Пеле повторно е примен во болница на интензивна нега - Канал 5

Пеле повторно е примен во болница на интензивна нега

Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, денеска е повторно примен на одделот за интензивна нега во болницата во Сао Паоло, од каде беше отпуштен претходно овој месец по операцијата на тумор.

Пеле повторно е примен во болница на интензивна нега

Операцијата била оценета како успешна, но сега има мали компликации, па бразилскиот ЕСПН известува дека Пеле бил превентивно хоспитализиран.

Моментално не е во животна опасност, но лекарите одлучиле дека е подобро да остане во болница отколку дома. Да потсетиме, Пеле беше опериран на 4 септември поради тумор на дебелото црево, кој беше отстранет, но тој се уште не е целосно опоравен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра - со Мицкоски тонеме

Секој ден нов економски дебакл на Мицкоски. Македонија буквално тоне на секое поле.

СДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра - со Мицкоски тонеме

Податоците на Народната банка за вториот квартал од годинава покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции.

Ова е втор најлош економски резултат години и години наназад.

И двата се на арамијата Мицкоски, историски најлоши.

Само 18 милиони евра странски инвестиции во втор квартал 2026 година.

Минус 100 милиони евра странски инвестиции во трет квартал 2025 година.

За споредба, во 2024 година странските директни инвестиции беа 1 милијарди евра со политиките на СДСМ.

Бајкте на Мицкоски за „трета економија“ се распрнати како меур од сапуница.

Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на криминалните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде арамијата Мицкоски.

Ова е инвестициски дебакл. Македонија тоне.

Мицкоски е премиер со најниско ниво на странски инвестиции и со најлоши економски резултати.

За само две години, ВМРО ја урниса деловната клима што беше градена со години и ја намали довербата кај странските инвеститори.

Оваа Влада ниту знае како да ги задржи постојните инвеститори, ниту има капацитет да привлече нови.

Корупциски скандали, партиски тендери и премиер арамија кој по телефон нарачува судски одлуки.

Политиките на Мицкоски со оддалечувањето од ЕУ, блокада на европскиот пат, соработка со Русија и Кина, соработка со авторитарни режими скапо ја чинат Македонија.

Ова значи помалку капитал, помалку работни места, и забавен економски раст.

Никој не сака да инвестира во држава во која премиер има арамија како Мицкоски.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на ИО

YouTube video

Скопје, 17.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

20 повредени во руски напади врз Украина - американскиот конгрес усвои нов пакет санкции за Москва

20 луѓе се повредени, меѓу кои и две деца, во последниот бран руски воздушни напади врз неколку региони во Украина..

20 повредени во руски напади врз Украина - американскиот конгрес усвои нов пакет санкции за Москва

Како што соопшти претседателот Володомир Зеленски, во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека меѓу повредените имало деца на 10 и на 12 години, а десетина биле пренесени во болница.

По американскиот Сенат, синоќа и Претставничкиот дом усвои закон за сеопфатни санкции и царини со кои треба да се зголеми економскиот притисок врз Русија.. Мерката предвидува нови санкции против руски функционери, олигарси, банки и финансиски институции, како и механизми насочени кон приходите од руската продажба на енергенси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нафтата поевтини откако Саудиска Арабија вети брза обнова на испораките

Цените на суровата нафта денеска почна да паѓа по извештаите дека Саудиска Арабија планира да врати приближно половина од капацитетот на својот нафтовод исток-запад.

Нафтата поевтини откако Саудиска Арабија вети брза обнова на испораките

Цените на суровата нафта денеска почна да паѓа по извештаите дека Саудиска Арабија планира да врати приближно половина од капацитетот на својот нафтовод исток-запад во рок од неколку дена и да го врати во целосна работа во рок од шест недели што влијаеше на очекувањата на трговците.

Цената на нафтата „брент“ утринaта падна на 104 долари за барел намалувајќи се за 1,2%.. Саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ објави дека работи на заобиколување на оштетениот дел од нафтоводот, кој неодамна беше оштетен при напад на јеменските хути, со цел да врати околу половина од својот капацитет во наредните денови, додека целосната работа би можела да се врати за околу шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер