оваа година купи удел во фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, пронаоѓачот Џејмс Дајсон и сопственикот на компанијата Вирџин, Ричард Бренсон, поминаа помалку добро.

Нивното богатство од повеќе милијарди фунти се намали. Инвеститорот со индиско потекло Гопи Хиндуџа, вреден 37 милијарди фунти, е на врвот на листата трета година по ред.

Паразити се најдени во водоводен систем во Британија- расте бројот на заболени во болниците

Бројот на луѓе кои страдаат од криптоспоридиоза, болест предизвикана од паразит, се зголеми во Велика Британија откако паразитот е пронајден во водата на градот Бриксам.

По пријавувањето на првите случаи на зараза, властите апелираа до граѓаните да ја зовриваат водата во овој град и околните места во регионот на Девон, но денеска е потврдено дека бројот на заболени е повеќе од двојно зголемен – од 20 вчера на 46 денеска.

Според британските здравствени власти, повеќе од 100 луѓе пријавиле симптоми слични на оние на пациентите.

Повеќето од пациентите се жалеле на повраќање и дијареа.

Медиумите јавуваат дека траги од паразитот се откриени во два резервоари со вода, од кои се снабдуваат неколку населени места, откако биле пријавени првите случаи на криптоспоридиоза.

Експертите велат дека пациентите можеле да ги почувствуваат ефектите и до еден месец по инфекцијата. Тие наведуваат дека не постои „одреден третман“ и дека симптомите можат да траат со недели без можност за олеснување.

притисни ентер