Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
Шоу бизПејачката со брада го освои Евросонг!Бројни контроверзи предизвика самата појава на Кончита Вурст ( во превод Кончита Колбас) на евровизиската сцена. Кончита или Том не можеше да престане да плаче од благодарност за 12-ките од повеќето европски држави кои и го донесоа првото место на изборот на песна на Евровизија во Копенхаген. Со 290 поени таа однесе убедлива победа. На второ место беше Холандија а на трето Шведска.Нетипичниот Австриец Том, или нетипичната Австријка Кончита ( една личност) успеа да ги собере најголемиот број поени од повеќе европски земји. Медиумите пишуваат дека пред настапот на Евровизија Кончита водела вистинска кампања на промоција на својата песна. Публиката ја пееше 'Rise Like a Phoenix' со неа. Кончита за себе вели дека е полово неутрална. „Јас не сум жена. Всушност дома сум еден мрзлив маж. Мојот лик е наменски осмислен. Сакам на сите да им покажам дека се е можно кога во нешто верувате“, вели Кончита, кој (а) за својата песна вели дека е метафора на животот што го живее. - Не е лесно да се биде геј во мал град, но се воздигнав од пепелот - вели Кончита. Појавата на „жената со брада“ предизвика жестоки реакции од Русија, Ерменија, Белорусија... - Самиот пренос на изборот е навреда за Русите. Учествувањето на иста сцена со тој травестит и хермафродит на иста сцена со руските изведувачи е хомосексуална пропаганда и духовно пропаѓање - порача Виталиј Молонов кој бараше руските претставници да не одат во Копенхаген. Во Русија и Белорусија се потпишуваа петиции да се извади австрискиот настап од преносот, што не е дозволено според евровизиските правила. „Транссексуалецот под името Кончита Колбас е победник на Евросонг 2014“ пишува „Dnevne.rs“. - Настапот на Кончита Вурст (во превод колбас) ја разбранува јавноста - пишува порталот. - Кончита е всушност Томас но низ живото оди како жена. Конита е травестит кој редовно се облекува во женска облека, но од брадата не се откажува“. И во самата Австрија имало широка дебата дали да с едозволи Кончита да ја претставува земјата. Голем број уметници но и политичари сметале дека тоа ќе биде срам за Австрија. - Чудно е како малку влакна на лицето можат да предизвикаат таква возбуда - реагираше мирно Кончита на критиките. По победата почна да се шири дилемата - дали победи песната или крајно невообичаениот изглед на изведувачот. Што мислите вие? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook