Пендаровски ги посети припадниците на Армијата ангажирани на јужната граница

 Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска во Гевгелија и во Богданци ги посетија припадниците на армијата кои се ангажирање за чување и штитење на јужната граница со Грција.

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска во Гевгелија и во Богданци ги посетија припадниците на армијата кои се ангажирање за чување и штитење на јужната граница со Грција.

Пендаровски потсетувајќи дека како држава на овој дел од границата ја продолживме кризната состојба за шест месеци, а тоа во континуитет го правиме веќе четврта година, нагласи дека на брифингот со надлежните старешини било изнесено оти нема никакви индикатори за зголемување на бројката на мигранти и бегалци.

Според него, добро е што сме подготвени бидејќи ако има зголемување на таа бројка да ги пречекаме, рече, низ процедура и низ соработка со меѓународната организација за миграции.

– Како што Македонија беше една од најважните алки во тој синџир за време на големата бегалска криза на таканаречената Балканска рута и како што добивме највисоки можни оценки, најдобри квалификации за пречекот и прифатот на тие бегалци,така сме и сега подготвени ако затреба да постапиме на сличен начин, рече Пендаровски.

Врховниот командант упати пофалби до припадниците на нашата Армија и до припадниците на МВР кои работат овде веќе четврта година редовни ротации, во различни временски услови,со цел ние да бидеме безбедни и да ги чуваат безбедни нашите граници.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер