3Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
КултураПејовски: Долгометражниот игран филм е највисока форма на изразување на еден режисер Во Кинотеката на Македонија вечер од 18 часот ќе биде прикажан психолошкиот трилер „Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски а, како што најави продукцијата „Скопје филм студио“, ќе присуствува и дел од екипата. По две и пол години од премиерата, дебитантскиот игран филм на Пејовски и натаму е присутен на фестивали.На шестиот „Balkan Florence Express“ кој деновиве се одржа во Фиренца, филмот доби награда „Балкански мостови“. Фестивалот е преглед на најдобрата и најновата продукција на документарни и долгометражни филмови од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија, а наградата им се доделува на режисерите кои пред сè успеале да ги зајакнат човековите права во своите филмови. Пред неколку дена „Три дена во септември“ ја доби наградата „Балкански мостови“ на фестивал во Италија – оценет за најдобар во регионот и тоа од филмските критичари. За што конкретно се доделува оваа награда и кажете ни нешто повеќе за фестивалскиот живот на вашиот прв долгометражен филм? Да бидам искрен, не ни знаев дека фестивалот е од компетитивен карактер. Згора на тоа, филмот е веќе три години стар, така што навистина не очекував дека ќе биде награден. Инаку, фестивалот „Balkan Florence Express“ e посветен на балканската кинематографија. Особено ми е драго што во конкуренција беа навистина подобрите филмски остварувања што излегоа од регионов изминативе години. „Три дена во септември” ја имаше светската премиера во конкуренција за дебитантски филмови на фестивалот од А категорија во Монтреал. Потоа бевме во Чикаго, Котбус, Синедејс во Скопје, Братислава, Едрене, ФЕСТ во Белград, Виена итн. Според резултатите за прифатени проекти за поддршка на конкурсот на Агенцијата за филм, ќе снимате краток документарен филм насловен „Скопскиот Феникс“. Што е темата на филмот? Се работи за краток, авторски, документарен филм, сместен во Старата скопска чаршија. Тоа е едно магично, филмско место кое мислам дека отвора широк простор за богат визуелен третман. Проектот е во развој, и сме во фаза на истражување, така што, за сега не можам да ви кажам ништо повеќе. Во овој период сте актуелен и како режисер на епизоди во трите ТВ-серии („Фамилијата Марковски“, „Преспав“, „Инсајдер“). Колку е различен овој креативаен процес во споредба со правењето филм и дали тука повеќе се наоѓате? За разлика од „Преспав” и „Инсајдер”, каде што бев режисер на епизоди, заедно со уште неколку колеги, „Фамилијата Марковски” ја работев сам, и пристапот беше малку поинаков, пофилмски. Серијата беше исклучително гледана, и драго ми е што публиката ја прифати. Секое снимачко искуство е драгоцено, запознав нови луѓе, прекрасни млади актери и филмски професионалци. Иако процесот е сличен, темпото на работа на серија и на филм е сосема поинакво. Исто така, без оглед на пристапот, и продукциската вредност на еден телевисики проект, сепак станува збор за два различни медиуми. Долгометражниот игран филм не може да се спореди со ништо, и сметам дека сè уште е највисоката форма на изразување на еден филмски режисер. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за ГренландЕвропската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук. Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаДеветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемијаУчениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.Тагови: дигитални учебници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаВозач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријаваНа 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: светиниколско Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook