Пејач се сплетка среде концерт и остана да виси, од тимот не гледаат дека му треба помош(ВИДЕО)

Пејачот Крис Браун остана да виси во воздух за време на дел од неговата изведба на „Under the Influence“ за време на концертот во Њу Џерси.

Обожавател го снимил незгодниот момент и објави дел на TikTok каде пејачот, иако виси, продолжува да ја изведува песната како сѐ да е нормално, пренесува Page Six.

@terriem89 Replying to @Bee he was def trying to signal he was stuck… #chrisbrown #prudentialcenter #nj #1111tour #fyp #fypage #foryou ♬ original sound - Terrie

Браун лебдеше над арената неколку минути, обидувајќи се да ѝ даде на својата екипа суптилни знаци дека е заглавен. Меѓутоа, дури подоцна членовите на тимот го спуштија со скала. Концертот продолжи со нормален тон, но ѕвездата по инцидентот се скара во некој од екипата. Пејачот делуваше многу вознемирено, а како што пренесуваат медиумите, тој подоцна на публиката ѝ кажал дека е лут.

@terriem89 chris brown gets stuck... This man was hanging for a long ass time before anyone realized he was stuck 😩 #chrisbrown #prudentialcenter #malfunction #1111tour @chrisbrownofficial #fyp #fypage #foryou ♬ original sound - Terrie

„Овој човек долго време висеше пред некој да сфати дека е заглавен“, „Многу професионално го извлекоа“, „Како едноставно виси како бесна самовила“, коментираат обожавателите на социјалните мрежи. Инаку, Браун минатата недела ја започна својата турнеја „11:11“ и повторно се најде на удар на критики поради минатите контроверзни настапи.

Многумина го нарекоа агресивен минатата година кога ја фати за грло ѕвездата од „Love Island“, Наталија Зопа додека ѝ пееше. Но, Браун мисли дека луѓето го мразат уште откако ја нападна својата поранешна девојка Ријана во 2009 година.

Дејвис неколку недели во аут поради повреда

 Новиот член на Далас маверикс, Ентони Дејвис се очекува да пропушти неколку недели поради истегнување на мускулите. Тој се повреди на дебито за Далас.

Извори на „ESPN“ велат дека отсуството на Дејвис може да трае и повеќе од еден месец.

Дејвис ја заработи повредата во третата четвртина од саботниот натпревар против Хјустон, откако за 31 минута запиша 26 поени, 16 скока, седум асистенции и три блокади. Тој го играше својот прв натпревар за тимот по размената со Лука Дончиќ, што беше наидено на критики од многу навивачи на клубот.

Триесет и едногодишниот Дејвис најпрво ја намали загриженоста на навивачите уверувајќи дека повредата не е сериозна.

Тој претходно ги пропушти последните пет натпревари - три со Лејкерси и првите два со Маверикс поради истегнат стомачен мускул.

Скијачот Мирко Лазаревски со безрезервна поддршка од Видеолотарија

Мирко Лазаревски ќе се бори во квалификациите на СП во скијање во Австрија

Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка за Мирко Лазаревски за неговото учество на квалификациите за СП 2025.

Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија со огромно задоволство ја продолжува поддршката за нашиот истакнат македонски скијач, Мирко Лазаревски. Со оваа поддршка овозможуваме негова подготовка и учество на квалификациите за Светското првенство 2025. Мирко ќе се натпреварува во дисциплините слалом и велеслалом.

Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поттикнува кариерата на еден од нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот скијачки спорт. Ние сме горди што можеме да бидеме дел од неговиот пат кон ова светското првенство. Уверени сме дека неговата посветеност и труд ќе донесат големи успеси како за него, така и за Македонија.

Мирко Лазаревски ќе се натпреварува на СП во Залбах, во Австрија од 14 до 16 февруари. Тој изразува силна благодарност до тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, што го препознава и верува во неговиот потенцијал.

Лазаревски има значајни достигнувања во националните и меѓународните натпревари, пред ова најново соочување. Тој е најдобариот македонски скијач во неговата возрасна категорија. Мирко веќе учествуваше на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.

Хонг Конг најави забрана за електронските цигари на јавни места

 Хонг Конг ќе го забрани поседувањето и користењето електронски цигари на јавни места до средината на 2026 година, а тамошните власти наведуваат здравствени причини.

„За да ги заштитиме нашите млади луѓе, веруваме дека е време да се забрани употребата на електронски цигари“, рече локалниот здравствен службеник Ло ​​Чунг Мау.

Тој додаде дека ќе започне процесот на донесување законска регулатива против поседување и користење електронски цигари на отворено.

Најавата доаѓа речиси три години откако Хонг Конг го забрани увозот, производството и продажбата на електронски цигари и загреани тутунски производи.

притисни ентер