Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград
1Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
РецептиПавлова торта со јагоди и боровинкиПавлова е елегантен и лесен десерт, познат по својата крцкава кора од белки и шеќер, а внатре мека и воздушеста текстура. Во комбинација со нежен млечен шлаг и свежо овошје, оваа торта е вистинско задоволство и совршен избор за сите пригоди. Состојки: 4 белки 200 грама шеќер 1 рамна лажичка оцет или сок од лимон Малку ванила 1 рамна лажица густин/ нишесте За кремот и декорацијата: 250 мл слатка павлака (млечна) 1 лажица шеќер во прав 300 грама свежи јагоди и боровинки (или овошје по избор) Подготовка: Белките оставете ги најмалку еден час на собна температура. Потоа матете ги со миксер додека не почнат да се згуснуваат. Додадете го оцетот или лимонот, па постепено, во неколку наврати, додавајте 150 грама од шеќерот, постојано матејќи, додека не добиете цврста пена. Преостанатите 50 грама шеќер измешајте ги со густинoт и додајте ги во смесата со белки. Матете додека не се добие густа, мазна и сјајна маса. На хартија за печење исцртајте круг со пречник од околу 20 см. Распоредете ја смесата во форма на торта. Ставете ја во рерна загреана на 180°C, веднаш намалете на 150°C и сушете ја кората околу 60 минути, внимавајте да не ја промени бојата. По печењето, малку подотворете ја вратата од рерната и оставете ја кората целосно да се излади. Таа ќе спадне и ќе се напука – тоа е нормално и пожелно. Изматете ја слатката павлака, додајте го шеќерот во прав и матете уште кратко, додека не се соедини убаво. Изладената кора ставете ја на тацна. Одозгора ставете го шлагот и распоредете го насекаде, потоа врз шлагот распоредете го овошјето. Павлова тортата е најдобра кога е свежо подготвена. Лесна, воздушеста и освежителна, обично исчезнува за многу кратко време. Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗаврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград Рекордни околу 4,5 милиони граѓани или 70% од запишаните во избирачките список, излегоа на гласање на денешните вонредни парламенатрни избори во Србија.. Гласачките места се затворија во 20 часот и во тек е броењето на гласови.. Првичните резултати се очекуваат околу 22 часот... Во меѓувреме во центарот на Белград полицијата распореди големи полициски сили со околпни возила за разбивање на демонтрации... Таму е Михаило Донев.. Михаило, има ли некакави навестувања дека Белград го очекјува немирна ноќ, или тоа е само превентивна полициска активност? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВолво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни местаАкциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра. Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина. „Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон. Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет. Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување. Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година. Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината. Тагови: Волво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во СрбијаШефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат. Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес. Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook