Димитриевски ги соопшти условите за евентуална соработка со СДСМ ИЛИ ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски, ги испорача своите услови за евентулни пост-изборна соработка со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ.

Од актуленото раководство на СДСМ бара оставки во рок од 24 часа и повлекување од пратеничките листи на носителите и коносителите за да не се спасуваат од одговорност со имунитет. Во тој случај, рече подготвени се да разговараат со преодно раковдство на СДСМ, врз основа на крушевските и асновските вредности.

Со ВМРО-ДПМНЕ рече, се согласува околу ставовите против уставни измени и несоработката со ДУИ, но за евентулани разговори побара претходно одговор од партијата дали имаат договор со поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев за некаква пост-изборна соработка.

Полицијата ја претресе куќата на атентаторот на словачкиот премиер

Словачката полиција изврши претрес во домот на мажот обвинет дека тешко го ранил премиерот Роберт Фицо, кој се уште е во болница на одделението за интензивна нега, објавија локалните медиуми.

Според снимките на ТВ каналот Маркиз, истражителите го однеле осомничениот напаѓач, облечен во панцир и шлем, во станот што го дели со неговата сопруга во градот Левице.

„Полицијата помина неколку часа во станот, оттаму го зеде компјутерот и документите“, објави приватниот ТВ канал.

Полицијата одби да го коментира текот на истрагата и не сака да го открие името на осомничениот, но медиумите го идентификуваа како 71-годишниот пензионер Јурја Цинтулу.

Тој вчера беше обвинет за обид за убиство и напад кој полицијата го смета за „политички мотивиран“.

Премиерот Фицо беше нападнат завчера кога сакаше да ги поздрави насобраните на крајот од владината седница во градот Хандлови, на 80 километри од Левице. Фицо веднаш бил пренесен во болницата во Банска Бистрица, каде му била извршена петчасовна операција.

Новоизбраниот претседател Питер Пелегрини вчера рече дека премиерот се уште е во тешка состојба. Тој најави и дека во понеделник ќе заседава лекарскиот одбор за да одлучи за продолжување на лекувањето.

Нападот ја шокираше Словачка и ги поттикна стравувањата од натамошно насилство во високополаризираната земја, само неколку недели пред европските избори. /МИА

Гвардиола за мечот за титулата: Ќе биде тешко, како со Астон Вила пред две години

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очекува многу тежок натпревар против Вест Хем во последното коло од Премиер лигата. 

На „граѓаните“ им е потребна победа на „Етихад“ во недела за да ја обезбедат четвртата титула во низа во домашното првенство.

Сепак, Пеп е подготвен за еднакво тежок меч како што имаше тимот во последното коло против Астон Вила пред две сезони. „Граѓаните“ тогаш заостануваа со два гола разлика до 69. минута, но направија целосен пресврт и на крајот завршија со бод пред Ливерпул.

-Имам чувство дека ќе биде исто како со Астон Вила пред две сезони. Ќе сакаме да бидеме 3:0 до десеттата минута, но тоа нема да се случи. Гледав доволно натпревари на Вест Хем. Имаат неколку оружја што треба да ги контролираме бидејќи во спротивно ќе биде многу тешко. Имавме два дена да се подготвиме и подготвени сме. Јас лично сум подготвен за тежок натпревар. 11-те играчи на Вест Хем ќе сакаат да не победат. Како Астон Вила пред две сезони. Тие не играа за џабе, но знаеме што се случи. Мораме да бидеме подготвени од првата минута и да го направиме тоа заедно со нашите навивачи, истакна Гвардиола на прес-конференција.

Пеп додаде дека сè уште не е сигурно дека Кевин де Бруин ќе биде подготвен за неделната пресметка.

-Ќе видиме денес. Вчера играчите се одморија. Ќе тренираме денеска и ќе видиме, истакна тренерот. /МИА

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна посета на Хеликоптерската единица за посебни намени и Хеликоптерската единица за полициски намени кои функционираат во рамки на Одделот за воздухопловни единици.

Како што соопшти МВР, во рамки на посетата од страна на раководството, министерот бил запознаен со структурата, делокругот на работа, како и специфичните проблеми со кои се соочени како на краток, така и на долгорочен план, а биле презентирани и опремата и хеликоптерите со кои располага Министерството за внатрешни работи.

-Во моментот Одделот е целосно подготвен да одговори на различни предизвици како што се гасење на пожари, спасувачки мисии, превоз на ВИП личности, носење на подвесен товар, како и медицински транспорт. Главен проблем е недостатокот на пилотски и технички кадар кој е многу специфичен и редок на пазарот на труд и што е можно поскоро треба да се преземат сериозни мерки и реформи во насока на надминување на овој проблем со цел да не се доведе во прашање функционирањето и постоењето на оваа многу важна организациска единица, истакнал Тошковски.

Исто така, како што додал министерот, хеликоптерите кои ги поседува МВР се технички застарени и сè потешко станува нивното сервисирање, поради што неминовна е потребата од сериозна набавка на нови хеликоптери со што ќе се направи и унификација на флотата заради поефикасно и поекономично функционирање во иднина, согласно меѓународните стандарди и технолошки дострели кои наоѓаат широка примена во современото полициско постапување.

-Од тие причини потребно е да се направи темелна анализа и да се преземат соодветни стратешки чекори насочени кон долгорочно зајакнување и зголемување на полициските капацитети во овој дел, нагласил министерот Тошковски при денешната посета.

притисни ентер