3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотПатријарх Вартоломеј: Неприфатливо е да се негира стварноста на пандемијата на Ковид-19Уште повеќе провокативно е кога таквите ставови се изразуваат од страна на христијани, често и од клирици. Пандемијата го промени социјалниот живот, нашето секојдневие, нашето учество во животот на Црквата и целиот овој период нѐ трогнуваат страдањата на безброј ближни луѓе и ни остава впечаток самопожртвуваноста на лекарите и болничарите, па затоа е неприфатливо, наспроти толку жртви и толкава болка, да постојат луѓе кои ја негираат стварноста на пандемијата, сметајќи дека таа е творба на некакви кругови, вели вселенскиот патријарх Вартоломеј во интервју за атинскиот весник „То Вима". – Уште повеќе провокативно е кога таквите ставови се изразуваат од страна на христијани, често и од клирици. Тие не се грижат за заштитата на ближниот човек. Отфрлањето на маската и на сите мерки за заштита не доаѓа едноставно од незнање, туку од умртвување на љубовта внатре во нив. Кога науката отвора благопријатни перспективи за иднината на човештвото, таа претставува дар од небото. Нормално е дека не е засегната нашата вера тогаш кога ги следиме упатствата на стручните. Ниту ограничувањето на учеството во богослужбите го намалува значењето на храмот и на она што во него се извршува за животот на верниците. Заштитните мерки не се насочени против Црквата. Тие ги заштитуваат верниците, кои, како и сите други, еднакво се изложени на вирусот, нагласува патријархот. Тој потенцира дека ќе се вакцинира против коронавирусот, бидејќи како што вели тоа му го налага и неговата возраст. – Припаѓам на возрасната група што треба да се вакцинира. Но, не е само прашање на потреба или избор, туку и одговорност кон ближниот човек. Затоа се надевам дека наскоро ќе се вакцинира најголемиот дел од светското население, за да запре ширењето на убиствениот вирус. Секако, дотогаш сите сме должни со точност да ги пазиме заштитните мерки, како не би оплакувале повеќе жртви, потенцира Вартоломеј. Поглаварот на Вселенската патријаршија во интервјуто се осврнува и на доделувањето на томосот за автокефалија на Црквата во Украина и неговите односи со Руската православна црква. – Украинската автокефалија беше акт на одговорноста на Мајката Црква наспроти милиони наши православни браќа и сестри што се наоѓаа, без нивна вина, надвор од Црквата. И секако не беше, како што навредливо ѝ припишува руската пропаганда, одработување за политички цели или геополитички интереси, вели патријархот. Тој потенцира дека во однос на украинското прашање постапил исто како и во останатите случаи на доделување на автокефалија и го следел вековно востановената црковна пракса на Православието. – Пред да ѝ додели автокефалија на Украина, Константинопол им имаше доделено автокефалија на девет други помесни цркви. Денес, секако, некои го негираат овој непобитен факт од лични причини. Сите кои ги негираат правата и одговорностите на Вселенската Патријаршија, во суштина ги негираат и сопственото постоење и идентитет, самиот збир на Православието, додава патријархот. Тој потсетува дека Руската православна црква има „различен поглед по однос на украинското прашање", но потенцира дека прекинот на односите на Московската патријаршија со Вселенската и со другите православни цркви кои ја признаа автокефалноста на Црквата во Украина не претставува раскол во Православието. – По наша проценка, тоа беше погрешен чекор на сестринската Црква во Русија. Така што, повторувам, раскол во Православието не постои. Постоеше еден проблем. Цели три децении Москва демонстративно се правеше слепа за трагичната состојба во Украина. Во суштина таа го спречуваше изнаоѓањето решение за да не ѝ избега од контрола Киев, кого го имаше отцепено од Црквата на Константинопол, искористувајќи ги условите и состојбите на тогашното време. Доделувањето на автокефален статус на Црквата во Украина од страна на Вселенската Патријаршија, значи, беше не само еклисиолошки и канонски точно, туку и единствено реалистично справување со проблемот, изјавува Вартоломеј. Тој потенцира дека не е потребвно никакво чекање или оджување сеправославни собири, туку сите православни цркви треба да ја признаат украинската автокефалност. – Значи, да зборуваме отворено. Во стварност, проблемот не е украинската автокефалија, ниту наводните непостоечки или невалидни хиротонии во украинската јерархија, на кои некои се повикуваат тенденциозно. Целта е да му се одземат овие уникатни одговорности на Константинополскиот трон и да преминат во други раце. Така, разбирате дека од мојата положба јас не можам, од една страна, да ги отфрлам моите одговорности, кои ги имам наследено, преку актите на Црквата, од моите претходници и, од друга страна, бидејќи и тоа е моја одговорност, да го дозволам ова духовно свлечиште на оние кои флертуваат со федерализацијата на Православната Црква, според протестантски терк, наведува патријархот Вартоломеј во инетрвјуто за „То Вима"./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 8. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 8. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место. Кариера Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа. Здравје и совет Делата се поважни од зборовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците. Кариера Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата. Здравје и совет Знаете што ви е потребно за да бидете здрави. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се. Кариера Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете. Кариера Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата. Здравје и совет Немојте да се противите . Овен 21.3-20.4. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност. Кариера Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат. Здравје и совет Бидете искрени кон себе и кон другите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка. Кариера Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем. Здравје и совет Емотивна нерамнотежа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора. Кариера На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува. Здравје и совет Спасот е во работењето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува. Кариера Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно. Здравје и совет Држете се до законите. Лав 23.7-22.8. Љубов Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право. Кариера Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се. Здравје и совет Мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро . Кариера Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат. Здравје и совет Јадете повеќе зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте. Здравје и совет Намалете ги калориите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook