Пат на Марс од кој нема враќање

Холанѓанецот Бас Лансдорп го претстави проектот Марс Еден за кој собира пријави на заинтересирани да отпауваат на Марс и таму да се населат!

Пред патувањето пријавените ќе учествуваат во своевидно шоу по примерот на Големиот брат за да се соберат финансии, и во 2023 да отпатуваат на Марс.

Во меѓувреме пред камерите тие ќе поминат обука за технички науки, механички поправки и произведување на храна.

Холандскиот милионер тврди дека до сега за патот до Марс без враќање се пријавиле 8 000 луѓе.

Тој за Би Би Си изјави дека постои технологија луѓето да се испратат и да преживеат на Марс но нема начин да се вратат.

Лансдорп тврди дека на проектот се работи веќе две години, а во тимот има астронаути, добитници на Нобелова награда, советници од НАСА и инвеститори и спонзори од целиот свет!

Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

Видео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. 

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата).

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина

Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина за злоупотреба на службена положба.

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ, информираат од МВР.

- Имено, истиот на 04.08.2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје, стои во соопштението од МВР. На тој начин пријавениот, се вели во соопштението, го оштетил буџетот на општината за износ од 662 илјади денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

притисни ентер