Многумина од нив се жалат на болки во зглобовите, главоболки, дехидрација и гадење. Во некои случаи, пријавен е осип што се проширил на рацете и нозете.
Најмалку 50 луѓе, претежно деца, починаа од треска, а стотици биле примени во болница во шест области во источниот дел на Утар Прадеш. Сите биле тестирани за „Ковид-19“, но ниту еден тест не бил позитивен.
Лекарите од неколку погодени области веруваат дека главната причина за смрт е денга треска, вирусна инфекција која се шири со каснување од комарец, наведува Би -Би -Си.
Се вели дека кај многу хоспитализирани пациенти биле измерени низок број на тромбоцити, крвни клетки кои помагаат во згрутчување на крвта, што е карактеристично за потешка форма на денга треска.
„Пациентите, особено децата, умираат многу брзо во болниците“, рекла за Би -Би -Си Нета Кулшрешта, раководителка на здравствениот систем во областа Фирозабад, каде минатата недела починале 40 луѓе, меѓу кои 32 деца.
Денга треската е тропска болест која ја пренесуваат женските комарци и стотици години циркулира во Индија. Повеќе од 70% од случаите на денга се регистрирани во Азија.
Постојат четири вируси на денга, а смртта од инфекцијата е пет пати поголема кај децата отколку кај возрасните.