Пендаровски ќе му го врачи мандатот на Заев за нова влада напладне во вила Водно

 Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го довери мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Врачувањето е закажано за 12 часот напладне во вила Водно.

– Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме" која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопшти вчера Кабинетот на Пендаровски.

Претходно, во текот на денот, СДСМ потврди дека „се во тек сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат".

–Зоран Заев ќе биде мандатарот за состав на новата влада која ќе ја води државата напред во следните четири години. Граѓаните го одбраа концептот кој ја води земјата напред, концептот кој ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат, кон градење нова развојна економија која креира нови работни места и создава шанса за секој. Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани преку антикризни мерки со цел зачувување на работните места и одржување на бизнисите во живот, наместо ставање клуч на врата, наведе СДСМ.

Последната информација од ВМРО-ДПМНЕ околу преговорите за парламентарно мнозинство, што ја пренесе вчера партискиот портпарол Димче Арсовски откако Кабинетот на Пендаровски соопшти дека ќе му го довери мандатот на Заев, беше дека нема нови информации за разговорите за формирање влада.

– Да оставиме што ќе се случува и како ќе се развива текот на преговорите наредните денови, па ќе соопштиме дополнително, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Уставот, по доделувањето на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. /МИА.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер