Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна и поразговара со група млади луѓе во Гостивар.

Зборувајќи за досегашната работа како претседател, Пендаровски истакна дека младите секогаш имале клучно место во неговата програма, ги вреднувал и наградувал талентираните поединци, притоа поттикнувајќи ги да продолжат да творат и да се надоградуваат како личности и како професионалци.

,,Ако сакаме младите да бидат двигатели на позитивните промени во општеството, мора да создадеме услови за нивен личен и професионален развој. Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник и дека бројот 1 им гарантира просперитетна иднина дома, во татковина која ќе се развива по европски стандарди и вредности" рече Пендаровски.

Тој денеска побара поддршка од младите гостиварчани и ги повика на 8 мај да го заокружат бројот 1, за како што истакна, заеднички да го продолжат патот по кој се движи Македонија во последните неколку години и на нивните врсници да им овозможат подобри услови за егзистенција, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер