Патувачката изложба „Патот на Сефардите" од денеска во Велес - Канал 5

Патувачката изложба „Патот на Сефардите" од денеска во Велес

Патот на Сефардите" или „Патот на Евреите од Шпанија" е изложба која попладнево беше претставена во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев" во Велес. 

Патувачката изложба „Патот на Сефардите" од денеска во Велес

На изложбата, на 20 големи паноа со фотографии во боја беа прикажани градови во Шпанија каде што живееле Евреите Сефарди.

Изложбата ја презентира Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, а во реализација на шпанското здружение „Каминос Де Сефарад".

Како што појасни за МИА Жаклина Муџева од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите, целта е публиката да се запознае со животот на Евреите во Шпанија, да ја видат прекрасната архитектурата и се' она што ги имале како нематеријално и материјално кутурно наследство.

-Овие фотографии претставени на изложбата се убав колаж од животното секојдневие на Евреите Сеферди во Шпанија. Изложбата била претставена во големите европски градови па и Јапонија. Изложбата ја добивме преку Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје по повод 25 години од нејзиното отворање во земјава, а премиерно беше отворена лани ви јули во Скопје, рече Муџева.

Најголем дел од Евреите кои живееле во Македонија до Втората светска војна се Сефарди од Шпанија,а само две семејства се Ашкенази кои се по потекло од Германија и Полска.

Како пример за нивното повеќевековно присуство во земјава, Мурџева посочи дека многу градби кои ги има во Шпанија како некои мостови се многу слични како мостовите во Кратово, и други архитектонски градби од шпанските градови кои ги има и во земјава.

По Скопје, Штип, Струмица, Гевгелија, Неготино и Велес, патувачката изложба на Евреите Сефарди од Шпанија ќе биде претставена и во Гостивар и Битола./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер