Пендаровски :Бајден има лични релации со регионот, очекуваме посилен ангажман од САД

Новата американска администрација можеби ќе биде поприсутна на Западниот Балкан. 

Она што е важно за нас е дека тимот кој го формира Џо Бајден е далеку поискусен во однос на меѓународната политика и во однос на значењето на односите со европските партнери, вклучително и со балканските држави и навистина тука очекуваме многу поголем ангажман и интерес кон Западниот Балкан, изјави во интервјуто за МИА претседателот Стево Пендаровски.

– Џо Бајден има и лични релации со овој регион, има и во времето на последните балкански војни доаѓано во регионот на различни меѓународни конференции, форуми, многумина од нас се имаат среќавано или биле на ист настан, така што мислам дека Балканот е подрачје што прилично добро е познато за претседателот, вели Пендаровски.

Додава оти е јасно дека работите на Балканот не се завршени, односно постојат неколку отворени прашања – меѓународниот статус на Косово, нефункционалноста на Босна и Херцеговина, односно Дејтонскиот договор…

На прашањето на МИА дека ако се додаде сега и историјата како услов на релација Македонија – Бугарија, Пендаровски со став дека ако се дозволи ова прашање да остане статус кво и интеграцијата на земјава во ЕУ може да остане исто така отворено прашање.

– Тоа сакав да го додадам на крај. Значи, сега, за жал, ако ова дозволиме Софија и Скопје ова да продолжи да биде во таква една статус кво ситуација, прашањето на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ тоа може да остане исто така едно прашање отворено, кое јас мислам дека влегува во поширокиот геополитички контекст на Западниот Балкан и не би смеело да се отпише само како чисто билатерално прашање на две соседни држави, кои не може да најдат разбирачка за не знам кое прашање од 19 век, рече Пендаровкски, додавајќи оти тоа има пошироки импликации.

Изрази надеж дека новата администрација од 20 јануари на Џо Бајден ќе ги препознае тие компоненти на целиот комплекс прашања, затоа што, како што вели, и во нејзиниот тим за надворешна политика и за национална безбедност има многу луѓе што имаат искуство од деведесеттите години од Балканот и луѓе што се експерти за регионот, така што многу добро знаат дека Западниот Балкан не е таму некоја периферија, која нема никакви импликации врз пошироката континентална безбедност.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.

На средбата, Павловски ја претстави работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, господинот Павловски изнесе мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

Претседателката Сиљановска Давкова го информираше Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.

Фоден прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во англиското фудбалско првенство, објавено е на официјалниот сајт на градот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Пазарната вредност на Фоден на фудбалскиот пазар се проценува на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

притисни ентер