Пеколно жешко во Сибир , измерени рекордни 38 степени

Северо-источниот сибирски град Верхојанск веројатно постави рекорд за највисока температура досега забележана во рамките на Арктичкиот круг.

Овој месец, арктичкиот дел од Русија е погоден од неверојатен топлотен бран, а Сибир буквално гори под таквата топлина, односно во тоа подрачје се регистрирани неколку илјади пожари во последните неколку недели.

Дополнително, експертите очекуваат дека овие екстремно високи температури од близу или над 35 ° C ќе продолжат до крајот на јуни, што доведува до побрзо топење на пермафростот, пишува Severe Weather Europe.

Се чини дека температурата од 38 ° C, доколку овие податоци се официјално потврдени, а која е измерена во Верхојанск, може да биде највисоката температура што некогаш била измерена северно од Арктичкиот круг.

Претходниот топлински рекорд за Верхојанск беше 37,3 ° C, а бил поставен на 25 јули 1988 година.

Верхојанск е мал руски град во источен Сибир, познат по исклучително студените зими. Градот го држи и Гинисовиот рекорд за најголем опсег од најниски до највисоки температури на Земјата, што е неверојатно - 105,8 ° С.

Сибир годинава забележа екстремно високи температури за областа. Минатиот викенд бил исклучително топол. Во саботата и неделата, на 20 и 21 јуни, попладневните температури се забележани на повеќе станици преку Арктичкиот круг во североисточен Сибир, е измерена температура од 38 ° C.

Експертите веруваат дека овој екстремен топлотен бран над Сибир ќе продолжи во текот на оваа недела, или до крајот на јуни.

Инаку, во последните недели имало повеќе од 6.000 шумски пожари во Русија, и тие уништиле повеќе од 9.900 квадратни километри шуми. Најмногу се погодени јужниот дел на Сибир, областите околу езерото Бајкал, далечниот исток и крајниот запад на земјата. Во пожарите никој не загинал или се повредил, соопштија властите.

Според руското Министерство за животна средина, 60 проценти од пожарите биле предизвикани од човек, на пример од пожари во кампови што излегле од контрола. Голем дел од тековните активни пожари се во недостапни оддалечени области. Околу 1.000 пожарникари, со помош на 30 противпожарни авиони, се обидуваат да ги стават пожарите под контрола.

Продолженото невообичаено топло време во Сибир е алармантен знак, велат научниците за клима.

Површинските температури во Сибир се за 10 степени Целзиусови над просекот во мај, така што минатиот месец во овој огромен руски регион бил најтопол од почетокот на мерењата во 1979 година, според податоците на Службата за климатски промени ,,Коперник’ (Ц3С), програма поврзана со Европската комисија.

Топлото време во Сибир се совпадна со најтоплиот мај во историјата, покажуваат податоците .

Според климатологот Мартин Стендел, температурните отстапувања во северозападниот дел на Сибир во мај би се случиле само еднаш на 100 000 години, доколку немало климатски промени, пишува Си-Ен-Ен. Но, не само што беше потопло од вообичаеното во Сибир, целиот регион има периоди на натпросечни температури на воздухот во текот на зимата и пролетта, а особено е топло од јануари, открива C3S.

„Нема сомнение дека тоа е алармантен знак“, вели Фреја Вамборг, виш научник на C3S.

Сибир обично поминува низ големи температурни разлики од месец во месец и од година во година, а во претходните години имало месеци во кои температурните аномалии биле поголеми од овие во последните шест месеци, пренесува C3S. Но, не е вообичаено да се видат такви натпросечни високи температури толку многу месеци по ред.

Русија ја забележала својата најтопла зима во 140-годишната историја на метеоролошките набудувања, објави Државниот хидрометеоролошки центар на Русија претходно оваа година.

Армијата на Конго тврди дека спречила државен удар, три лица загинале во престрелката

Армијата на Конго соопшти денеска дека рано изутрината „спречила државен удар“ и ги уапсила сторителите, меѓу кои и неколку странци, а забележано е и пукање во главниот град Киншаса, при што загинаа три лица.

Портпаролот на армијата на Конго, генерал Силвен Екенге, на прес-конференција соопшти дека обидот за државен удар бил спречен од конгоанските одбранбени и безбедносни сили и дека ситуацијата е под контрола, но не даде повеќе детали.

Покрај тоа, се судриле луѓе во воени униформи и обезбедувањето на локален политичар во неговата куќа, на околу два километри од претседателската палата и делот од градот каде се наоѓаат некои амбасади. /МИА

Сабаленка за поразот од Швјонтек: Сè уште сум среќна со резултатот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го коментираше поразот од полската претставничка Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Рим. 

Таа истакна дека генерално е задоволна од нејзиниот настап во главниот град на Италија.

- Иако работите не одеа во моја корист, сепак сум среќен со резултатот во Рим. Во првиот сет не играв многу добро и не ја чувствував мојата игра. Во вториот се обидов да бидам малку поагресивна. Имав неколку можности да направам брејк. Можеби ако ги реализирав, натпреварот ќе испаднеше поинаку. Но, јас не го направив тоа. Ќе се обидам подобро следниот пат, рече Сабаленка на прес-конференција.

Во меч што траеше 1 час 29 минути Швјонтек победи со резултат 6:2, 6:3. Првиот светски рекет ја освои својата четврта ВТА титула во сезоната и 21-ва во кариерата.

Ова е втор меч на тенисерките во последните две недели. Швјонтек и Сабаленка се сретнаа на 4 мај во решавачкиот меч на турнирот во Мадрид. Тогаш победи исто така првиот рекет на светот. /МИА

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

притисни ентер