Павлопулос: Уставна ревизија за членство во НАТО и EУ

Грчкиот претседател Павлопулос очекува земјава да ги направи уставните измени, како што е договорено со Спогодбата од Преспа.

Во спротивно повтори дека нема никакви изгледи да поддржат членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Павлопулос ова му го соопшти на германскиот претседател Штајмаер, кој од денеска е во дводневна посета на Атина.

-Како што јасно кажавме и е позиција прифатена и од Европската Унија и од НАТО, треба нашата соседна земја да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а пред сѐ во нејзиниот Устав. Според тоа, очекуваме да го исполни тоа. Само кога конечно ќе заврши целиот овој процес и штом се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции за кои говорев претходно, тогаш ќе може да постои покана за членство во НАТО, како и било каков почеток на разговори, во однос на пристапниот процес наа ПЈРМ во Европската Унија. Исто така, само тогаш ќе може да се финализира и содржината на Договорот меѓу Грција и ПЈРМ и да дојде за ратификација во грчкиот парламент, рече Павлопулос.

Германскиот претседател Штајнмаер за договорот од Преспа говореше на средбата со грчкиот премир Ципрас. Го пофали за како што рече „исклучително храбриот потег“и изрази надеж дека Договорот ќе се реалзиира и покрај исходот на референдумот.

-Дојдов тука за да ја искажам мојата почит за особено храбриот напор што го вложивте за да постои договор со ПЈРМ, со соседната земја, кое што беше исклучително смел потег од ваша страна и многу жалам што резултатот од референдумот не даде конечно решение. Големото мнозинство од оние кои излегоа на гласање, секако беше за овој Договор, го поддржа, но сепак не беше доволно ова мнозинство. Се надевам дека големите напори што беа вложени, нема да бидат залудни, рече Штајнмаер.

Ципрас говорејќи за Договорот, оцени дека тој е „модел за помирување помеѓу два народи кои сакаат да живеат мирно, без потценување на историјата и идентитетот на другиот, храбар чекор кој придонесува за стабилноста на Балканот и пошироко во регионот ".

- Особено на Балканот направивме еден смел, храбар чекор со Договорот од Преспа. Верувам дека овој Договор е модел на разбирање меѓу два народи, кои сакаат да живеат мирно, без едниот да ги потценува историјата и идентитетот на другиот. Храбар чекор кој верувам дека придонесува за стабилноста на Балканот, но и во поширокиот регион- изјави Ципрас.

Денешната е втора посета на Грција на Штајнмаер во последната една и пол година.. во фокусот на разговорите беа германско - грчките односи, економското закрепнување на Грција, бегалскиот проблем, како и претстојните евроизбори.

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

притисни ентер