3Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност
1Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
Шоу бизПејачот Лијам Пејн од „One Direction“ пронајден мртовБританскиот пејач и поранешен член на поп-групата „Уан дајрекшн“ (One Direction), Лијам Пејн вчера е пронајден мртов во дворот на хотел во Буенос Аирес, Аргентина. Музичарот имаше 30 години.Пејн наводно паднал од третиот кат во дворот на хотелот. Кусо време претходно, персоналот на хотелот пријавил „агресивен маж под дејство на дрога или алкохол“ в полиција. Лекарите потоа можеле само да констатираат смрт, соопшти полицијата. Засега нема информации дали пејачот паднал случајно или намерно. Британскиот пејач и текстописец со име Лијам Џејмс Пејн е роден на 29 август 1993. во Вулверхемптон, Велика Британија. Тој го имаше своето деби како пејач во 2008 година, на аудиција за британската телевизиска серија „Икс фактор“. Откако беше елиминиран од конкуренцијата, тој повторно се појави на аудиција во 2010 година, кога беше ставен во група со уште четворица млади момчиња кои беа основата на англиско-ирскиот поп-состав „Уан дајрекшн“ што стана еден од најпродаваните „момчешки бендови“ на сите времиња. Покрај Пејн, групата ја сочинуваа Хари Стајлс, Нијал Хоран и Луис Томлинсо. По пет албуми, поп-составот се распадна во 2016 година, а Пејн ја продолжи својата соло-кариера. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНикола Јокиќ сака да остане во Денвер, но не брза со потпишување на нов договорТрикратниот добитник на МВП наградата во НБА лигата, српскиот ас Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер, но ќе почека уште малку пред да потпише нов договор. Најдобриот НБА центар, Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер Нагетс, но ќе почека уште малку пред да потпише нов договор. Нема простор за шпекулации за евентуално заминување, туку станува збор за чист бизнис, како што и самиот изјави по победата на Србија над Босна во Белград. „Мојата идеја и желба е да останам во Денвер. Веројатно ќе потпишам следната сезона; причината е чисто деловна. Би сакал да останам во Денвер до крајот на животот, но тоа зависи од нив“, изјави Никола Јокиќ по дуелот со Босна. Никола Јокиќ ќе почека до следната година за да потпише продолжување на договорот, што би му овозможило да склучи историски договор со „Нагетс“. Како што пренесува ESPN, Јокиќ ќе има право да потпише петгодишен договор вреден 359,5 милиони долари како слободен агент во летото 2027 година. Тој договор би бил најголемиот во историјата на НБА и би ја зголемил неговата заработка на неверојатни 724 милиони долари. Јокиќ веќе има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот во вредност од околу 280 милиони долари, но чекањето до следната пауза помеѓу сезоните би му донело значително подобри услови, кои ќе ги искористи. Неговата лојалност е несомнена, но ова е шанса што не смее да ја пропушти. Популарниот Јока, речиси ја пропушти четвртата награда за најкорисен играч во кариерата, бидејќи минатата сезона имаше просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции, шутирајќи 56,9% од полето.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
ЕвропаРусија ги нападна Киев и Харков — загинаа тројца луѓе, над 20 се повредениРуски сили во текот на ноќта извршија серија напади врз украинските градови Киев и Харков, при што загинале тројца луѓе, а најмалку 22 биле повредени.Во нападот врз Харков загинале најмалку двајца луѓе, а 20 се повредени, меѓу кои и тројца тинејџери на возраст од 14 до 17 години, Харков, вториот најголем град во Украина, се наоѓа на околу 30 километри од руската граница и во текот на целосната инвазија често е мета на ракетни и дронски напади поради близината до Русија. Првичните наоди на украинските власти укажуваат дека руските сили можеби користеле ракетен систем за повеќекратно лансирање „торнадо-с“ во нападот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на Бакарот оди горе, производството од Иловица останува на нула„Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола!„Додека цената на овој метал на Лондонската берза се искачи на вредност од над 13 илјади американски долари по тон, Македонија не ги користи своите значајни резерви. Производството во постојниот рудник „Бучим – Боров Дол“ постепено се намалува поради исцрпување на резервите. Од друга страна, проектот за новиот бакарен рудник во Иловица — кој според процените би можел да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво — и понатаму е во застој. Претходно нереализирани останаа и инвестиции како онаа во Казандол, па државата во моментов нема големи количини што може да ги понуди на светските пазари. Во меѓувреме, нови истражувања за бакар и антимон се вршат на локации во близина на Крива Паланка. Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнуваат дека се залагаат за економски развој преку почитување на високи еколошки стандарди. Тие ги повикаа институциите доследно да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи, а не под влијание на надворешни фактори. „Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи“, наведоа од иницијативата. Додека домашните проекти се соочуваат со низа административни и социјални пречки, ММФ оценува дека глобалните кризи извршиле сериозен притисок врз пазарот. Конфликтите предизвикале најмногу да поскапат бакарот (за 29,5 проценти) и алуминиумот (за 29,8 проценти). Во својот извештај насловен „Глобалната економија во сенка на војната“, Фондот предвидува дека овој тренд ќе продолжи. „Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали... Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда“, се наведува во анализата на ММФ. Покрај бакарот и алуминиумот, големи предизвици се појавуваат и кај ретките земни елементи. Поради ова, од ММФ упатија директен апел до владите ширум светот да промовираат комплементарни структурни реформи кои значително би ги поедноставили процедурите за издавање дозволи за рударство и би ги поттикнале неопходните инвестиции во металургијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook