ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
2ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЖивотПејачка ја “навредила“ реката Нил, па добила шест месеци затворЕгипетската поп пејачка Шерин Абдел Вахан осудена е на шест месеци затвор бидејќи на концерт во Обединетите Арапски Емирати се пошегувала на сметка на реката Нил, изјавувајќи дека квалитетот на водата во Нил е лош, соопштија правосудни извори.Судот во Каиро ја осудил на шест месеци затвор Шерин Абдел Вахан, која инаку е многу популарна во арапскиот свет, поради тоа што “ширела лажни информации“ и “го нарушила јавниот ред“, пренесува францускиот весник „Монд“. Осудената има право на жалба, со кауција од 230 евра. Пред неколку месеци, на социјалните мрежи објавена е видео снимка од нејзиниот концерт во ОАЕ, каде еден од обожавателите ја замолил да испее еден од нејзините хитови, песната под името „Дали сте пиеле вода од Нил?“. „Би добил билхарзија. Посигурно ти е да се напиеш “евиан“ вода“ – одговорила тогаш пејачката, зборувајќи за болеста која ја предизвикуваат паразитските црви во некои од слатките води. Синдикатот на музичките уметници соопштил дека после тоа на пејачката и забраниле настапи во Египет. После настанатата полемика, популарната, но понекогаш контроверзна пејачка Шерин Абдел Вахан се извинила поради шегата. Нил, инаку е чувствителна тема во Египет, земја го стравува за своето снабдување со вода откако Етиопија изгради голема брана, додека преговорите меѓу Египет и Етиопија, како и со Судан, на оваа тема тапкаат во место. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
КултураДвојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во НикшиќПрвенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026. Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи. Во образложението на жирито се истакнува: „Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“ Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ. Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ. Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања. На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери. „Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57