Пецас: Се надеваме дека Франција е расположена да направи чекори за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Се надеваме дека и Франција е расположена да направи чекори кои ќе одведат до подобар резултат на следниот Европски совет во март.

Тоа го рече заменик министерот под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, во однос на ЕУ перспективата на Западен Балкан, со оглед на тоа дека проширувањето ќе биде една од темите на утрешната средба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничата на МИА од Атина, дали Мицотакис ќе се обиде да го убеди Макрон да го промени ставот за Македонија и Албанија, земајќи ги предвид француските позиции од една и грчките иницијативи за поддршка од друга страна, Пецас рече дека Мицотакис ќе ја презентира грчката позиција и изрази надеж дека Париз ќе направи чекори кон подобар резултат на следниот Самит во март.

-Мислам дека е уште една можност да ја покаже волјата на Грција, координирано да одиме напред со проширувањето со земјите од Западен Балкан, бидејќи ова е во интерес и на овие земји, но и на самите земји. Ќе ја презентираме оваа рамка и се надеваме дека и од она што го видовме во претходниот период, оти и Франција е расположена да направи чекори кои ќе одведат до подобар резултат на следниот Европски совет во март, рече Пецас.

Грчкиот премиер утре заминува за Париз, а на средбата со францускиот претседател ќе стане збор за темите поврзани со ЕУ, за билатералните прашања, за меморандумот меѓу Турција и Либија, како и за проширувањето на Европската унија.

Мицотакис, од Париз ќе замине за Брисел каде што во вечерните часови ќе има работна вечера со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. /МИА

Турк вознемирен од третманот на пропалестинските протести на американските универзитети

Тој додаде дека „мора да биде јасно дека легитимното практикување на слободата на изразување не може да се меша со поттикнување насилство и омраза“.

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека е „вознемирен“ од острите акции преземени од американските безбедносни сили за време на обидите да ги растераат пропалестинските протести во универзитетските кампуси, пренесоа британските медиуми.

-Загрижен сум што некои од акциите на органите за спроведување на законот на голем број универзитети изгледаат непропорционални во нивното влијание, рече Турк во изјавата испратена до новинарите, осврнувајќи се на апсењата и санкциите против студентите.

Тој додаде дека „мора да биде јасно дека легитимното практикување на слободата на изразување не може да се меша со поттикнување насилство и омраза“. /МИА

Нетанјаху најави напад врз Рафа со или без договор за прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафа, град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци.

Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафа за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор“.

Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на огнот, како и ослободување на последните заложници од Газа.

Нетанјаху вети дека ќе постигне „тотална победа“ во војната што започна на 7 октомври, но се соочува со притисок да не започне офанзива во Рафа.

Израел смета дека тој град е последното големо упориште на Хамас. /МИА

Нов протест на приватните специјализанти

Приватните специјализнати паузата ја искористија за протести. Тие ги повторија барањата зголемување на доходот како и добивање на здравствено и пензиско осигурување. 

Тие работат и кажаа дека и за празниците ќе бидат исто така дежурни во клиниките.

Поддршка специјализантите добија денеска и од професорката Маргарета Балабнова Стефанова која вели дека ова што се случува е апурсдно и мора да се направи добра страгетија за специјализациите и исто така кадрите да не заминуваат надвор од Македонија. Таа вели дека големиот корен од дрво што стои во дворот на клиниките треба да е симбол на медицинскиот кадар.

Приватните специјализанти најави дека секој работен вторник ќе протестираат во кругот на интерните клиники.

притисни ентер